Јануари - најлош месец во година

  • Креатор на темата Креатор на темата Blackcomb
  • Време на започнување Време на започнување
фали снег, тоа порано го праеше Јануари убав месец. Заебавањето со мразеви и снегови беше дел од целата забава. Сега е само ладно и сиво. И е малце досадно.
 
Стварта е у сонцето и не само витамин Д3, тоа може да се суплементира. Пример, имаше една студија или што знам, не ме фаќај за збор....жена што живее у Шведска и сонце не ја фаќа цела година vs жена што живее негде кај е сонце и пуши по 2 пакли цигари на сонце....оваа со две пакли цигари е подолговечна од оваа у Шведска.
Да направам една споредба, денеска се разбудив со најубавата порака што некогаш сум ја слушнал...ми се наелектризира цело тело. Ја така сум цела пролет и лето...како електрицитет осеќам под кожа. Сум го мислел ова доста, дали ако сум нон стоп кај што е сонце би се осеќал исто. Мене врв ми е, возам со кола и прозори отворени, покрај жито некое...се потам, клима не пуштам многу многу и слушам константен звук од штурци додека поминувам покрај житото....тоа е совршенство. Змија кога ќе видам како се пече на сонце и ја уживам у глетката. :D
Ние овде сме у идеални услови, 2/3 сонце 1/3 студови....тој сооднос од 2/3 vs 1/3 е идеален. Некој ќе посака нон стоп благодет....ќе се заебе, нон стоп благодет не е благодет....ја убива содржајноста. Главна цел на сите езотериски пракси била да се осознае ова, дека дуалната природа на универзумов е тоа што го прави да биде интересен. А позади зборот интересен се крие зборот жив односно содржаен.
тешки филозофии, но се слагам дека барем климата генерално е супер овде. колку години имаш?

Уште некоја зима ако ме фати пак, ќе киднам за јужна америка нормално трамп ако не почне трета светска.
 
Некои 75-80% од филмовите што ги имам изгледано во животов, гледани ми се од крајот на декември до февруари. Значи убавини, надвор снег, нема каде да се оди, чајче од камилица, грицки-мицки, сармички, пентиум четврка, маратонско гледање на се и сешто.

Понекогаш ми недостигаат тие времиња.
 
Заврши ја книгата која ја имаш почнато, па после види ги двете екранизации по две од кратките приказни. :noze:
Имам многу хобиа но ме фаќа скоро секоја зима зимска депресија.

Сум фит, идам во теретана, читам книги, пешачам долго скоро секој ден особено кога има сонце но пак ме фаќа понекогаш. Сега сум подобро. Романтичен аскепт не ми иде.

Добро го изрекламиравте и Јануаров така да најдов некоја светлина и во него.
Мислам дека изворот на твоите проблеми е романтичниот апсект, пробај да поработиш на тоа. :)

Мене навистина убаво ми дојдоа празниците. Минатата година ми беше премногу монотона. Сам работам, доаѓам дома после времето за ручек, сите јаделе, сам јадам, легнувам да пораборам малку на моето мрзливо хоби. Семејството, дојдов, ги видов, си легнав. Друштвото кога можам, кога имам сила, кога сум слободен. Деновите ми беа рутина, позитивното нешто е тоа што имам различни работни задачи, барем едноликоста не ме уби. Такво беше темпото на живот, сакам да кажам, сите имаме периоди во животот кога се чувствуваме down, независно од факторите и причините.

Форумов е фантастичен вентил, затоа решив да се вратам, да се издувам. Читаш книги, супер, повели во Литература. Сподели некоја мисла, идеја, книга. Гледаш филмови? Одлично, повели во Филм. Приклучи се на некој предизвик, комуницирај, разговарај, дебатирај.

Месецов навистина е полн со облаци, ама некогаш меѓу нив ќе се појави и зрак сонце, мило ми е ако навистина виде светлина во него. :)
 
Слаби се зимите кај нас, тоа е проблемот. Баш гледав денеска, добар дел од Европа моментално е покриена со снег и доста ладни температури, додека кај нас некако меко е времето, имаше ладни денови, но што со тоа? И во есен има ладни денови.

Последна јака зима во Скопје беше 2016-2017, кога цел месец Јануари беше длабоко под нула и со доста снег, е таа зима е памтам, а другиве поминале дур да трепнеш онака uneventful.
Зимата ја ,,изгубивме" како едно обележје и затоа имаме изместена перцепција за Јануари, па и за останатите зимски месеци.

tnint_eur2.png

tn_gr.png

Битола -25, Скопје -20...Берово -28
 
Последно уредено:

Прегледај го приврзокот 466115
За утре викаат снег, ај да видиме
 
Прегледај го приврзокот 466117

Битола -25, Скопје -20...Берово -28
Токму така таа беше последна ладна зима кога снегот држеше до месец март,а натрупа на ден кога се палеа огновите.
Овие денови времето права пролет,топол ветер и температури по 15 степени со дождови да незнае човек дали е јануари или април месец,луѓе без јакни се шетаат добро е што не е загадено само.
За разлика од кај нас во Србија,Црна Гора,Босна,Хрватска интензивно паѓаше снег и личешем на зима.Кај нас скоро десет години сме без зима со температури по 10 степени и натпросечни за тој период од годината.
 
2017та беше доста сува и ладна зима.Много зезната комбинација.Иначе секое годишно време си има своја убавина.Се дур не помини во екстрем.
 
Токму така таа беше последна ладна зима кога снегот држеше до месец март,а натрупа на ден кога се палеа огновите.
Овие денови времето права пролет,топол ветер и температури по 15 степени со дождови да незнае човек дали е јануари или април месец,луѓе без јакни се шетаат добро е што не е загадено само.
За разлика од кај нас во Србија,Црна Гора,Босна,Хрватска интензивно паѓаше снег и личешем на зима.Кај нас скоро десет години сме без зима со температури по 10 степени и натпросечни за тој период од годината.
Го губиме контрастот меѓу летата и зимите, во прилог на летото...пример во Скопје е ненормална работата станата, ако порано најтоплиот дел од денот беше кај 14Ч, сега е кај 16/17 часот.
За разлика од Европјаните ние сме спремни за дијаметрални разлики во време, од +40 на лето до -20 на зима, а они на пример не се спремни за лета како нашите, они сега почнуваат да рушат рекорди, кај нас веќе 20 години немаме срушено рекорд преку лето.

Календарски зимата е пред малку почната, па ајде да не ја стресираме многу, има време. Можеби оваа зима ќе биде зима, вистинска.
 
Back
На врв Bottom