Ако мижиме, не значи дека ги нема или не ги тепаат. Како ќе се реши тоа, треба социолози, психолози и други ози веројатно да дискутираат, многу е сложена оваа тематика. А ќутат.
Според проценки на нво, има околу 3500 проститутки (без спонзоруши)
Ова го бараат:
„Бараме подобри и побезбедни услови за работа, бараме признавање на трудот на сексуалните работници. Бараме декриминализација на сексуалната работа. Со декриминализацијата и признавањето на сексуалната работа како работа ќе се заштитат правата, еднаквоста и достоинството на сексуалните работници и конечно ќе можеме да живееме без страв од насилство, стигма и социјална исклученост.“
СТУДЕНТКИТЕ ИМ ГИ СПУШТААТ ЦЕНИТЕ НА СКОПСКИТЕ ПРОСТИТУТКИ Студентка од Берово бара постари мажи за тајни средби; Ана бара личност за да му ги задоволи сексуалните желби; задоволувам машти на...
www.facebook.com
СТУДЕНТКИТЕ ИМ ГИ СПУШТААТ ЦЕНИТЕ НА СКОПСКИТЕ ПРОСТИТУТКИ
Студентка од Берово бара постари мажи за тајни средби; Ана бара личност за да му ги задоволи сексуалните желби; задоволувам машти на брачни двојки – може во тројка... ова се дел од огласите кои речиси секојдневно се појавуваат во скопски медиуми и зад кои не е тешко да се претпостави дека се крие проституција. Најстариот занает отсекогаш „врвел“ добро во македонската метропола, но сега конкуренцијата меѓу „занаетчиките“ е многу голема.
Послабо ситуирани студентки кои не го прифакаат тој свој статус во општеството, станаа голем извор на проституција во градот. Значаен дел од нив се од внатрешност на земјава кои студираат во Скопје, бидејќи се со помалку родителска контрола, а и сакаат да „влезат во високото“ скопско друштво – ни објаснува нашиот соговорник кој сака да остане анонимен но вели дека знае кому да се јави за да добие сексуална услуга.
Плус, тука се веќе и одамна познатите „бази“ на скопските проститутки кои не чекаат позив туку си стојат на улиците кај Младинскиот културен центар, зад МАНУ, паркингот кај МРТВ и си чекаат муштерии. Ги нарекуваат „камењарки“ и отприлика се триесетина. Облечени се во тесни мини здолништа, со силна шминка. Недалеку се и нивните макроа со кои ја делат заработувачката – најчесто 500 денари за орален секс, 2-3.000 денари за класичен секс, во автомобил, грмушки, соби...
Колкава е точната бројка на сите што се бават со проституција во градот? Тоа никој не знае. Но проценките се дека бројката се движи околу 500 меѓу кои се забалежани и случаевите во кои најмладата имала 14, а најстарата 70 години. Фрапантно. А во оваа бројка не се влезени „спонзорушите“.
Повремено има полициски акции ама ретки како годишни времиња се, па затоа и не намалена оваа илегална активност. Напротив, последниве години таа се шири, а во тоа важна улога имаат и дел од „салоните за масажа“. При една полициска акција во еден таков салон бил фатен дури и еден поп на МПЦ токму во моментот кога уживал во „опуштањето“ со „масажерката“.
- Од една пријателка научив како се работи, како се наплаќа. Сама решив никој не ме натера. Имам макро со кого делам пари, а тој ме штити од насилници. Насекаде работам со мажи – по ходници, подруми, коли, паркови, соби... – раскажува една скопска проститутка со 10 -годишен стаж.
Цените на уживањата се различни, најчесто меѓу 50 и 100 евра, зависно од она што се бара како задоволство. Но, последниве години цените одат надолу најмногу заради се поголема студентската понуда.
- За студентките сексуалната работа е само еден период во животот. Останатите постари проститутки им се лутат оти ја спуштаат цената, често наплаќајќи од 500 до 1.000 денари за секс. Нашите студентки само си помогаат во егзистенцијални прашања. Кога ќе завршат со студии најчесто престануваат – изјави за медиумите Борче Божинов од невладината организација „Стар-стар“ која се занимава со правата на сексуалните работници во земјава.
Цвета и скапиот елитен секс
Последниве години во Скопје почна да цвета и елитна проституција во која главни улоги имаат атрактивни проститутки со манекенски изглед, кои се поврзуваат само со богати бизнисмени, политичари странци... Тие имаат скапа тарифа за помината ноќ со нив. Најчесто, повеќе стотици евра не сметајќи ги скапите вечери, подароци и слично. Аранжманите неретко вклучуваат и заеднички викенди и „службени патувања“...