Санкциите како политичко оружје

  • Креатор на темата Креатор на темата PloTwist
  • Време на започнување Време на започнување

PloTwist

...
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.799
Поени од реакции
28.607
Во изградените поствоени меѓународни односи, државите наместо директен воен конфликт, се повеќе прибегнуваат кон една помека, алтернативна, мерка, во форма на политички, трговски и/или економски санкции, па дури и отворени трговски војни.

Целта на овие политики е или контрола на поведението на државата, креирање политичка и економска нестаболност, заштита на домашното производство и/или трговија или задоволување на други лични економски, трговски и (гео)полигички цели. Иако овие политики, односно санкции, се сметаа за ненасилно средство, нема директна конфронтација помеѓу државите, или блокот држави, нивното влијание врз внатрешните општествени, политички и економски текови може да биде (по)долготрајно, трајно, па дури и непоправливо.

Како позитивен сегмент во меѓународните односи, ако може тоа така да се заклучи, е тоа што ова модерно политичко оружје претставува алтернатива на класичната војна, форма на притисок за отстапување од одредени намери, политики и цели на националната држава.

Како негативен сегмент се неповолните економски (т.е. куповни) последици, кои најчесто ги чувствува обичниот граѓанин, смртникот, а не владеачката елита. На овој начин се креира своевидна политичка сила, каде се појавува политичка алтернатива која покажува јасен план за надминување на политичката криза и на овој начин доаѓа на власт каде покажува дисциплина и покорност. Крајниот степен е креирање на хуманитарна криза, каква што видовме, пример, во Северна Кореја после распадот на комунистичкиот блок.

Како една од најсанкционираните држави на стариот континент е Русија, пред се поради специјалната воена операција во Украина. Глобално, тука некаде е и Иран, поради наводните планови за развивање на своја нуклеарна програма, кои се само затскриен повод, а всушност ова дипломатско прашање е многу покомплексно и задира во сувереноста на Израел и регионалната моќ која ја поседува т.е. причината. Едно од најдолготрајните еконимски ембарга има НДР Кореја, поради политичкиот режим односно еднопартискиот систем кој често е критикуван како репресивен и недемократски, и секако, нуклеарното оружје кое го поседува. Тука место има и Венецуела, која моментално поминува низ тешка политичка криза.

Во однос на трговските војни, најсвеж пример е трговската војна САД против речиси сите држави во светот и САД против Кина, која сеуште е активна и има сериозни економски последици по двете најголеми глобални економски сили.

Дали го оправдување овој политички метод на современи војување? Дали на овој начин државите го губат својот суверенитет? Дали со ова се губи класичната национална држава? Дали државите можат да пронајдат нови, алтернативни сојузници преку кои ќе пркосат на зададените санкции?​
 
Прашањава ти се прилично реторички, така да:
- да, не оправдувам санкции како прикриено војување, иако постојат и низ историјата, не само денес,
- да, државите го губат суверенитетот, тада што се заобиколуваат основите од меѓународното право поставени уште со Вестфалскиот договор. Секое однесување кое „заобиколува„ а не делува „право во целта„, јасно е од кого (!) доаѓа.
- да, државите можат и бараат алтернативни сојуз(ниц)и, само ако сметаат дека се доволно јаки и потенцијално отпорни на „светскиот полицаец„. Алтернативи има и тие се веќе активни (БРИКС, АСЕАН, ШОС...).

Земји од размер на „нашата земја„ не се прашуваат за ништо. Тие (земји) самите си доаѓаат кај „газдата„.
 
Ќе пишам од прва рака каков е животот во најсанкционираната земја во историјата. Мада повеќе од очигледни се резултатите.
Автоматски споено мислење:

Russia sends navy ships to guard oil tanker being pursued by US forces​

Ова е неточно. Нема потврда за било каква подморница. Ниту визуелно ниту од Руски извори.
 
Russia sends navy ships to guard oil tanker being pursued by US forces​

Ова е неточно. Нема потврда за било каква подморница. Ниту визуелно ниту од Руски извори.

Точно или неточно, доколку танкерот навистина бил руски и доколку Русија планира во иднина да врши трговија со Латинска Америка и/или Иран преку танкери, ќе мора во иднина да ги придружува со борбени пловила.

Некои луѓе на планетава си мислат дека меѓународните закони и правила не важат за нив, или дека само селективно важат за нив, а во таков свет Русија, Кина и било кои други држави кои сакаат да учествуваат во меѓународна трговија заснована врз закони и правила, а не врз употреба на сила, ќе мораат или да се повлечат и да ја ограничат својата трговија во некои помирни региони, или да ги заштитат своите средства за трговија - вклучувајќи ги и танкерите.
 
Веќе ги штити своите танкери со морнарицата откатко европејците почнаа да ги пресретнуваат но против САД тешко дека можат да влијаат особено во американскиот двор, едино ако они за возрат почнат да запленуваат американски бродови што не верувам дека имаат волја* да прават.

*да не речам муда
 
Во меѓународни води важат меѓународни закони и правила.

Доколку некој одлучил - конкретно САД - да си игра регионален шериф во Карибскиот регион, тогаш на Русија, Кина и било која друга држава која не е географски во западната хемисфера, сака да тргува со држави од тој регион, кога ќе испраќа свои бродови во тој регион ќе мора истите да ги придружува со борбена морнарица за да ги заштити. Ако дојде до директна пресметка ќе мораат да ризикуваат заштита на сопствените интереси или повлекување од регионот.

Друга опција им е да се откажат од трговија со тој регион и да си ја бркаат среќата на друго место.

Се разбира постои и третата опција: да прифатат да му плаќаат рекет на регионалниот рекетар и со тоа да му го признаат правото на рекет. Оваа последнава опција не е одржлива на долг рок, бидејќи со тек на време рекетот ќе стане прескап или рекетарот ќе се полакоми за да си го прошири рекетот и во други региони од светот.

Затоа Винстон Черчил изјавил:

" Удоволување значи да храните крокодил надевајќи се дека вас последен ќе ве изеде " .
 
Не навлагам дали се следи меѓународно право. Туку дека обична медиумска патка е дека пратиле подморници во овој случај.

Правно ако се разгледа танкерот пловел под друго знаме до 25 Декември кога поднеле барање да го регистрираат под Руско знаме. Поради тоа што веќе две недели ги бркале јенкиве. Претходно танкерот пренесувал Иранска и Венецуелска нафта. Често релацијата била Кина.
 
Проблемот е што Уса си зема право да спроведува санкции во меѓународни води, како што Ве4махт торпедираше сојузнички конвои кои одеа од Уса кон Британија...а имаше пред 300 години слични работи меѓу Британија, Франција и Холандија а и во врска со тргувањето со Азија, па и Гусарење....
 
Нема врска. Пловилата биле под санкции. Под меѓународното поморско право, смена на знамето е дозволено но тоа нема да ги заштити во случајов од санкциинирање што и се случи. Поради тоа нема официјална реакција од Русија. Шах мат е ова на многу паметен начин.
 
Не може правно да санкционираш во меѓународни води, можеби само УН...
 
Не може правно да санкционираш во меѓународни води, можеби само УН...
Според тоа што го слушав од потпаролот ма Белиот Дом. Самиот обид да се смени знамето додека се води постпка против пловилото доведува да се смета како stateless.

  • The vessel attempted an unlawful flag change
  • Registration was not recognized or complete
  • The vessel was therefore stateless
  • Boarding was lawful under UNCLOS Article 110
  • Sanctions justified seizure after lawful boarding
It can undermine the vessel’s protection under UNCLOS if certain conditions are met.

Ако обидот за промена на знамето се случил додека бродот бил под санкции, тоа создава еден од најјасните правни основи бродот да се смета за брод без државна припадност (stateless) и да биде законски качен (boarded) на отворено море.

Поради и Русите молчат. Кој и да го поседувал танкерот се обидел да го префрли под Руска заштита при тоа го крши меѓународното право и нема заштита според истото.

После Путин крив бил.
 
Не може на Отворено море да прогласуваш санкции, т.е. може под ПРАВО НА СИЛА, а всушност пишуваше дека бродот бил во водите на УСА (економската зона)...Не е по меѓународно право ниту блокадата на Венецуела која УСА ја спроведува по право на сила...Патем, на времето имаше обид за блокада на Куба, кога СССР испрати голема флота кон Куба и на крај Кенеди ја прекина блокадата...
Правни заебанции може да има за затворено море, но ете и во Јадранот Словенија си има еден тесен коридор до Отвореното море, меѓу Хрватска и Италија, а и Балтикот не е затворено море, се зна до каде одат крајбрежните стражи...Други се спорови за риболов и бушење за истражување и експлоатација на морското дно и полагање на подморски кабли и гасоводи во економскиот појас на други држави...
 
Последно уредено:
Не може на Отворено море да прогласуваш санкции, т.е. може под ПРАВО НА СИЛА, а всушност пишуваше дека бродот бил во водите на УСА (економската зона)...Не е по меѓународно право ниту блокадата на Венецуела која УСА ја спроведувак по право на сила...Патем, на времето имаше обид за блокада на Куба, кога СССР испрати голема флота кон Куба и на крај Кенеди ја прекина блокадата...
Правни заебанции може да има за затворено море, но ете и во Јадранот Словенија си има еден тесен коридор до Отвореното море, меѓу Хрватска и Италија, а и Балтикот не е затворено море, се зна до каде одат крајбрежните стражи...Други се спорови за риболов и бушење за истражување и експлоатација на морското дно и полагање на подморски кабли и гасоводи во економскиот појас на други држави...
Санкциите се прогласени уште претходно. Убаво ти е упростено погоре се што и како.
 
Санкциите се прогласени уште претходно. Убаво ти е упростено погоре се што и како.
Па Санкциоте немаат правна важност на отворено море...на времето на остров на Дунав кој се појави меѓу Србија и Хрватска мислам некој Чеси прогласија држава...друго прашање е влез и излез од морска територија на некоја држава...а трето прашање е што УСА ако може си измислува правила, на пример за нивните војници не важел меѓународниот суд
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom