PloTwist
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.469
- Поени од реакции
- 27.806
Во изградените поствоени меѓународни односи, државите наместо директен воен конфликт, се повеќе прибегнуваат кон една помека, алтернативна, мерка, во форма на политички, трговски и/или економски санкции, па дури и отворени трговски војни.
Целта на овие политики е или контрола на поведението на државата, креирање политичка и економска нестаболност, заштита на домашното производство и/или трговија или задоволување на други лични економски, трговски и (гео)полигички цели. Иако овие политики, односно санкции, се сметаа за ненасилно средство, нема директна конфронтација помеѓу државите, или блокот држави, нивното влијание врз внатрешните општествени, политички и економски текови може да биде (по)долготрајно, трајно, па дури и непоправливо.
Како позитивен сегмент во меѓународните односи, ако може тоа така да се заклучи, е тоа што ова модерно политичко оружје претставува алтернатива на класичната војна, форма на притисок за отстапување од одредени намери, политики и цели на националната држава.
Како негативен сегмент се неповолните економски (т.е. куповни) последици, кои најчесто ги чувствува обичниот граѓанин, смртникот, а не владеачката елита. На овој начин се креира своевидна политичка сила, каде се појавува политичка алтернатива која покажува јасен план за надминување на политичката криза и на овој начин доаѓа на власт каде покажува дисциплина и покорност. Крајниот степен е креирање на хуманитарна криза, каква што видовме, пример, во Северна Кореја после распадот на комунистичкиот блок.
Како една од најсанкционираните држави на стариот континент е Русија, пред се поради специјалната воена операција во Украина. Глобално, тука некаде е и Иран, поради наводните планови за развивање на своја нуклеарна програма, кои се само затскриен повод, а всушност ова дипломатско прашање е многу покомплексно и задира во сувереноста на Израел и регионалната моќ која ја поседува т.е. причината. Едно од најдолготрајните еконимски ембарга има НДР Кореја, поради политичкиот режим односно еднопартискиот систем кој често е критикуван како репресивен и недемократски, и секако, нуклеарното оружје кое го поседува. Тука место има и Венецуела, која моментално поминува низ тешка политичка криза.
Во однос на трговските војни, најсвеж пример е трговската војна САД против речиси сите држави во светот и САД против Кина, која сеуште е активна и има сериозни економски последици по двете најголеми глобални економски сили.
Дали го оправдување овој политички метод на современи војување? Дали на овој начин државите го губат својот суверенитет? Дали со ова се губи класичната национална држава? Дали државите можат да пронајдат нови, алтернативни сојузници преку кои ќе пркосат на зададените санкции?