Терање сеир звучи бесцелно, јас сум вери мач инте(р)ншнл како него. Го влечам за нос за сите да повеќе прочитаме и поднаучиме од него, пред да одлучи пак да се отчекира од форумот и го искористи слободното време на нешто продуктивно. Секој еден од сто да беше трудољубив како Лестер во земјата сега навистина ќе бевме Сингапур. Мојата цел е на крајот на темата е да го прашам да ми е животен ментор и инвеститор во мојот стартап за да се прошири и тука, но не, вие сакате да зборите за истите ЕУ и бугари во устав муабети по тринаесетти пат на темава. No one can make you feel inferior without your consent бeјб. Треба да особено важи за унија во залез.
Хахахахахам фала друже, не сум толку паметен, само рмбач, за жал не научив да правам дубари и да јадам лесни пари

А за отчекирање не си далеку од тоа, за кратко ќе ме снема пак.
Терање сеир звучи бесцелно, јас сум вери мач инте(р)ншнл како него. Го влечам за нос за сите да повеќе прочитаме и поднаучиме од него, пред да одлучи пак да се отчекира од форумот и го искористи слободното време на нешто продуктивно. Секој еден од сто да беше трудољубив како Лестер во земјата сега навистина ќе бевме Сингапур. Мојата цел е на крајот на темата е да го прашам да ми е животен ментор и инвеститор во мојот стартап за да се прошири и тука, но не, вие сакате да зборите за истите ЕУ и бугари во устав муабети по тринаесетти пат на темава. No one can make you feel inferior without your consent бeјб. Треба да особено важи за унија во залез.
Попопоооо.
Нема спас од Боро Марлборо.
Како бомба одекна веста на 11 јули 2018 година под сомнение за шверц на цигари уапсен е тогаш актуелниот градоначалник...
lider.mk
Хахахаха, прво пред да избришам напишав ако ти гледаш олку себично јас од инает гласам против, па го допишав козата муабетот како шега. Останал сентиментот низ постот сепак.
Јас мислам дека даночен рај е последно што треба да пробаме пред да изгасиме светло, како hail mary. Тоа што сме во НАТО не е потребната гаранција за да некој избере трет свет земја да намалува данок, а и зошто ако веќе други од вас набројани земји тоа подобро веќе го хендлат. Плус не може да ја ефтино заобиколуваш ЕУ. Не е само Гугл од Ирска. Инаку не сакаш да прифатиш изгледа сам себеси какви олеснителни бенефити имаат добивано поголемите странски компании што постоеле или постојат за да политичарите можат на вести да се пофалат за привлекување странски инвестиции. Твојата прогресивна идеја е мачкина кашлица ако удриш таму груба математика. А и не дека јас сум нешто со краток видик, само сметам дека не смеам да давам ум кога не живеам таму, па затоа се фокусирав на твојот затскриен мотив за да има нешто да зборам, оти дефакто постои. Ама ништо лично кон твоите кози навистина, ако нешто, ми е мило што слушам друга страна која ме тера да си ја предизвикам својата, но сепак сметам дека приватизирање на тоа што останало е последната шајка. Омен. Твоите предлози се презимаат од точка на зрелост како земја а не од точка на очај. Тоа е разликата дали ќе станеме Ирска или како некој од островите иако опкружени со копно, каде се регистрираат компании кои немаат намера да инвестираат назад, оти никогаш не биле во тоа заради тоа, туку… ај знаеш.
Македонското “да му умре козата на комшијата” имало во мене. Толку ли претерав за вака да ме навредиш. Извини, знам сам си го барав ама не олку…
Ако го препрочиташ мислењето, ќе сфатиш зошто го сфатив како такво. Се додека целото општество има корист од промените, барем јас никогаш не сум сфатил зошто луѓето се фокусираат на индивидуалци и како тие ќе имале ќар, или зошто воопшто да имале. Апсолутно секој ќе има бенефит ако се раздвижи економијата и шанса да фати проекти, тендери, клиенти. Многу луѓе нема да се согласат, но лично го сметам за позитивен периодот на господинот Груевски, може да се лутиме колку сакаме за тоа што украле пари, но кој работел пред овај период, знае дека буквално редовна плата се сметаше за успех, а не пак да имаш избор на фирми, или да бараш К-15, хтз опрема и тн.
Приватна администрација може да биде само бенефит споредено со дувлото што го имаме во моментов. Нели филозофијата е дека 20% од луѓето во корпорациите ја работат 80% од работата (Pareto Principle). Кај нашата јавна администрација мислам дека 2% од луѓето ја работат 98% од работата, така што се што би се подобрило на тоа поле е ќар за сите.
Државата е апсолутен хаос. Не е дали живеам таму или не. Ете, јас можеби се уште плаќам данок таму, но и да дојде ред да не плаќам, сите имаме семејства, роднини, пријатели што се уште се таму. Небитно каде сум и дали би се вратил, секогаш ќе ми биде од интерес таа земја да биде подобра од тоа што е. На крајот на денот, од патриотска гледна точка, само таа држава ја гледам како своја. За неа фамилијата моја има дадено жртви во секоја можна војна наназад, за жал дури и апла близок роднина и во 2021-ва.
Од аспект на функционирање, и како бизнис и како индивидуалец, се уште имам потреба да обновувам документи, имам имот, имам недвижности таму, апсолутно се е нефункционално. Во Централен регистар ме влечкаат 3 месеци за нешто што овде го средив за 4 минути преку интернет. Адвокати, сметководители, правници, општинари, се е упм. Секој чита различно, секој прави различна документација. Пред скоро време требаше да искеширам 1200 евра за еден ебан документ, оти првиот адвокат не го внел и не ни осеќал дека требало да го внесе во изјавите. Заедно ги седнав со тој од Централен регистар да го читаат законот, 10 минути се расправаа и ништо не се среди. На крај пак ебан јас, оти требаше да платам за да се преправа повторно по желбите на тој новиот вработен. Преку такво ми се тамошните драми. Магистрирав и по право и по економија и по се од читање и препроверување на се што прават, оти нема една обична работа да не испадне килава и без главоболки. Апсолутно се е како со газот да го фаќаат.
Од тоа што го гледам таму, мислам дека не сме далеку од светлото. Се обидувам да не сум преголем песимист, но споредено со пред 10-тина години, мислам дека работите само одат надолу. Даноците не се проблем да се платат, ама ако се користат правилно. Не да се плаќаат неписмени бараби што само кочат прогрес, не да се горат пари за перење и местење тендерчиња, додека сите други рмбаме од утро до мрак. Не да се качуваат на глава малцинства и да не брукаат и пред свет и пред се (еееј, сакал државата да му дозволи да вози без возачка дозвола, ќе тепале полиција ако им земела возило а во криво се, другите ќе правеле пролетна офанзива или што ти знам). Сите овие гомненици се од таа ЕУ интеграција и гомната што ги прифаќаме во последните 3 децении.
Ако прочиташ внимателно, ќе видиш дека доколку има пенали и слично, јас не би ја запрел апликацијата. Само би оставил толку неспособни миниони да го водат процесот, што европјаните ќе се молат самите да не избришат од листата на чекање, тие не ебаваат преку бирократија, ние ќе ги ебаваме со неспособни бирократи од наша страна. Кога немаш што да изгубиш, можеш да одиш и да ги дупиш со тврд став дека ништо не менуваш, едноставно ќе биде како релаксиран проект за куропецање.
Плус, имај во предвид, ако не сме способни да ископираме и да направиме tax heaven, уште помалку ќе сме способни да истуркаме ЕУ проекти, дури и кога би влегле таму. Знаеш и самиот дека ЕУ не дава пари без транспарентна документација, детални буџетирања, физибилити и какви не студии, детални проекти и планови, усогласени институциии и слично. Ние сме банда без команда, апсолутен хаос е во секоја можна институција, да видам не верувам дека ќе успеат да направат документација и за поедноставни проекти, а не пак за посериозни.
И така, цел свет не смета за нечесни и преваранти, затоа и ја дадов идејата дека треба да одиме во таа насока. Немаме кадар и капацитет за да ја истуркаме интеграцијата, а да бидам искрен, ниту народ што треба да биде дел од ЕУ. Назад сме со еволуција, народ што уште фрла ѓубре во река или што се тепа да паркира по тротоари и не му смета да живее во депресивни, мизерни услови, не треба да биде на иста маса со тие што го поминале тој дел. Вака барем ќе можеме да искористиме и да направиме кеш со тоа што ќе им бидеме измеќари од финансиски аспект. Win win, тие ќе заштедат на даноци, ние ќе подобриме економија со не многу ум, па да се надеваме дека парите ќе не опулат малку со тек на време. Инаку, заебана е работата.