Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 28: @Justae Verum - Феминизмот претставува една од најголемите измами на модерното општество)

Феминизмот претставува една од најголемите измами на модерното општество.

  • Се согласувам

  • Не се согласувам

  • Воздржан

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Иначе, да бидеме реални, никој странец нема да те управува. Нив ги интересира само профит. Крадење и правење богатства, експлоатација на природни ресурси и слично.
А нашиве не?
 
Не. Сиромашни се сите во соседството и имаат иселеници исто ко и ние. Ама од нив не сум слушнал да си посакаат да им се укине земјата.
Тоа е она што е стварно труло овде.
Тебе изгледа само у гз ти влага, у памет никако.

Не е темава да се укинеме туку дали заслужуваме. Ти најмалку заслужуваш држава со правење јак на интернет од Виена.
 
Е така де. Најгласни. Нашите иселеници. Нашите иселеници 80% се со бугарски, како тоа ги погледнуваш во очи? Дали твојот дедо Сокле сега се врти ко рингишпил во гробот. Башка и педер. Ех, Сокле, што дочека..

Ти многу претпоставуваш. Исселен сум со македонски. А за тоа како Мариовец би гледал на хомосексуалност мислам дека и тука сме различни пошто ние сме буквално Аргеади избегани во планините, само и само за да не се мешаме со Грци. Аргеад беше и тој шо ви виси 40ет метри на плоштад. И верувал или не - не сум единствен човек со мариовско потекло кој е хомо.
Не би разбрал и 100 пати да ти објаснам.

Ајде сега укини ја Македонија и живеј среќно со некое од соседните ѓупски племиња, нив ги бива поќе.
Автоматски споено мислење:

Ти најмалку заслужуваш држава со правење јак на интернет од Виена.

Јас пак ќе се осврнам на соседите. Како што веат тие Српски знамиња по Виена и се мотаат само меѓу своите, по екс Ју клубови. Така правам и јас. Колку и да ти звучи чудно - пак не сум различен од соседите.
 
На латиница не сум пишувал. За граматика не ми е гајле, пошто секако и приватно зборувам на дијалект.

Тоа што од економски причини сум исселен незначи дека мајка ми и татко ми не биле Мариовци, а со тоа и јас самиот.
Впрочем таткоми, баш сега последно во Македонија ми рече дека сум личел на Сокле - прадедо кој се борел на Кајмакчалан против бугарите. Пошто не личам на никој во фамилијата и секогаш беше енигма на кој сум личел.
И штом ми го кажа ова, ми текна ко бев дете прабабами беше уште жива. Беше тивка и не зборуваше со никој, над 90ет години. Кога ме виде мене, прво ми речи биди мирен опинок (немирен по мариовски). Сите се чудеа дека зборна. А после се насмевна и ми рече - калеш. (убав по мариовски).

Ова ме чини Македонец. Моите гени. Ако не ти чини економски, иссели се и ти. Запознај овде исселеници од соседните земји. Па тогаш ќе дознаеш зошто нашите исселеници како и секогаш за се биле најгласни.

Однапред се извинувам за секоја печатна грешна која ве навреди. Постовите не ги ни препрочитувам за да видам дали се точни ил не.
Можеш да бидеш најголемиот Македонец по гени, но ако не живееш тука, ти не си директно инволвиран во одржувањето на државата во живот.

Ако дедо ти Сокле се борел на Кајмакчалан за Македонија, а татко ти се борел во 2001 за да ја одбрани, ти си единствениот во таа низа што придонесува за државата преку тастатура од странство во 2026 година. Најлесно е да си најгласен со туѓи жртви и туѓи коски, додека ти самиот си избрал да плаќаш даноци на туѓа држава.
 
Тие ја бранеја. Ако зборуваме за економија, јас сум тој кој вложил во мојата земја. Епа сега види ти.
Мариовците ја бранеја Македонија - пред да се иселат насекаде по светот. А татко ми исто има работено во Австрија ко млад, вратен е само ради мајка ми.
Не држи ова вода.
 
А нашиве не?

ти збориш за колонијализам. Нешто што е исфрлено пред 50 години. При такво нешто 90% од профитот иде кај главниот. Пример бугариве робови на СССР. Бугарот викал да не е возов, на рамо ќе треба житото да им го носиме. Да се ставаш у таква подредена состојба со сила зошто овде краделе е глупост.
 
Нема ниски удари, само фактичка состојба.
Ете според тебе ако македонците не заслужуваат држава, како па ние да се чувствуваме со вас кога едно малцинство протестира за ослободување на убијци, а друго урла се заканува со тепачки зошто им биле одземени возилата зошто немале возачка. А истовремено и двете користат од даноци на мнозинството.
Затоа вие како малцинство, најмалку треба да внимавате кога давате вакви мислења, а веќе кога ќе го кажете, да не не обвинувате за ниски удари кога ние сме претпазливи околу вас.
Ќе си ги процесуираш оние што се закануваат со насилство и палат гуми. И тоа е просто. Ако не ги процесуираш, докажуваш дека ова е територија, а не држава. Составен дел на државата е и јавната власт. Дури и тоа ти е аргумент минус во твоја полза.

И пак, слободно со ниските удари, не се лутам, баш напротив, слатки се.
 
Тие ја бранеја. Ако зборуваме за економија, јас сум тој кој досега најмногу вложил во мојата земја. Епа сега види ти.
Мариовците ја бранеја Македонија - пред да се иселат насекаде по светот. А татко ми исто има работено во Австрија ко млад, вратен е само ради мајка ми.
Не држи ова вода.
Има огромна разлика меѓу тоа да праќаш девизи од Австрија и да го живееш македонското секојдневие. Твоите пари не ни го прочиствуваат воздухот, ниту ни ги средуваат судовите, училиштата и болниците.

Секоја чест на дедо Сокле, сигурна сум дека не ја замислувал Македонија како место во кое неговите внуци ќе праќаат пари за да имаат право да паметуваат преку тастатура.
 
Јас не паметувам. Туку сум научил дена несакам да сум ничиј протекторат без разлика колку лошо ми оди во животот. Тоа е се. Пошто никој не е подобар од мене. Потврдено од искуство.
 
Можеш да бидеш најголемиот Македонец по гени, но ако не живееш тука, ти не си директно инволвиран во одржувањето на државата во живот.

Ако дедо ти Сокле се борел на Кајмакчалан за Македонија, а татко ти се борел во 2001 за да ја одбрани, ти си единствениот во таа низа што придонесува за државата преку тастатура од странство во 2026 година. Најлесно е да си најгласен со туѓи жртви и туѓи коски, додека ти самиот си избрал да плаќаш даноци на туѓа држава.

Сликовито:

IMG_6771.jpeg
 
Јас не паметувам. Туку сум научил дена несакам да сум ничиј протекторат без разлика колку лошо ми оди во животот. Тоа е се. Пошто никој не е подобар од мене. Потврдено од искуство.
Се е тоа убаво, ама иронијата е што ти го пишуваш ова додека работиш и живееш во туѓа држава и градиш туѓ систем.
 
Јас не паметувам. Туку сум научил дена несакам да сум ничиј протекторат без разлика колку лошо ми оди во животот. Тоа е се. Пошто никој не е подобар од мене. Потврдено од искуство.
Ти во моментов не си ни протекторат. Ти си имигрант што арбајтн во друга држава, придонес имаш за друга држава.

Главна цел у животот ти е европски пасош на друга држава, па макар требало и да се откажеш од македонскиот.

Или имаш бугарски а се правиш луд.
 
Би гласал ЗА да бидеме протекторат на САД.
...Америка само за себе е ветена земја све друго што би било протекторат би било само тло на цицање и користење на сите ресурси, медицински експерименти, вистински паразит кој ќе ја уништи, не знам зошто не ја знаеш позадина на некои држави во ЕУ, па и Украина каде има метастаза на уништување како држави на таков позадински протекторат, а пред параванот сите среќни се ракуваат на поставени идилични фотографии за помош и напредок што те лаже и тебе со желба да САД биде наш апсполутен газда.
 
Не знам колку време помина од темава, ама никако да разберат луѓево дека темата е за КОНТРОВЕРЗНО МИСЛЕЊЕ, а тоа не значи дека мора да се оствари напишаната теза или дека е реалност. И не мора одма напади према креаторот на тезата (признавам и јас во пар наврати го направив ова), може да си дадете свое гледиште и да гласате на анкетата.

Конкретно околу темава, не се слагам со Муд, ама го сфаќам што сака да каже и мислам дека грешно ја има поставено тезата. Ваљда сака да каже дека ние не сме способни да водиме држава што впрочем се докажува од 1991 до ден денес, па затоа под контрола на странци би функционирале подобро. Ова не значи ропство, не значи диктатура, него само надзор и правила од некој надворешен фактор пошо ние самите не знаеме како треба. Ако претпоставив точно тогаш се слагам со Муд.
 
ти збориш за колонијализам. Нешто што е исфрлено пред 50 години. При такво нешто 90% од профитот иде кај главниот. Пример бугариве робови на СССР. Бугарот викал да не е возов, на рамо ќе треба житото да им го носиме. Да се ставаш у таква подредена состојба со сила зошто овде краделе е глупост.
Како е колонијализмот исфрлен, не разбирам. Пишав погоре, има 8 држави кои и ден денес имаат преку 50 прекуморски територии со кои раководат. Тоа се територии кои во секој поглед се независни, настапуваат самостојно секаде, ама се водени од овие 8 држави. Што значи - нивни колонии.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom