Фала на номинација.
Моето контроверзно мислење можеби и нема да биде толку контроверзно, можеби се надевам дека повеќе ќе се согласат со мене. Ова е еден од постулатите на конзервативизмот.
Порнографија треба да биде целосно забранета.
Порнографијата е еден од тивките пороци за кој никој не зборува, а уништува животи, бракови. Штетна е и за конзументите и за глумците. Еден од главните виновници за дегенерација на едно општество.
Ефектите на порнографија врз мозокот:
-Порнографијата предизвикува допамин, со тек на време мозокот станува десензитивен на тие стимули, што го води корисникот кон поекстремни и подегенерички видеа за да го добиеш повторно тој допамин хит.
-Го пореметува функционирањето на префронталниот кортекс во мозокот. Тоа значи дека корисникот има проблем со расудување и емотивна контрола.
Според истражувања и анкети, годините на прва изложеност на порнографија кај децата се намалени на 10 а можеби и веќе под тоа. Клучни години за развивање на мозокот се поткопани од порнографија кај децата.
Ги прави мажите мрзеливи, депресивни, несреќни, немотивирани, неамбициозни, насилни кон жени.
Следната теза како аргумент ми е тоа што порнографијата води кон сите сексуално дегенерички фетиши. Води кон силувања, води кон автогинефалија која преидува на транс, зоофилија и на крај педофилија.
Од аспект на како влијае порнографијата на самите актери, кога реално може да се каже дека не се ништо повеќе од проститутки, верувам сите го видоа клипот на Лили Филипс која од кога спиеше со 100 мажи се расплака. Тука е и Лана Роудс која има најголемо каење за се што има правено и го моли интернетот да и ги заборават сите видеа. Скоро сите порно актери и актерки доаѓаат од лоши дисфункционални семејства, и заглавуваат во овој бизнис.
Друг добар есеј што би го предложила за ова е текстот на
Дејвид Фостер Валас.
Зголемен број на депресија и најголем број на самоубиства од страна на жени има баш кај порно глумците и проститутките.
За ефектот на Онлифанс и веќе е познато и сувишно е да се разговара.
Некаде во крајот на 90тите и почетокот на 2000тите се нормализира порнографијата, и тука без да излезам многу од темава, секој што знае кои се главите на индустриите треба да му биде јасно дека ова не е во ред.
Нешто што ми дава надеж дека повеќе луѓе се освестуваат за ова е тоа што во Обединетото Кралство ќе се бара верификација на возраст со што ќе се заштитат најмладите.