Според која логика би плаќал некој 25 евра секоја година да влезе во држава што со Југо ќе ја извозиш за 2 саати од крај до крај во било која насока, кога ЕУ што ти е скоро цел континент со 27 држави ќе наплаќа 20 евра на секои 3 години (ETIAS)? Исто толку од прилика чини и британската (ETA) за 2 години валидност. Американската ESTA е малку поскапа, 40 долари за 2 години валидност исто. Значи нашава верзија би била најскапа на свет мислиш у тајните архиви на Ватикан влегуваш.
И како би земале пари од дијаспората кога најголемиот дел од нив имаат македонско државјанство? Вакви давачки се вообичаено за туристи, немам слушнато за било која земја да бара пари од свои државјани за влез во својата држава. Ако ставиме 25 евра за и така малкуте странски туристи, брзо ќе загубиш повеќе отколку што би наплатил (само од Гевгелија на пример).
Ако е целта дијаспората да помогне на државата, сигурно има подобри начини од ова.