Како е Вања една во илјадници ? Колку случаи има неевидентирани од полов напад, еден куп манијаци шетаат, ќе ти се згрози да знајш. Нема да те нападни арап ама можи онака куче да те изеди на сред бел ден, дневно во Битола има по еден два случаи напад од куче скитник, па ти оди пуштај мало дете само.
Колку деца на пешачки ги изгазија изминативе години ?? И тоа од шофери малолетници, пијани, дрогирани и шо ти јас знам, порано не возеше кола секое едно шанкуре, ќе ја земеше колата на татко ти ама ќе јадеше ќотек како магаре, сега очите шестки ми се отворени кога преминувам улица оти секоја будала кола вози..
Најбитните работи, болдираните, ги имаш, да ги немаше, немаше тука празни демагогии да тераш.
Ти се погодила заедницата

абе речи си дека ви го чуваат детето не е ништо страшно да се кажи, ти го изгледале баби дедовци, а мене ми велиш едно дете не знајме да исчуваме, јас која се спаковав со се две месечно бебе и практично цел живот си го спакував и заминав во непозната држава, научив јазик, без финансиска помош, без родителска помош, го гледам и тоа дете буквално има се.
Мене не ми иди мајка да ми го причува детето за јас и сопругот да имаме секс, не ми го капи свекрва ми, не ми го чува никој за да излезам да прошетам, сегде го носам со мене, како пајтон, пазарам со се него, шетам со него, по доктори со него, по гости со него, сегде.
Ти ќе го однесиш кај мама и ќе се наспиеш како вол викендот, ние немаме спиено оет месеци
Да имаш родителска помош за одгледување деца и те како менува, јас одлучив да немам, го одбрав потешкиот пат ама не жалам
И убо ми е.