- Член од
- 12 јули 2018
- Мислења
- 2.834
- Поени од реакции
- 9.367
Долга и широка е за целата историја на правото да се опфати, поентата е дека казните се менувале, еволуирале од најразлични фактори, ги спомна дел од нив.Главна цел на пеналниот систем е контрола на поведението на населението. Талионот е вметнат и во Хамурабиевиот законик, во кој, за најголемиот дел од предвидените прекршоци е предвидена смртната казна. Само во оваа кратка историска генеза, прерипнуваш еден златен период на правото (кој денес не може да се инкорпорира), а тоа е табуто. Кога имаш некоја проста форма на човечка заедница, помала група на луѓе, лесно можеш да инкорпорираш и наметнеш одредени правни норми, макар и во форма на забрани. Имаш хиерархија во системот, каде, најчесто најстариот член, ги решавал сите проблеми во таа заедница. Една од најстрогите казни, која била еквивалент на смртната казна, е прогонот од заедницата.
Го рипна римското право, ама ајде ќе одиме на средновековието. Проблемот кој тука се појавува е комплексниот систем на управување. Имаме големи градови, имаме империи. Немаме построги казни, имаме постоги методи на изнуда на делото (океј, и начинот е променет, не е каменување, туку бесење). Комплексниот систем бара поголема државна контрола, пред се државен систем за наплата на даноци, пари кои се користеле за ширење на империјата преку неограничени војни. Во овој период се појавуваат и првите големи апсолутистички монархии (ги имало и претходно, каде кралот се поистоветувал и со самиот Бог), каде силата лежи во разумот на еден човек. Токму системот на наплата на даноците е доминото преку кои граѓаните започнуваат да добиваат извесни права. Со натамошниот историски текст во целост се сложувам.
Дури и кога се отвори дебата за 8от Аманман за Уставот на САД, под имплементирање на сурова казна не се подразбира смртната казна затоа што во времето на донесување на овој амандман оваа казна била многу својствена, односно се предвидувала на најголемиот дел од кривичните дела. Немало ни возразна граница, така и малолетник можел да биде осуден на смртна казна. Така, смртната казна остана во сила.
Лично сум поборник против смртната казна. Историски гледано, овој метод ниту вродил со плон, ниту дал резултат за подобрување на општествениот поредок. Би започнал од неконзистентноста на правниот поредок, пред се на моралот кој историски еволуира, односно исклучува одредени кривични дела од овој тип на казна (пр. некаде имаш смртна казна за прељуба, а некаде и за примање мито). Тука е и правната еволуција, каде правото неконтролирано се шири со сите општествени сегменти, така денес имаш пререгулација во однос на минатото каде имаш само базична покриеност. А треба да се наведе и правната несигурност, каде речиси и да нема закон кој не претпрел една измена и/или надополнување. Надвор о конвенциите, еднаш отворената врата тешко се затвора.
Дури и при модерниот систем знае да потфрли. Морав да пребарам, од 1973 г., до денес, во САД, 202 лица кои биле погрешно обвинети, биле убиени. Среќа во несреќа и САД го напуштаат овој метод на казнување, бројката на изречени смртни казни е под 50, што значи во просек под 1 од држава (да, немаат сите држави смртна казна, вадам просек). И во модерниот судски систем се прават грешки. Дури и кај нас, ретко кога апелација поништува првостепена одлука.
Ајде ќе одиме и со твоите примери. Делата од 27ми април се оквалификувани како терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Имаше обид за државен удар, и по твојата логика на нештата, требаше да завршат по кратка постапка! За одредена група на граѓани, овие лица, се уставобранители. Од друга страна, промената на уставното име, која исто народски е оквалификувана како велепредавство, е протната по постапката за промена на Уставот. Мораш да го земеш предвид и толкувањето на правото, пред се правното кое варира од правник до правник. Нема еднообразност на правната логика.
Нас ни требаат постоги затворски казни, со апсолутна ослужливост на казната (и дефинитивно активација на алтернативните мерки). Ни треба затворска реформа, па дури и приватизација на затворите или давање на истите под концесија. Методот каде општествениот престапник е награден со бесплатни оброци, а според економската теорија нема ништо како бесплатен оброк, кров, греење и кревет, треба да замине во минатото. Добива многу повеќе од чесниот бездомник кој спие на отворено и јаде остатоци. Затворот ќе си стане профитабилна организација, а затворениците ќе мора активно да се вклучат во креирањето на општествениот капитал, било во работилници или оние пред истекот на казната, со цел ресоцијализација, и да работат во одредени институции.
Во оваа контура излегувам од конзервативната матрица. Сметам дека улогата и значењето на државата треба да биде помала, ограничена. И секако, целосната недоверба коај ја имам во правосудскиот систем и органите на државната управа кои со години одново и одново докажуваат крајна неспособност поради широката политизација и партизација (читај: корупција и неспособност). Зошто би сакал животот да го ставиш рацете на органите кои уживаат длабока народна непопуларност?
Дека има еволуција на моралот точно и дефинитивно има пренормираност што е контрапродуктивно, менувањето на системски и други закони заради партиски интереси по доаѓањето на секоја гарнитура на власт ни е хроничен проблем, неефективноста и неефикасноста на судството друг проблем кој е посебна тема. Настрана тоа, кажав дека примената на смртната казна заради доброто од кое се лишува сторителот - животот, треба да биде во услови на функционален правен систем нешто кое ние не го гледаме во догледна иднина. Понатаму, и за актуелниот систем на санкции да даде резултати е потребна таа минимална функционалност која ретко ја имаме. Заради определбата за еу и хармонизирањето со еу правото покрај конвенциите јасно ни е дека нема шанси да ја видиме смртната казна во нашето право, барем не во догледно време. Ама правото не е само она што е, актурлното, туку и какво треба да биде. Грешки имало и ќе има за жал ниеден систем не е совршен. Ситуацијата со апелација кај нас е таква бидејќи ерес се смета ако укине или преиначи пресуда. Не знам дали има земји со такво високо ниво на потврдени пресуди како во Македонија, тешко за верување. Далеку е подрастична ситуацијата со успехот на обвиненијата, над 90 проценти од истите завршуваат со осудителни пресуди, ако ги гледаме бројките го имаме најдоброто и најефикасно и најбезгрешно обвинителство во Европа и пошироко. Јасно е дека голем дел од случаите се филтрираат во почетните стадиуми и за оние за кои има јасни докази се продолжува постапката, ама и со тој аргумент процентот на успех е превисок, јавното обвинителство има преголема моќ, не знам за случај во кој барање за притвор било одбиено. Да не ја шириме.
27ми април треба да се изучува на правните факултети за како не треба да се применува правото. Класика удбашка местенка, монтиран случај срамота е да се дискутира, ги уништија животите на луѓето и нивните семејства. Случај фаличен од многу аспекти. Битието на кривичното дело не е исполнето, кој и каде создаде чувство на страв и несигурност кај граѓаните, страв имаше кај таа тесната предавничка клика во Собранието, народот најнормално си функционираше. Кој направи државен удар? Тие кои влегоа во Собранието или оние кои бираа претседател на Собрание без мнозинство од 61 пратеник, по две раце креваа, без јавност на седницата, надвор од уставни и законски и деловнички процедури. Па имаш снимки рускоска како се фали како знаела пред време кој колкава казна ќе добие, си признава дека се слушала со заев, главниот сведок на обвинителството со лажни сведочења, со менување изјави под притисок на обвинителството, пиштол имало Игор Југ требало да го убие заев, на која снимка има во неговите раце пиштол и како заклучиле дека сакал да го убие заев само таа и кацарска знаат. И самата вели не се сеќавала дали видела пиштол на снимките во различни емисии. Од авион, од вселена се гледа дека е монтиран случај кој само формално мораше да се помини, си избраа од бихачка подобни судии, подобни обвинители, одбраа кој ќе оди курбан (оние кои имаа потенцијал да им ги скинат главите) за да се уништи духот на народот, за полесно да се промени името, за да види народот што ќе се случи ако некој се спротистави, и успеаа во тоа, народот со прст не мрдна, а голем дел се согласуваше со северна. Ете затоа курбан заминаа тие луѓе, некои и буквално, в затвор умреа.
Промената на името не е предавство? Не делото велепрадвство туку во општа смисла на зборот. Како промената на името не е загрозување на независноста на државата? И како заев и димитров и тогашниот државен врв не ја доведоа Македонија во потчинета положба на Грција со прифаќање на северна, прифаќањето да се легализира со т.н преспански договор нивното мешање во нашите внатрешни работи, да ни менуваат учебници, да ни менуваат имиња на стадиони, аеродроми, автопати, да ни поставуваат табли пред споменици дека се репрезенти на хеленистичката култура и другите гнасотилаци?