Блам држава

Не ,не ми даде ништо.Никој не ја негира депортацијата на 7.144 Евреи.
Дај ми извори за 25.000 жртви убиени од Бугарите.
Затоа што вашата комунистичка пропаганда за сè ги обвинува Бугарите.
Па повели ,даj ми извори за :
1. Колко са убиени од бугарите?
2.Колко са убиени од германски трупи (Вермахт и СС): Германците контролирале клучни области и биле одговорни за репресија, егзекуции на заложници и депортација на македонски Евреи во логори на смртта. Тие спровеле казнени операции против села за кои се сомневало дека ги поддржуваат партизаните.?
3.Колко са убиени од Италијански трупи: тие го окупирале западниот дел од денешна РСМ . Учествувале во битки со локалните групи на отпор и во репресии во нивната окупациска зона?

4. Колко са убиени од Бали Комбетар (Balli Kombëtar):Албанска националистичка организација која дејствувала во западните делови припоени кон „Голема Албанија“. Тие вршеле етничко чистење, убиства и палежи на села со неалбанско население?
5. Колко са убиени од српските четници, лојални на Дража Михајловиќ (Југословенска армија во Татковината), тие дејствувале главно на север и североисток,тие убивале партизани и цивили обвинети за соработка со комунистите или окупаторите?

6.Контракети- главно членови на ВМРО. Вооружени одреди од локални жители организирани од бугарската полиција за борба против партизанското движење?

Повели ..
1771719814833.jpeg
1771719870030.jpeg
Еве ти скапаницо една.
 
Да не се разбереме погрешно, има многу потенцијал за соработка со Бугарија и потенцијал да се градат здрави меѓу-соседнски односи. Постојат многу културни блискости меѓу секој народ на балканот, па и меѓу нас. Мал регион сме, мали нации, и во интерес ни е да движиме/се развиваме заедно.

Но, проблемот е што во моментов во Бугарија има изразена про-фашистичка струја која сака да ревизира историја, шири омраза кон македонците и негира културен идентитет/автономност на Македонија. Тој шовинистички пристап го рѓосува односот меѓу нас и придонесува до градење високи ѕидови меѓу двете нации. Фактот е: Бугарија овде остави пустош и на крај ја изгуби војната, падна под капа на СССР и стана нивен сателит. СР Македонија имаше свои маани, но да се тврди дека истата имала 10 пати повеќе жртви и опресија од про-фашистичка Бугарија во втора светска како окупатор е благо кажано, навредливо.

За да се гради добар однос, прво мора да се покаже почит. Без почит, не одиме никаде.
 
Што е Василиja...?
Бидејќи сака да одговара на прашања со песни, има по една за секој пазар::D

1.

2.
 
Откако е основната денешната држава Грција и нејзините планови за „мегали„ држава, проширувана кон „исток„ и кон „север„ и откако е основана денешната држава Бугарија и нејзините претензии за ширење кон „запад„, односите од тие две држави кон Македонија се константа...

Очекуваш нешто да се промени кај нив?...
 
Последно уредено:
Откако е основната денешната држава Грција и нејзините планови за „мегали„ држава, проширувана кон и„исток „и кон „север„ и откако е основана денешната држава Бугарија и нејзините претензии за ширење кон „запад„, односите од тие две држави кон Македонија се константа...

Очекуваш нешто да се промени кај нив?...
Коректно мислење. Не очекувам ништо искрено, појма немам. Али во интерес им е и на нив, а и на нас, а и на остатокот од земјите во регионот да се де-балканизираат (да одат повеќе кон соработка одколку цепкање). И да сакаат да се шират, немаат со кој, пола нација им е иселена. Западна Бугарија е пустелија (кој во Британија, кој Германија, Шпанија). Може да има луѓе со претензии, али тие не се реално-остварливи. Зборот ми е, мали риби сме цел регион, ни паѓа популација секоја година и системите ни се трули. Во интерес ни е (без разлика на историја, и други глупости) да соработуваме на долги стази и да идеме во здрава насока.

Ако Германија и Франција своите историски разлики (што се многу повеќе обемни) можат да ги направат нерелевантни и да се фокусираат на економија, образование и безбедност, тогаш не гледам зошто нашиот регион неможе да стане прагматичен и да работи во свој интерес. Нормално, за тоа да постои мора да има меѓусебна почит и паметни лидери.
 
Големите и јаките држави непрекидно изразуваат и практикуваат освојувачки походи по Светов и токму на таа основа стан(ув)аа територијално големи и јаки.

Малите држави го практикуваат истото, ама на „помал размер„, обично насочени кои своие послаби соседи, за разлика од големите и јаките, кои освојуваа цели континенти.

Небитно е тоа што кај нашите соседи населението им се намалува, битно е дека државните стратегии од тие соседи се исти веќе со векови...

На пример, за јужните ни цигани би било најдобро да не постоиме, дури и да не бидеме дел од нивната територија, а источните ни татари би сакале да сме „интегрирани„ во нивната држава.

Германија и Франција имаат „ратувано„ со векови, а тоа што денес се „као„ блиски е производ од притисокот кој САД го извршија практично врз сите европски држави после Втората Светска, преку наддржавните структури познати како ЕЕЗ/ЕУ и ОТАН.
 
Големите и јаките држави непрекидно изразуваат и практикуваат освојувачки походи по Светов и токму на таа основа стан(ув)аа територијално големи и јаки.
Тоа е фер гледиште, али немора да значи дека територија под дифолт значи сила. Земи ја Русија на пример. Има територија најголема на планетава, а како економија е послаба од една Италија што е педа земја во споредба. Квалитетот на државно управување е скромен. Има потенцијал за развој али е многу назад. Голема држава сама по себе не значи дека е јака, едноставно значи дека е голема административна единица, но не зборува за квалитетот на животот внатре во државата и генерален просперитет. И обратно, имаш земји што се мали, а имаат индекс на развој што е висок (долготрајност на живот, БДП по жител, и тн) и се од безбедносен аспект солидни.

Се разбира, покомплицирани се работите во реалност, али зборот ми е, потребите на луѓето се менуваат. Често територијални походи се користеле за избегнување домашно незадоволство со владеење (Цар Николај и Јапонија или Цар Луи и Британија). Дома страдаат луѓе, и ги користат војните за канализирање незадоволство подалеку од круната.
 
Ако веќе релативизираме, тогаш „ништо не мора да значи ништо„.

Ете, САД се голема и јака сила, а колку пати „киднаа„ од изгубени војни (Виетнам, Кореја, Ирак, Авганистан...) без да признаат дека изгубиле?

Да, територијата сама по себе не е доказ дека и државата на таа територија е јака, ама кога веќе ја спомена Русија, која има се‘ што и‘ е потребно (освен „јужно воќе„...) и која е предмет за мајтап („имаат се‘, а пак се клошари„...), без притоа да се земе во предвид и нивниот традиционален менталитет (за непоседување материјално богатство, или модерно кажано „висок стандард„...), не значи дека Русија е слаба држава , иако може да биде потполно поинаква, т.е. да стане слична на богатиот „запад„.

Стратегите од државите не ги носи „обичниот„ народ, туку „елитите„ на власт, кои проектираат дејства и намери за повеќе децении однапред. Тоа што „повремено„ им се случува „народ на улиците„ е повеќе последица од лошото владее „по дома„ а не проста забава за рајата, која треба да се тргне од улично изразеното незадоволство и да се втурне во уште една (бесмислена) војна, за да може рајата да има со што да се „забавља„.

Значи, Русите не се „назад„, туку се поинакви од „западњаците„ по мноштво мерила.
 
Screenshot 02-22-2026 21.53.50.pngScreenshot 02-22-2026 21.48.22.pngScreenshot 02-22-2026 22.09.46.pngScreenshot 02-22-2026 22.08.45.png
Screenshot 02-22-2026 21.47.33.png

... додека не се превземе нешто од постирање на социјални мрежи све и свешто, клевети, лаги и ширење на говор на омраза, новата Влада ќе има проблеми, џабе не е народната „Десет пати кажана лага, 11 пат ќе ја прифатат како вистина“.

... разгледував конкретно на овој профил каде има толку следачи, кој тоа постира и пишува, овие горе наведени се феик профили, ниту постојат такви личности, а фотографиите се злоупотребувани земени кој знае од каде, а се постирани разни ситуации и случувања поставени наопаку и во погрешен контекст, да се заведе погрешно македонскиот народ и да се оформи погрешно јавно мислење, колку ниско падна СДСМ да се занимава со вакви работи, човек да се разочара!

Screenshot 02-22-2026 23.01.11.png

... користејќи го социјалниот простор за ширење на омраза и клевети и лаги, туку и со помош на ВИ си поигруваат со луѓе кои моментално се на чело на државата и ја преставува Македонија надвор од неа, ако има вакви циркузанти низ социјални мрежи кои не се санкционирани ниту цензурирани во нивно пишување, тогаш зошто некој би ги почитувал истите надвор, кога не ги средуваат сопствените непријатели внатре!

Screenshot 02-22-2026 22.05.53.png

... но разгледувајќи ги сите фејк непосточеки профили, наидов на двајца реални постирачи на ова социјална група која и’ наштетува само на Македонија со нејзиното постоење и клевети, за жал пак се доаѓа до СДСМ партијата и двајца нивни членови од Кавадраци,

Screenshot 02-22-2026 22.04.44.pngScreenshot 02-22-2026 22.02.56.png

дали тие се актери на сето ова и сами си постираат со фејк профили, само тие си знаат, но додека државата не ги среди овие активности што се шират на социјални мрежи, да се донесе закон што може или што не може да се пишува, ќе имаат големи проблеми, како се сеќавам на луѓе од ФБ на свој профил напишан збор двосмислен против тогашната власт, следниот ден од дома го земале на разговор во полициска станица, сега вака све е распрдено и дозволено, не ги повторувајте грешките на инертно седење и јавно правдање, државата треба да делува брзо и ефикасно против сите тие кои и’ мислат лошо!
 
Последно уредено:
Ех да ти го имам слободното време..
...па што седиш на форумов и наутро и преку ден :toe: сакаш да ти ги соберам часовите колку си тука? немал тој слободно време кххкх кхх кхх како би се накашлал џонтра волта! :love:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom