Да, ради тоа што сеуште се млади и се склони на туѓи влијанија користејќи го интернетот. Следење на идиотски трендови, ТикТок предизвици, Инфлуенсери кои создаваат лажна слика за секојдневието кои го прикажуваат со своите сториња/рилови.
Истотака тука има не голема, туку огромна одговорност и родителот кој само за "мир во куќа" му дава мобилен на детето во рака... Не е финтата само да го направиш 5 минути, туку треба и да го израснеш да биде човек, да го подготвиш или да му го трасираш патот за понатаму во животот, а не тоа да го прави некој крлеж/крлежка (не знам кој е женски род од овој збор јбг

) од инстаграм/тикток кој единствена цел му е како да заработи пари од инфлуенсерството.
ИСтотака многу родители ради некои нивни лични причини (читај:лечење комплекси) ги користат нивните малолетни деца за некое лајкче плус, или ако се повеќе популарни да соберат некое кешче за рекламирање на некој спонзориран производ. Одвратно во најмала рака.
Друг пример за користење прееемногу социјални мрежи од најрана возраст без контрола од родителите, е начинот на однесување и откако ќе наполнат 18 години... Ќе го земам за пример ултра мега гига лигавото однесување на Александар Динев кој често ми се појавува по социјалниве мрежи...знам дека сега некој ќе ме цитира со hehe brat toj kolku pari napravi, kakvi pichki ebel ti tolku vo zhivot nemas pominato hehee, ама не е тоа темата, туку тој со неговиот начин на однесување (кој е популарен и превземен од западниве лџбт воук инфлуенсери) остава многу лош впечаток кај младинава. ЛИ-ГА-ВЕ-ЊЕ.
Работам со колеги родени 2004/05/06, иако знам дека сеуште се зелени во главата (и ние сме биле нели, не одрекувам), страшно е да се гледа колку од нив се заапани во тоа мобилните, и социјалните мрежи.