... во ресторан или во објект каде се служи храна, посетителот треба да ужива со сите сетила во тоа што ќе го нарача, треба да изгледа добро на око, треба да мириса добро и треба да има добар вкус, доколку просторијата целодневно е задимена со чад од цигари тогаш сето тоа уживање во храна за кое чесно се плаќа кога се иде во ресторан го нема, а е присутно само уживањето на пушачот кој ги швајцува цигарите во просторија каде се служи храна и се јаде.
... да не би се дискриминирало ниедно уживање, прво ресторанот треба да се одреди дали е за јадење или за кафе пиење и цигари, доколку тие кои јаделе, па сакаат да запалат цигара треба да бидат сместени со маса во посебна просторија од непушачите со немешање просторно на двете простори, лево седат пушачи десно непушачи оделени само еден метар, а тоа чадот кој се издигнува се меша, нема забрана на ширење нма чадот лево десно иде каде сака, нели?

... секоја маса на пушачи да има специјални пепељари кои ќе го неутрализираат чадот!
... доколку нема такви простории поради ограничен простор на ресторанот, тогаш над секоја маса каде се сместени пушачите треба да има апарат кој ќе го всмукува тој чад и ќе ја одржува атмосферата чиста, не е проблемот алиштата кои смрдат на чад од цигари мешан со парфем, ќе се стават на балкон ќе се излуфтираат, проблемот да непушачите не можат да уживаат во мирисите на нарачана храна во ресторан и принудени се да јадат во загадена и зачадена просторија.
... околу откажување на луѓето од пушење никој не може да влијае доколку не се создадат услови од нивно откажување, било да е како навика било да е како зависност, а тие услови најчесто се здравствени кога ќе стегне здавјето и пореметување на кардиоваскуларниот систем со вметнување на стент и терапија или проблеми со плуќа, тогаш пушачите како пациенти и нивното размислување кон откажување на пушењето ќе биде сменето и можност за желба од откажување кое можеби ќе биде веќе касно поради неповратно нарушено здравје!

... денес луѓето сеуште имаат безусловна верба од прво докторското лекување без второ мислење, како и безусловно верување во неговите совети и доколку истиот кој сериозно и професионално ги дава тие совети за непушење и против вишок на килограми, а истиот со цигара во рака и расфрлено сало на телото, бидете сигурни дека ниеден пациент нема да го послуша неговиот совет кој самиот не го спроведува како доктор сам на себе, а не пак како доктор на друга личност т.е. пациент!
