Начинот на облекување не е причина една жена да биде објективизирана и не значи дека таа сака да биде сексуализирана. Треба да се направи разлика меѓу облекување со цел да бидеш секси, убава или привлечна и желбата да бидеш третирана како сексуален објект. Искрено мислам дека ниту една жена не се облекува со намера да биде сведена на објект без достоинство.
Исто така, кога жените избираат облека што сексуално провоцира, и самите се свесни дека можат да бидат перцепирани сексуално. Тоа е чиста психологија. Но тоа пак не значи покана или согласност за било каков сексуален контакт.
Сексуалната перцепција не е исто што и сексуална дозвола. Жената може да сака да биде видена како привлечна, а истовремено да очекува почит и граници. Тоа не се исклучува меѓусебно и не треба да се претставува како контрадикција.
Зошто некој би се грижел за тоа како е некоја жена облечена? Со осудувањето на личниот избор се креира наратив за оправдување на вербалното, а во поекстремни случаи и физичкото сексуално вознемирување на жените.
Секој си има право на избор и нека се облекува како сака.
За вознемирување е секогаш виновен сторителот.
За силување вината секогаш е во силувачот и неговиот примитивен менталитет.
Оправдувањето на било каков вид на сексуално вознемирување со наративот дека ,,сама си го барала, провоцира, види ја како е облечена" е дегутантно.
Автоматски споено мислење:
И уште нешто: Секогаш фокусот се става на тоа како е жената облечена, а за мажите ништо не се вели. Целта очигледно е контрола врз самостојноста и автономијата на жената, и сето тоа затскриено зад некој ,,морал" и слични небулози.
Автоматски споено мислење:
Се согласувам, точно од збор до збор
Автоматски споено мислење:
Кога веќе ги спомна овие земји, имам забележано дека оние кои најмногу се плашат од ,,шеријатски закон" и ,,исламизација на Европа" имаат слични сексистички и женомрзачки ставови како исламистите.
Лицемерие до максимум.
Што и менува на жената од каква нација и религија е тој што би и ги забранил сите права? Очигледно нема разлика во ставовите на европската радикална десница и исламистите во однос на местото на жената во општеството
Да ти пофторам пак.Никој не се замара и осудува како се облекуваш .На повеќето мажи не им пречи ако се облечиш провокативно.Баш напротив по свадбите мажите уживаат да гледаат во провокативно облечени жени..Жените се тие шо повеќе критикуваат. Кога ќе се облечиш провокативно не можиш да бираш кој ќе те гледа а кој не.Капиш?
Искрено не знам. Јас не се сликам така и не постирам такви фотографии на социјални мрежи. Постовите ми се сведени на минимум. Не знам што им се мота по главите, мене ми е невкусно да постирам такви слики и да гледам такви слики. Но, on the other hand, има жени кои си се сликаат во бикини и си објавуваат слики од плажа и тоа воопшто не изгледа вулгарно (ама има мажи што и тоа го објективизираат).
Би реагирала со разговор, не со ултиматум хаха. Мислам дека луѓето со кои јас се дружам не се таков тип на луѓе кои би објавувале такви фотки.
А зошто би сакале вие да имате секс со сексуални објекти, а не субјекти ?
Значи сам си одговори на прашањето. Ако мажите ги перцепираат жените како објекти, а жените не ги перцепираат мажите како објекти, јасно е дека е до перцепцијата.
Фер 1 и 2, и одговор на прашање, ние сакаме карактер а имаме секс со тело, објект if you will, иначе немаше да има проститутки.
3, не се согласувам, жените ги гледаат мажите ко субјекти, иначе на тиндер статистика имаше дека 80% од жените лајкат само 10% од мажите, ако тоа не е објективизирање, не знам што е.
Зависи од особата и од моментот, многу одите во екстрема и двете страни. Апсолутно е нормално за жена/девојка да облече минич или да извади деколте, и не, не значи дека треба да биде објектифицирана. Меѓутоа, се си има лимит. Италијанско правило е да ако вадиш деколте нозете да ти се покриени и обратно. Така што според мене логично е да ако девојка се облече провокативно да очекува дека повеќето ќе ја доживеат како сексуален објект. Доволно е да отидеш на било која журка по сељачкиве места на Скопје за да ти стане јасно. Како треба да доживеам девојка која носи танги, прслук и проѕирна чипка на себе?
Тоа што многу луѓе не го сфаќаат тука е дека доста често колку и одредена особа провокативно да е облечена не значи дека е лесна/промискуитетна. Еден куп такви девојки се облакаат така заради недостаток на внимание и зголемување на егото, колку и тоа да не е добро.
Фер 1 и 2, и одговор на прашање, ние сакаме карактер а имаме секс со тело, објект if you will, иначе немаше да има проститутки.
3, не се согласувам, жените ги гледаат мажите ко субјекти, иначе на тиндер статистика имаше дека 80% од жените лајкат само 10% од мажите, ако тоа не е објективизирање, не знам што е.
Жената Господ ја создал за да му служи на мажот, да му готви чисти чува деца и сексуално го задоволи.
Доколку се држи жената до ова божјо правило мажот ќе ја гледа чува храни заштитува и ќе и овозможи сигурен и убав живот.
Доколку не, ништо друго не и преостанува освен тангата и цицката надвор и курвање.
Жената Господ ја создал за да му служи на мажот, да му готви чисти чува деца и сексуално го задоволи.
Доколку се држи жената до ова божјо правило мажот ќе ја гледа чува храни заштитува и ќе и овозможи сигурен и убав живот.
Доколку не, ништо друго не и преостанува освен тангата и цицката надвор и курвање.
Па убаво ти пиша човекот што сакаат мажите генерално, Лима од друга страна беше топ модел сеуште многу активна во таа индустрија често шета патува далеку од нејзиниот дом. На Марко плус Балканец сигурно не му било ок жена му да „бизнисува“ патува често
Тука и ти паѓаш на halo effect, демек ако е убава се друго е до макс, може била чкарт карактер, може слабо и/или слабо секс, а на крај може и аздис, ко што кажа еден член погоре, не ги познавам лично.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.