Добро.
Ај сега се ова напиши ми го од недуховен аспект т.е. од логички.
Ај:
- Бог Е надлогичен,
- Бог Е творец на се‘ видливо и невидливо,
- Бог внесол ред (закони) според кој постои живата и неживата материја,
- Бог не подлежни на законите кои Он самиот ги создал,
- Бог нема ништо заедничко (!) со створените нешта, освен „отисокот„ во човекот во облик од разум и слободна волја,
- ние сме 100% зависни од Бог,
- законите во физичкиот Свет важат само во физичкиот Свет,
- законите во духовниот свет важат само во духовноста, ретко и во материјалноста,
- логиката е корисна само за разумните битија, како што е човекот, и таа (логиката) не важи и за другите живи битија, уште помалку важи за неживата материја,
- логиката е човечки „производ„, односно начин на осознавање вистини од страна на човекот во однос на неговото опкружување,
- човекот битисува во т.н. отпаднатост од Бога, т.е. битисува во својата огревовена и смртна природа, и во таква состојба на битисување/постоење, човекот не е способен да осознае ниту една посложена вистина, уште помалу да осознае некоја возвишена вистина од духовна природа,
- Бог ни го остави/пренесе Неговото учење кое само по себе е “нелогично„, затоа што е неприфатливо за најголемиот дел од луѓето кои, како што напишав претходно, битисуваат во својата огревовеност,
- Божјото учење не е од овој Свет, ниту е наменето за битисување во овој Свет, туку подготовка за „оној„ свет, т.е. за вечноста, во која (вечност) секоја логика губи смисла,
- човекот „фабрички„ наследува една дузина болести (суетност, гордост, похотност, острастеност...) кои не му „дозволуваат„ на човекот да се занимава (и) со духовност,
- во своето огревоено битисување, човекот е насочен исклучиво на битисување на материјално/телесно ниво* и ограничувањата кои материјалиот Свет ни ги наметнува и не ни дозволува да се насочиме (и) кон Бога Творецот...
Доволно?...