Не треба да се игнорира и релативизира ова што се случува во САД, се уште се работи за сила број 1 чие влијание е огромно и која обликува што се случува во светот.
Трамп не е случајност, не е ни моралниот пад како во америка така и во светот. Се објавуваат списите на Епштајн, и што? И ништо, се тече како до сега. Трамп одамна изјави дека може да убие некого на сред улица и да не одговара. Докажува дека е тоа точно.
Она што е во тек е преземање на власта од одредени кругови, олигархија која нема никакви морални начела ни скрупули. Нивна цел е преземање на целокупната моќ прво во амарика па во цел свет, или во дел од светот, како што се договорат со другите сили. Овај ИЦЕ не е само за бркање имигранти, тие стануваат колатерална штета на еден многу поширок и поголем план.
План кој веќе е разработен од Путин, Орбан и слични. Единствена разлика е што Трамп је забрза работата, можеби и премногу, така да може да падне.
Ако не, тогаш постоји веројатност истата книга да се случи и во европа. Не треба да се заборави уште една работа - дека една од целите на НАТО беше да ги разоружа европските држави и да ги спречи да војуваат помеѓу себе. А кога ќе се растури, тогаш....