Јас имав проблем бидејќи на темите што дискутираме не може да ги делиме овие две работи само по дефиниција, затоа реков семантика. Не може да си конзервативна околу порнографијата оти сакаш да спасуваш наталитет, а воедно да сметаш дека не си традиционална и да велиш девојките треба да имале право да се рекламираат по Тиндер и имале избор да бидат промискуитетни ако сакале.
Забрана на порнографија нема врска со наталитет, исто како што забрана за дрога нема врска со наталитет. Има врска со општо ментално здравје на целото општество.
Дополнително, и феминистките се против порнографија па еве ќе те збунам, занимавај се со мистеријата дали сум конзерватив, феминист, или трад вајф. Ова ти е најлош обид досега да сусарисаш(¿) некого инаку. Преминуваш во измислување зборови и сценарија за да ја постигнеш целта. Не разбирам зошто користиш такви методи само за да добиеш некој случаен готча момент и да парадираш.
Трад вајф доаѓа од американската поп култура, се работи за романтизирање на 50тите, нуклеарно семејство, жена седи дома, мажот оди на работа. Нешто што не било така кај нив 20 години порано, кога ја имале големата депресија и ринтале за корка леб и мажи и жени.
Од американската гледна точка ова било нивната златна доба и тоа им е идеал затоа што ја имале најсилната економија и можеле да си го дозволат тоа да има еден активно вработен, жена да седи дома, и слугинката црнкиња да чисти по дома.
Во остатокот од светот, не е така. Во исто време во Македонија и остатокот од Европа по војната сите и мажи и жени работат за опстанок. Значи според американската дефиниција Македонија не е традиционална од одамна? Или од после транзицијата кога имаше многу семејства каде мајката е primary breadwinner? Или традиционално значи нешто друго за нас? Најстарите општества до ден денес, мислам на најрурални, не е така, жената и мажот и децата работат на нива или фарма, сите се борат за својата заедница, цело село е инволвирано во растење и воспитување деца. Мажот и жената ринтаат по цел ден + жената што треба да зготви, испере исчисти, но со по олеснета работа со помош на роднини. Ама штом жената работи, не седи дома, ех по дифолт не се традиционални

Од аспект на домаќинство, мислам дека куќа без жена ќе се запусти.