Финансиска неписменост е ова, а најстрашно е што истата е изразено присутна кај оние што ги бирате да ве водат. Реалноста е дека многу мал дел од населението зема минимална плата, веќе нема кој да работи, и дојдено е до тоа само редовното појавување на работа да се смета за успех.
Дополнително, и синдикатите и Владата треба сериозно да се запрашаат зошто цените на храната, енергенсите и другите основни трошоци се на ова ниво. За многу производи, цените во странство се слични или дури и пониски, а платите таму се пет пати повисоки. Тоа јасно укажува дека проблемот не е во платите, туку во немањето сопствено производство, слабата продуктивност, недоволната механизација и автоматизација, како и високите маржи и профитерството на одредени субјекти вклучени во целиот процес.
Не е лошо малку да се намалат акцизите на увоз, искрено не гледам што точно се штити таму. Тоа би овозможило модернизација на возниот парк и механизацијата, како и отворање увоз на кинески возила и опрема или од каде и да има поевтина алтернатива. Сигурно ќе бидат подобри од 60 години стари Тафе, Фергусон или Шторе.
Не е лошо да се мотивира производството на храна, но не преку субвенции каде што само се перат пари на хартија, туку преку субвенционирање на реално продадено производство, според количина и квалитет. Исто така, субвенциониран производ не треба примарно да се извезува, туку да остане на домашниот пазар. Ако веќе сите плаќаме за да се мотивира производството, логично е тоа производство да остане во државата. Паралелно, треба да се зголемат и рестрикциите за тоа што смее да се користи и прска, за храната да биде поздравa.
Истото важи и за струјата. Наместо правење бизниси со фотоволтаици и препродажба по повисоки тарифи, потребно е струјата повторно да се третира како јавен интерес и да се инвестира во мрежата, за да нема хаос и проблеми. Ако се погледне секој сегмент одблиску, ќе се види дека некој постојано печати пари, а сите други ја плаќаат цената.
Не е лошо ни факултетите да почнат да произведуваат пописмен кадар, наместо да тераат приватни бизниси, исто и средните училишта. Реалноста е дека се што излегува од клупа е функционално неписмено. Првите две години во фирма е речиси бескорисно, и дури и минимална плата е премногу, без разлика дали може да преживее или не.
Зголемувањето на платите и печатењето повеќе пари нема да го решат проблемот, туку само ќе го продлабочат. Некој, некаде, мора да ги покрие тие трошоци. Нема бесплатен ручек. Проблемите лежат на друго место.
Истото важи и за приказната со увоз на странска работна сила. Таков кадар ќе има се повеќе и ќе работи за пониска плата од нашите луѓе, бидејќи во земјите од каде што доаѓаат, платите се околу 100-200 евра месечно. За тие луѓе, ние сме Германија. Исто како што наши одат да се сончаат на фритеза за минималец во Германија, работна позиција која возрасен Германец не би ја ни погледнал, во западните земји тоа се работни позиции за 15-16 годишни деца.