Треба ли да се укине електронскиот систем „Мој термин“?

А можда треба малку да се ограничат и вработувањата во странство, барем за дефицитарни професионалци како што е нашиот медицински кадар кој е реално добро поткован и теорија и пракса.
Да ги врати сите пари од школување кон државата па да може да оди надвор. Оти се повеќе фалат овие кадри, ќе се угуши самиот мед. систем.
Вакво нешто за Албанија имам прочитано, мада со симболични суми.
 
Не сум за укинување, но сум за ревизија на системот.
Да бидеме реални, 2026 година е, мора да има централизиран електронски систем за закажување прегледи и следење историја на пациентот. Не знам дали и сега постои таква можност, но јас би го отворила системот и за пациентите, да може да видат белешки од посетата, дијагнози, резултати од испитувања, упати кај специјалисти, рецепти за лекови. Значи скроз да се искорени папирот. За продолжување терапија на хронично болни, ако веќе мора, веднаш по завршување на прегледот, закажи нов за една година, да не мора пациентот сам да бара термин.

Приоритетен упат би укинала скроз, да не постои. Кој е навистина во животозагрижувачка состојба нека си оди на Ургентно. И Ургентно треба да се реорганизира, да се нормализира подолго чекање за случаи кои не се ургентни а по секоја цена сакаат да бидат прегледани. Нека чека и 24 часа доколку му се чека, се знае за што се оди на ургентно. Ќе ја дадам Шведска како пример пошто од тука имам искуство. На ургентно одам само ако знам дека состојбата е за таму, иначе заглавуваш и по цел ден. Пример касно навечер или викенд, а состојбата не може да почека да отвори матичниот. И тука не зборам за имал температура 38, па сега качил 40 и 2 часа не му се спушта. Зборам за респираторни проблеми, забрзано дишење, ненајден осип итн. И се тоа го правам во консултација со телефонска служба опслужувана од мед.сестри 24/7. Даваш симптоми, ти звонат со видео, даваат проценка на состојбата. Ама и мед.сестра тука со мед.сестра во Мк е небо и земја, мед.сестра тука има поголеми ингеренции и поголеми одговорности, врши тријажа, третира хронични состојби, има специјалности и во тоа поле и за така, некритични состојби многу често само и сестра може да заврши работа, нема потреба од доктор. Пошто дефицитарни се докторите и тука и насекаде низ светот. Тука пример е скроз нормално да се чека до 3 месеци за термин, тоа е и рокот предвиден со закон.

Сега во МК приоритетен се зема пошо на пациентот не му се чека еден месец за редовен преглед. И доаѓаме во состојба кај што еден доктор на пример, има 30 закажани прегледи во 8 часа преку мој термин, и уште 20 со приоритетен. Едноставно не е изводливо.
 
пациентот. Не знам дали и сега постои таква можност, но јас би го отворила системот и за пациентите, да може да видат белешки од посетата, дијагнози, резултати од испитувања, упати кај специјалисти, рецепти за лекови.
Има такво нешто. Апликацијата се вика мое здравје.
 
А можда треба малку да се ограничат и вработувањата во странство, барем за дефицитарни професионалци како што е нашиот медицински кадар кој е реално добро поткован и теорија и пракса.
Да ги врати сите пари од школување кон државата па да може да оди надвор. Оти се повеќе фалат овие кадри, ќе се угуши самиот мед. систем.
Вакво нешто за Албанија имам прочитано, мада со симболични суми.
Такво нешто би било лечење на симптомите наместо на проблемот. Не е проблемот во тоа што немаме доволно медицински кадар. Има еден куп доктори што се невработени.
Проблемот е во тоа што државата нема стратешко планирање во здравството. Ги планираат специјализациите од денес за утре, наместо да ги планираат 15 години унапред. Затоа имаме случаи каде што цели оддели во помалите градови се затвараат бидејќи специјалистот отишол во пензија, а тој што треба да го замени уште специјализира. Наместо да планираш дека новиот и стариот доктор треба барем неколку години да поработат заедно, ти правиш план кај што одделението ќе се затвори на 2-3 години. За ваква грешка во приватна фирма би те избркале моментално. Во државно тоа е нормално.
 
Зошто да се укине? Зошто би се враќале чекори назад? Целиот свет стреми да се напредува, електронизираат се живо и диво, секој ден напред одат, ние и тоа што имаме нешто добро да го укинеме. Мој предлог, наместо да го укинуваме, да пробаме да го поправиме, да се средат работите. Ко ќе ви се расипе дома телевизорот или фрижидерот одма го фрлате или викате мајстор да го поправи?
 
Стварите од кои се жалите не се поврзани со мој систем т.е се поврзани, ама не се последица од него. На обичен специјалист си закажуваш и не се туркаш. За снимка ти закажуваат термин и нема пред тебе никој да чекаш. Доплери, ехо и слични тракатанци исто си одиш во термин и завршуваш работа. Порано беше калакурница за најмала ситница. Луѓе се караа по ходници, буткања, едноставно хорор.
 
. Ко ќе ви се расипе дома телевизорот или фрижидерот одма го фрлате или викате мајстор да го поправи?
Не бе, таман работа, чекаме пет месеци без фрижидер и телевизор, го чекаме мајсторот да дојде.
 
Не бе, таман работа, чекаме пет месеци без фрижидер и телевизор, го чекаме мајсторот да дојде.
Расипан фрижидер и човеково здравје :)

Конзилијарно нема, отпусно нема, термин нема, упат нема. За диети и режими, сам се снаоѓаш по нет. Хорор од држава.

Него, слушнав некои клиники не давале документација на време. Што мучки прават, ѓаол ќе го знае. Никој не ги контролира што прават. Додуша може да се претпостави што праат, туку ај.
 
Последно уредено:
Дефинитивно мој термин нема ни за лек.
Нема ни за во март....а што ли ќе биде кога ке почнат вработените да користат денови од ланскиот годишен одмор кои мора да ги искористат до 30 јуни...значи да се надеваме од октомври па натака, па ни тогаш.
Подобро е без термин, си одиш пред ординација и кој прв, прв ке биде услужен.
Можеби ке чекаш цел ден ама барем нема цела година.
 
Здравствениот персонал уво го боли за ова, со врски се бутаат. Затоа и не се нешто релевантни за вакви проблеми.

Земаш слободни денови за да окапеш пред клиника неколку часа за на крај да ти кажат дојди за 2 недели. Уште треба да се радуваш оти ќе ти дадат упат.
Ама ја сум бил нервозен, системотот и докторите биле ок ваљда, а живот ти виси на конец :tapp:
 
Скоро два месеци сум на листа на чекање за обичен преглед, никако не можат да ми најдат термин, сега ќе одам со приоритетен упат…ако воопшто завршам работа и со тој
 
Скоро два месеци сум на листа на чекање за обичен преглед, никако не можат да ми најдат термин, сега ќе одам со приоритетен упат…ако воопшто завршам работа и со тој

Одвај завршив работа.
Првично кога ме прашаа ,,за што си тука?" по одговорот мој одма малку се накостреши сестрата велејќи ми дека ,,не може тоа така, како што ти сакаш", па само мало појаснување, држ не дај ме примија, па ме оставија едно 15-20 минути на сред преглед сам...воопшто нема да навлезам за причината, глупост е.

А исходот од прегледот? Е тоа чекање што ми го удрија не се одразувало баш добро. Тоа е се што треба да знаете за македонското здравство.

Што е следно? Најверојатно ќе треба да бркам многу јаки врски за дополнителните испитувања.
 
Термини на кардиологија нема ни во април, ниту во мај, а за во јуни знам дека нема шанси.
Ова е срамно!!!
Министерот за здравство треба да се позанимава малку повеќе со овој проблем и да прати комисија на терен да се види зошто нема термини.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom