Кое е твоето контроверзно мислење? (Читај воведно мислење)

Jas ne si kupiv sam kukja, ja naslediv, i sega so, treba da kupam uste edna za da se dokazvam deka me biva i uspeav vo zivotot.
Se znae li sto ? :cautious:
Не, не е поента курчење.
Кој како се снајде, сплет на околности и напорна работа.

Само што спомнасфа погоре, да не понашаф како паразити и да немаф никакаф удел у општестфо.
Не за друго, такој се качуе ајкју, али кој се користи само за солење памет на социјални мреже.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mud
Дека државата ни е сиромашна и има несреќни луѓе е факт. Но не мислам дека овде парвати атакираше по тие луѓе.
Туку скроз друга категорија наречена џаболебари. Нормално дека 80% од нас наследиле куќи од своите, од памти век е вака. Мислам дека парвати го иритира непокажувањето на самоиницијативност кај трети луѓе, кој и те како имаат можност да остварат нешто со себе, пошто се добро потковани од родителите, но нивниот успех е само, ВМРО и ЕсДеЕс (рест ин пис за вторава, пис не како Мир, туку пис како Мочка и да си иссчекаме и за првата така).
 
Доволно беше за непопуларното мислење на @парва , продолжуваме со тоа на @Sussaro :

Јас на пример, ама за озбилно, секогаш сум ја имал дилемата дали за најтешки злосторства треба смртна казна или доживотен затвор. Ама не од хуманистички аспект. Туку од следниве причини:

1. Ако го утепаш гадот со инекција, тоа е исто како кога некој/а изживциран/а ќе се напие поголема доза на дијазепам и ќе си легне да спие. Ама барем си го утепал.
2. Од друга страна, со доживотен затвор не си поминува така лесно како со дијазепам, ама затоа гадот има три пати оброк на ден од државни пари, душек, кров над глава.

Затоа мислам дека е фер за одредени криминали како педофилија за претпубесценски деца, умислено убиство на дете како палчо, сериски убици и слично да има средновековно мачење од типот на набивање на кол со избегнување повреда на витални органи и присутен лекар да не м се даде да умре и да му се пролонгира смртта максимално. Дури и тоа не е доволно затоа што се работи за возрасен човек наспроти ужасиите што му ги направило на едно дете ама е најблиску нешто до еквивалетна правда.


Ако ова не ви е доволно контроверзно одиме со план Б.



Сметам дека земање на правда во свои раце кога системот не функционира е оправдано. За мене е повеќе од ок, тој/таа што пресудила од било какви причини ослободителна пресуда за прегазување на бремена жена на пешачки да и се соберат (ако имавме муда и плус како ќе ги осудиш ако се толку) 10000 души да и влезат дома и да ја линчуваат на лице место. Постои еден израз што често се користи во ваквите ситуации со кои скроз се сложувам што вика дека: Два пати ми го убивте детето/сопругот/мајка/татко/брат/сестра. Ако тој судија/судијка нема никакви обѕири кон човечкиот живот било поради пари, роднински или пријателски врски тогаш и тој негов/нејзин живот не треба да вреди ништо. Како што знаеме, системот во најдобар случај ќе и даде некоја суспензија и ќе се заборави на се.


И во двете ситуации се работи за истата тематика, дека со емпатијата се претера, дека апсолутно не е фер да се биде хуман со баш секого и дека насилството, тортурата па и егзекуцијата во одредени случаи се повеќе од оправдани затоа што такозваните човекови права во тие ситуации не се ни на кур да ги ставиш. Некои луѓе заслужуваат физичка болка, мачење и смрт.
 
Доволно беше за непопуларното мислење на @парва , продолжуваме со тоа на @Sussaro :
Една од причините за која не сум за генерална смртна казна, особено со мачење, е за невини луѓе обвинети.

У Америка секој месец искача по еден таков после 20 години лежено а невин. Ќе лапне некое миљонче од државата ама животот уништен.

Е сеа у случаеви како кај Палчовци, кај што апла е јасно дека го убиле девојчето подржувам смртна казна, со сите пропратни активности како што ги наброја Сусаро.

За второто прашање исто не подржувам у време кога со АИ може лесно да се лажира се и да се сврти јавно мислење. Башка јавноста е содржана главно од дебили така да многу лесно може невини луѓе да страдаат.
 
Се согласувам со двата ставови. Баш деновиве размислував зошто гилотина за Антоанета и Луји? Па нели би било подобро да ги остајш да работат? Пример тој да паси офци, а незе пуштија со кравите и свињите. Ќе ги рехабилитираш скроз. Ама биле моќници со свои приврзаници. Сигурно не си можел така да ги пуштиш низ тртушки.

Црна Гора набодуваше Турци на колец. Некој ќе речи свирепо, ама само тоа испрати сигнал дека не се добредојдени во српска Спарта. Истото го правеше и Романија.

Мерките кој ги предлага Суси за конкретно споменатите случаи се скроз фер и грмат правда, а не сурови и свирепи. Свирепо е да убијаш мајка и дете, а судот да ти пресуди невиност. Тоа е свирепо и горчливо. Не правдата, која ќе беше супер народот да си ја земе во свои раце, кога веќе избраниците со плати од илјадници евра - не ја спроведуваат. Ако јас не работам како што треба, во Швајцарија ми следи отказ. Ако судијката не суди правда, слечи ја од сите титули, нека работи во Кам.
 
А што станува со Велепредавство?!
Во нормална земја тоа е инстант куршум во тил, откако душата ќе му ја извадат за кого и како одработувал!
Промена на име, преспански договор, бугарски договор, 8 од карти..
Тоа е дефиниција од учебник за таква казна!

Ако веќе се воведува смртна казна, по сите меѓународни критериуми ова (и овие) треба да бидат први!
 
А што станува со Велепредавство?!
Во нормална земја тоа е инстант куршум во тил, откако душата ќе му ја извадат за кого и како одработувал!
Промена на име, преспански договор, бугарски договор, 8 од карти..
Тоа е дефиниција од учебник за таква казна!

Ако веќе се воведува смртна казна, по сите меѓународни критериуми ова (и овие) треба да бидат први!
Треба да се почне прво од генерал Форина кој што е велепредавник со тапија, црно на бело, па Аљи Ахмети па после сите македончиња што им клекнаа на колена.

Док дојдеме до Грујо и Зајко ќе нема место на гробиштата.
 
Треба да се почне прво од генерал Форина кој што е велепредавник со тапија, црно на бело, па Аљи Ахмети па после сите македончиња што им клекнаа на колена.

Док дојдеме до Грујо и Зајко ќе нема место на гробиштата.
И тоа што викаш...
ама ќе компостираме ако треба.. органско земјоделство!
Битно нема ништо контроверзно во смртна казна со мачење за одредени дела!
 
За смртна казна да функционира како што треба, прво и прво треба да има одлично судство.
Никако не би била да има кај нас.
За педофилија казна соодветна е кастрација, физичка, не хемиска.
Тие затвореници всушност не мора да се убиваат, може да се стават во работнички логор, да работат високо ризични работи, каде што и ќе си го обработат оброкот, а и ќе бидат корисни за државата.
 
Ако веќе се воведува смртна казна и ако некој биде погубен, нека му се донираат органите доколку се здрави и функционални на некој што му требаат. Кој каков сака нека биде, сепак има нешто што му треба на некого...
 
Смртна казна по што ќе се искористат органите е одлична варијанта. Ако веќе нема смртна следно добро нешто е логори - работа по цел ден и измачување. Барем да има некаква полза и продуктивност. Всушност во сите затвори тоа би требало да биде приоритет број еден - производство на одредена стока. Зошто да лежат по цел ден и да се дрогираат кога може физичка работа. Кај тие со екстремни казни - тестирање лекови, операции, тешка физичка работа.
Сега кога си го читам мислењето, смртната казна ми паѓа во 2-3 план, после варијантите што ги набројав погоре. Некаква корист да има.
 
Не за смртна казна.

Не е спорно дека некои видови криминал заслужуваат најсвирепи казни. Но смртната казна има барем 2-3 проблема.

Првиот проблем е неможноста за поправање на грешка. Развојот на AI ќе доведе и во сомневање и дела извршени пред камера. Еднаш кога некому ќе му летне главата, доцна е за се.

Вториот проблем е дека во опшества како нашето, без т, смртната казна би се користела како начин за ослободување од неподобни, и од оние што мрчат многу наместо да си гледаат работа.

Третиот проблем, дискутабилно, но за некои смртната казна е помала казна од доживотната робија, посебно ако затворот не е во Скандинавија.

Како јас гледам на работите, со доживотна робија скотот се тргнува од улица. Тоа што ќе го храниме 3 пати на ден не е проблем, тие пари ако не одеа за неговата храна ќе одеа за некој службеник да ја одведе секретарката на службено патување на планина, и во тој случај подобро нека јаде олошот. Од друга страна се дава време да се корегираат евентуалните грешки во случај на невиност. Тие што гледаат документарни крими серии знаат дека голем број на луѓе испаднаа невини за дела извршени пред да се појави ДНК-анализата, па испадна дека врска немале со делото и вистинските сторители беа најдени. Таквата грешка веројатно нема апликација повеќе, но само покажува дека невини луѓе и тоа како можат да заглават за најтешки дела само затоа што се нашле на погрешно место во погрешно време.

На крајот, за една работа сум бил отсекогаш против: намалување на казна затоа што човекот бил жртва на насилство како мал, имал трауми, ти реков ми рече... сочуствувам со тоа и многу луѓе имаат трауми, им се случиле секакви работи, но не одат да убиваат или да ги прават истите работи кои им се случиле. Дури и да може да се докаже без никаков сомнеж дека човекот извршил дело бидејќи кога бил мал му се случило тоа и тоа, и дека се е тоа поврзано без сомнеж, пак не би му го сметал за олеснителна околност. Едноставно life sucks, штета за него, но проблемот сега е што тој е опасност за другите, а причините зошто тој дошол во ситуација да биде опасност за другите ми се тотално нерелевантни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom