Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 52: Тотална забрана за продажба и употреба на алкохол освен за медицински потреби и религиозни обреди)

Тема 13: Вештачко (ИнВитро) оплодување (со донор) треба да се ЗАБРАНИ за жени кои не се во брачен однос и истото да се ограничи со МАКСИМАЛНА ГОРНА граница на возраст за брачни парови.
За жал насловот е предолг, ни насловот ни анкетата не ги собира двете опции. Така да анкетата е само за првата опција.

Има нова тема. Секое пушачко мислење од сега па натаму - ќе се брише.

Да стигнам дома, ќе средам анкети.
Средено.
 
Искрено, моите ставови по прашање раѓање деца, одгледување деца и посвојување деца, многу се менуваа низ годините, затоа што некако почнувам да ја разбирам тежината на двете страни.

Не знам како да одговорам, знаете ли зошто?

Прво, тргнувам од желбата на една жена да има дете. Верувам дека не постои ништо што може да ја сопре една жена која решително тргнала по тој пат. Но, од друга страна, не знам дали е правилно таа желба да оди толку далеку, па дури и по цена предвреме да се осуди неродено дете да нема татко. Тука не зборам за несреќни околности (смрт на родител и сл), туку за свесно планирање на еднородителско семејство. Мислам дека малку е себично свесно да го лишиш сопственото дете од машки родител. Не е се во парите, тука не збориме за бизнис и аспектот треба да биде исклучиво на емотивната и рационалната страна.

Уште една страна која ја земам во обзир додека збориме за идеално семејство е и фактот дека има многу деца оставени сами на себе, кои можеби е подобро да имаат барем некаква родителска фигура покрај себе, отколку да немаат никој. Знам дека во реалниот живот многу деца би дале се на светот да имаат барем една посветена мајка, отколку да бидат таму кај што се. Сигурна сум дека би им било подобро на такви деца да растат само со еден родител отколку да бидат оставени на милост и немилост на нашите институции.

И не сум паметна, па не знам како да си одговорам. Не ми се збори за идеални семејства кога знам дека има оставени деца и жени кои од дното на душата сакаат да си ја реализираат биолошката улога, а од некои причини не можат.

Така што, веројатно пак ќе бидам воздржана. Животот не е црно бел, и не сакам да одлучувам за нечија среќа или несреќа со за и против.
 
Тема 13: Вештачко (ИнВитро) оплодување (со донор) треба да се ЗАБРАНИ за жени кои не се во брачен однос и истото да се ограничи со МАКСИМАЛНА ГОРНА граница на возраст за брачни парови.
Не гледам ништо лошо во поставување горна граница, сега во нашиот закон за семејство има горна граница за посвојување, 45, на лица кои не се во меѓусебно крвно сродство. Оваа граница е ставена од слични причини (кај тебе има и дополнителни). Плус не е новина во нашиот правен систем.

Така, Да, во однос на предлогот.
 
Секој закон што ке излезе, обично го подржувам, но што се однесува за оваа тема, со две раце и две нозе сум против...НИКАКО!!!
Имам колешка( се надевам дека нема да ја прочита темата), која си роди дете од донатор.
Пресреќна е она а и ние цело друштво .Сите ја подржавме кога се мислеше за таа опција, да биде мајка, да и се оствари сонот, да има за кого да живее, на кого да му се радува...а и, еве ке ја цитирам: - Јас кај сите вас одам на роденден, желба ми е и јас да ве канам на роденден на мое дете.
Секој има право да си го оствари сонот, да се обиде....нема ограничување, нема старост.
100 црни бумбари...гласав НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ!!!!!
 
Знам прекрасни женски суштества кои заради судбината (а не кариерата) останале сами и се решиле на овој храбар чекор. Симнувам капа на потег како самохран родител да роди и расне дете.
Самохран, не мислам само парично него комплет.
 
Инаку глупо ми е да гласам на #што е тоа ин витро… кога апсолутно знам што е ин витро.

Сакам да има нормална опција воздржан.
 
Не се согласувам, боље ин витро него ливдарка, како некој бивш член на форумов :icon_lol:
 
Не гледам ништо лошо во поставување горна граница, сега во нашиот закон за семејство има горна граница за посвојување, 45, на лица кои не се во меѓусебно крвно сродство. Оваа граница е ставена од слични причини (кај тебе има и дополнителни). Плус не е новина во нашиот правен систем.

Така, Да, во однос на предлогот.
Во право си дека има за посвојување, ама нема за ин витро. Што е дефинитивно дупка во правниот систем и инструмент за полнење на сметките на приватните клиники.
 
После темава ќе се види поштовањето за жените.

Гласав против чим го видов насловот.

Прво.
Господ ми ја дал матката за репродукција. Никој нема право да одлучува за мојот репродуктивен орган, поготово не маж кој уопште го нема.
Вие не сте свесни кој процес се случува во нас од зачнување на фетусот до излегување на бебето од телото.
Тоа го знаеме само ние и Господ. Повраќање, гадење, мачнини, ти се моча, ти се јаде нешто што нема у сезоната или нема дома, коса ти паѓа, се дебелееш.
И некоја ако сака да се носи сама со ова, место да ѝ се пружи поддршка, и да ѝ се помогне, уопште го ставаме на дискутирање.

Во денешно време сѐ помалку има вистински семејни вредности. Имаме сѐ повеќе разводи, случаи на семејно насилство, смртни исходи на семејно насилство.

Не знам дали на форумов сум се изјаснила. Мислам не, и во брак/врска, па затоа и за сингл, поддржувам стварање деца само ако се психички/физички спремни и финансиски. Кој стигне прави деца. Ја на многу парови би им ги одземала, и би ги дала на неплодни парови. Ама не се прашувам јас. Има многу парови во брак кои се ужасни родители и не ги заслужуваат тие деца. Од основно уште знам гнасни примери. Едно девојче татко ѝ со даска ја тепаше.
Боље да го нема таков морон.

А и во животот сѐ се случува, и во брак останува некогаш по еден родител, имам другари без двајца родители. Има претрагични приказни за деца без родители. Може во животот да се остане и без еден и без двајца родители. За жал еден ден ќе ги нема.

Така што не гледам проблем жена да има дете со ин-витро.
Исто така и за маж кој ете поради некоја причина не се оженил ( не е педофил, манијак и слично) и сака да има деца. Може ќе им пружи многу повеќе љубов него некои парови кои ги имаат децата ради онака.
Не е само да се има дете. Немам ниедно, а веќе го сфаќам тоа. И јас скроз би си посвоила дете од дом или би пробала вака ако останам сама. Со пари, добра психа и среден живот? Има да го сакам највише, повеќе од очите ќе го пазам. Ниеден маж нема да биде побитен од моето дете. И во брак да сум. Кога ќе добијам дете знам дека тоа ќе биде нешто најпосебно за мене. Бар додека не го изведам на пат.
 
Дали ќе го имаше истиов став ако твојот Машки родител беше сериски број/ баркод од некоја си клиника за сперма во Европа? Ако од почекот до крајот на животот не си осетила татковска преграта/утеха/поддршка и тоа не поради несреќен случај туку поради одлука на твојата мајка?
 
Back
На врв Bottom