Забегани се, но овде лудачата сама си направи FAFO.
Еј на сила со ауто ќе спречуваш полиција да си ја работи работата... Што очекуваше? Разврска како од холивудски филм? Епа реалноста е многу поинаква.
Не разбирам само од каде ова излезе, дека она демонстрирала и ги поречувала со работа. Зошто од видеото јас што го гледав, две коли пробуваат да се приклучат на лентата, едата кола поминува доаѓаат овие од ICE она се гледа од колата со рака како им покажува да поминат. Овие излагаат и почнуваат да викаат, она почнува да се враќа во рикверц, и потоа врти нагло на десно и дава гас и овој пука одма во шофершајбна и уште два пати од страна.
Ова со тоа како одеднаш она е лезбејка, либерал, антифа итн ... некако многу ми личи како некој да си смислува оправдувања зошто да застрелаш вдовица со мало дете за реално минорен проблем е политички отров и сега одма се гледа како да се уништи репутацијата на жртвата за одеднаш да стане "прифатливо" нејзиното убивање.
Американците во секој случај се комплетно пореметени како народ, и ова не го кажувам од аспект на носење на оружје и такви работи ( зошто мојот став е и за Македонија дека треба после служење војска секој да смее да си го земе оружјето со себе дома). Го зборам од психички аспект. Не сум видел толку многу исплашени луѓе. Они вечно се плашат и се припремаат за нешто на секоја инстанца. Живеат уџум и возат по еден сааат до работа секој ден, дека се плашат од црнците во градовите, возат камиони и огромни џипови дека се плашат што ако има судар и јас сум во малата кола. Џандарите активно ги тренираат да бидат исплашени од се и да реагираат на се максимално агресивно. Видете ги само во последново видео на што личат.
И секој пат кога ќе има некоја ваква трагедија посебно каде што ете некој ќе покаже авторитет и колку му е голем курот, буквално ги гледаш како мислам за првпат се чувствуваат живи. Го чекаат само моментот кога некој од позиција на сила ќе згази некој мал, и они ќе се почуствуваат живи во тој момент. Они не се ниту против војна или против убивање. Они се против војна само зошто ете "не им даваат" доволно да убијат, апсолутни психопати како и Израелците.
Нас како народ ни е проблемот дека сме апатични и индиферентни за скоро се, они ги гледаш во вакви моменти дека се активно злобни. Во Македонија да се случеше ова, ќе имаше милион реакции, ама макар каква и да била, кај сите првото мислење ( освен кај комплетните дијаболи како Рон) ќе беше "Не мораше да ја убие за ова". Ама рон и таквите пациенти се како % статистичка грешка. Во Америка % на луѓе кои пишуваат "Lock and load" e огромен дел од популацијата.