Не се лоши измените на КЗ, ама треба комплетно реновирање на правниот систем, особено на системот на кривична правда кој е во рацете на исти луѓе 30 години, квази професори, експерти со купени дипломи, правници со завршено право со врски и секако старите комуњари со индоктринација од Белград кои при осамостојувањето препишувале закони од поранешна југославија, а денес од Германија и Франција, иако општествените, економските и политичките прилики се небо земја разлика. Фосили како камбовски и компанија.
Забранета е со Устав и Македонија ја има ратификувано Европската конвенција за човекови права и нејзиниот протокол со кој се забранува смртната казна, ама ако се има волја се менува тоа и покрај меѓународните квази санкции кои ќе ни ги наметнат, како и добронамерни „препораки“, „извештаи“ и слични документи за потребата од напредок на човековите права, само за основните права на Македонците за самоопределување и правото да се идентификуваме како Македонци не им е грижа.
Има категории на сторители на кривични дела кои не можат да се ресоцијализираат и реинтегрираат, па така постоечкиот систем на санкции е несоодветен за нив.
Како затворот ќе влијае врз сериски убијци да се поправи нивното поведение кога причината за сторување е психолошка, инстинкт или шо и да е. Како ќе се ресоцијализираат убијци на деца, психопати како палчовци? Како позитивно ќе влијае затворот врз радикализирани исламисти и терористи кои заминале да се борат во Сирија, Ирак, на Блискиот Исток, или имале намера да заминат и сечеле глај на христијани и убивале и масакрирале христијани меѓу кои и деца и жени? Имаме такви доста по затворите по акциите Ќелија 1 и Ќелија 2, дел не добија долгогодишни затворски казни и ќе излезат за брзо, ако дел и не се излезени. За нив нема ресоцијализација и реинтеграција, не е возможна, кај нив е всадена омразата кон христијаните и никаков затвор нема да им ја отстрани, дури и во затвор продолжуваат со нивните активности, бараат кандидати во затворите за регрутирање за вршење на и такви треба да се пуштат низ македонските градови да шетаат слободно меѓу нашите деца и жени.
Како ќе се поправат и реинтегрираат во општеството педофили? Кај нас има опција за хемиска кастрација во замена за намалување на казната и тоа само по согласност на педофилот. Тоа е несоодветно за таквата категорија на лица и во најмала рака кастрацијата е задолжителна заедно со висока казна затвор. Меѓутоа за такво гнасно дело нема друг лек освен ликвидација и нема ни да има. Тој кој посегнал по дете и да го кастрираш не е решение, утре другиден пак ќе шета по улици и како демек нема да е способен да изврши друго гнасно дело кон дете иако не е сексуално.
И на крајот предавството. Такво нешто не се простува. Тој кој ќе ја предаде сопствената земја, ќе го предаде и своето семејство и своите најблиски (како заев). Не за џабе ова отсекогаш низ историјата било едно од најтешките дела, од антиката до денес. Простување за ова не е опција, не може да поставуваш долна казна за велепредавство од пет години, а и за другите кривични дела против државата такви смешни долни граници, да може да се изрече и 20 години, кај некои и доживотен затвор, ама ако суди судија кој има долг кон предавникот, предавниците, а такви кај нас ги има многу, избирани од струмичкото тевтерче на зоран и вице заеви, кои по нивна заслуга станале судии, обвинители, напредувале во кариерата, станале шефови на државното обвинителство, на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, претседатели на Основни судови, Апелациони судови, на Судски совет, на Совет на јавни обвинители, влегле во Уставен суд, во Врховен суд, во Управен и слични високи позиции, ти ќе чекаш од него да досуди строга и праведна казна за предавникот? Мало сутра. Дури и да беа луѓе на место нашите судии и обвинители, смртната казна за ваквите дела е задолжителна, да се казни директно сторителот, генералната превенција да биде на високо ниво, односно да се покаже на другите актуелни и идни политичари и функционери како завршуваат тие кои ја издале сопствената држава, да не му текни и на нив на такви и слични дејствија. И уште една важна работа се покажува односот на државата и правниот систем и општеството кон чувството на државност и припадност и покажува кои принципи и начела во државата се најважни, дека со атрибутите на државноста нема играње и тоа е пред се насочено кон непријателските држави и странските служби кои ќе бидат свесни дека државата сериозно ги сфаќа овие работи и дека ќе им биде тешко да регрутираат и поткупуваат наши политичари изроди, па и обични граѓани кои ќе шпионираат и продаваат информации за пари.
Заев, таче ќурка, шеќеринска, стево, па и наназад бранко кој не сторил Загрозување на независноста со доведување на Република Македонија во потчинета положба кон Грција, Бугарија, Албанија, САД, Велика Британија кон кој се не и да се казнат со најмалку 5 години затвор, не оди така тоа.
И генерално е потребно заострување на казнената политика во сите области: сообраќај, имот, животна средина, за делата против службената положба, крвните деликти, делата против правниот сообраќај, културното наследство, против вооружените сили итн., сите овие се поврзани со корупцијата на директен или индиректен начин и мора зголемување на казните.
Ама ова со смртната казна е добар почеток за рестарт на државата и правниот систем, а и целокупното општество.
И преку кур со Устав била забранета, конвенции сме ратификувале против истата, ќе реагирале невладините, ќе реагирала меѓународната заедница. Нека реагираат, ич кур не треба да не боли, независна и суверена земја сама си го уредува правниот поредок, другите чекаат наредби и дозволи од странство. И Уставот триста пати е сменат на штета на македонскиот народ, на штета на Македонија како држава, на штета на историјата и идентитетот на Македонците, редно е еднаш да се смени во корист на Македонија и Македонците.