- Член од
- 16 ноември 2013
- Мислења
- 8.670
- Поени од реакции
- 14.079
Се согласувам скроз, генерално фудбалот е паднат секаде. Парите што се даваа за суперѕвезди сега за просеци и исподпросечни играчи се даваат. Суперѕвезди нема. ПЛ има доста кеш и пак не успеваат да направат ништо, другите лиги пола играч не можат да купат, катастрофална е ситуацијата.Искрено нај досадна сезона од кога пратам. Дали 5 утакмици имам изгледано.
Се е решено, се знае шампионот, се знае кој ќе испадне, па дури и за ЛШ се знае бидејќи на крај ПЛ ќе има 5 претставника. На крај еден само од јаките ќе испадне во битката за ЛШ, а ништо чудно и Астон Вила да го лапнат.
Арсенал не е ич доминантен, ги тепаат слабите, киксаат против јаките. Начекаа сезона кога сите се во фаза на транзиција, менуваат играчи. Додека кај нив составот е граден со години. Нешто како годината кога Лестер освои, кога сите беа со нов тим.
Во Европа доминираат годинава бидејќи фудбалот е паднат бајги. Еден Тотенхем, завршија како 4ти, а во ПЛ не знаат кај тераат. Сити, Ливерпул, Челзи сите се со лоша сезона во ПЛ, а надвор во Европа се во топ 8, зошто другите не ги бива. Тоа што уште сега ПЛ им избега бајги на другите лиги во поени кажува колку фудбалот е паднат.
Главни фаворити за ЛШ се Арсенал и се освен шампион за нив е неуспех.
Мој заклучок, Арсенал е најдобар колектив моментално, ама во било која друга сезона они ќе останеа без трофеј.
Да беше пред неколку години, Сити и Ливерпул ќе ги доминираа.
Пред доминацијата на Сити, Јунајтед и Челзи ќе ги доминираа.
Во Лш, покрај Реал, Барса и Баерн немаше да писнат.
Пред тоа немаше да писнат од Јунајтед и италијанските екипи.





