Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Прегледај го приврзокот 464097
Магарето му рекло на тигарот:
– Тревата е сина.
Тигарот одговорил:
– Не, тревата е зелена!
Настанала расправија и отишле кај лавот, кралот на шумата, да ги решат несогласувањата.
Уште пред да стигнат до местото во шумата каде што лавот седел на својот престол, магарето почнало да плаче:
– Ваше височество, дали е вистина дека тревата е сина?
Лавот одговорил:
– Да, тревата е сина.
Магарето се воодушевило и продолжило:
– Тигарот не се согласува со мене, се расправа и ме нервира. Те молам казни го.
Кралот на ѕверовите тогаш рекол:
– Тигарот ќе биде казнет со 5 години молчење!
Магарето радосно скокнало и продолжило, задоволно повторувајќи:
– Тревата е сина, тревата е сина…
Тигарот, прифаќајќи ја својата казна, го прашал лавот:
– Ваше височество, зошто ме казнувате? Дали тревата е зелена?
Лавот одговорил:
– Навистина, тревата е зелена.
Изненадениот тигар прашал:
– Тогаш зошто ме казнуваш?
Лавот на тоа му одговорил:
– Нема врска со тоа дали тревата е сина или зелена. Казната што ја добивте е дека толку храбро и интелигентно животно како Тигарот не може да си го губи времето расправајќи се со магарето. И да доаѓа кај мене со вакви прашања“.
Најлошото губење време е да се расправате со будала и фанатик кој не се грижи за вистината или реалноста, туку само победата на своите верувања и илузии. Никогаш не губете време на бесмислени расправии. Има луѓе на кои колку и да се обезбедат докази и факти, сепак не се во состојба да ги разберат. Единствено што сакаат е да бидат во право, иако тоа е далеку од тоа.

Кога незнаењето вреска, интелектот молчи.
А кога интелектот молчи, будалите владеат...
 
Не довршив...И курвите се богатат :)
Џабе парите од продадена татковина, но гледа Господ, на крајот клетвите и страдањата ќе ги носат на душа или они, или нивни блиски, животот е круг.
 
Нова кривична пријава против ексградоначалникот Костадин Костадинов за штета од над 668 илјади денари
Кривична пријава за „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ е поднесена против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, како и против двајца вработени во општинската администрација, соопшти Министерството за внатрешни работи.

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднело кривична пријава против К.К. (35) и Б.Ш. (64), двајцата од Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, како и против И.Г. (54) од Струмица, поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Според МВР, И.Г., во својство на раководител на Одделението за администратирање на приходи при Општина Струмица, постапувала спротивно на Законот за даноците на имот. Таа, во четири наврати, ги пречекорила своите овластувања со изготвување решенија за даночно ослободување од данок на промет на недвижен имот при продажба на станови од станбена куќа со наменска класификација А1.

Ослободувањата биле одобрени со повикување на член 25 од Законот за даноците на имот, иако таа законска одредба се однесува исклучиво на станбени згради и станови со номенклатура А2.1, а не на станбени куќи со класификација А1.1, какви што биле предметните недвижности.

Дополнително, во три од четирите случаи, И.Г. се потпишала и во полето „потврдил/контролирал“, иако за тоа бил надлежен второпријавениот Б.Ш., кој во тие моменти бил отсутен.

Б.Ш., како раководител на Секторот за финансиски прашања, и Костадин Костадинов, како тогашен градоначалник на Струмица, според пријавата, постапиле несовесно и пропуштиле должен надзор над предметите. И покрај неправилностите, тие ги потпишале решенијата за даночно ослободување изготвени од И.Г.

Со ваквото постапување, како што наведува МВР, на буџетот на Општина Струмица му била нанесена штета во износ од 668.388 денари.

Ова е втора кривична пријава против поранешниот градоначалник Костадин Костадинов. Пред околу две недели, против него и уште пет лица беше поднесена кривична пријава за злоупотреба во постапка за јавна набавка поврзана со набавка на електрични автобуси за Општина Струмица.
 
Џабе парите од продадена татковина, но гледа Господ, на крајот клетвите и страдањата ќе ги носат на душа или они, или нивни блиски, животот е круг.

Неспорно е дека секоj од нас сноси последици од своето поведение уште во овој свет и во овој живот...туку...ликојте кои ја расподаваа „нашата земјата„ сега лежат во комфор, а последиците од нивните предавства ги трпиме/трпат сите кои имаат грам патриотизам во себе....што баш и не (ми) е некоја утеха.
 
Последно уредено:
Неспорно е дека секо од нас сноси последици од своето поведение уште во овој свет и во овој живот...туку...ликојте кои ја расподаваа „нашата земјата„ сега лежат во конфор, а последиците од нивните предавства ги трпиме/трпат сите кои имаат грам патриотизам во себе....што баш и не (ми) е некоја утеха.
Да, и за жал и ден денес уште ги влечат конците, независно дали од позиција на власт или од позиција на луѓе нафатирани олигарси, кои ја користат и употребуваат власта за да си ја зголемат моќта и парите. дпне и сдс се иста паричка со две лица..
 
Ќе излезе се еден ден, од одговорноста никој нема да биде поштеден, нивната историска улога додека биле живи и на функција за некои ќе биде бела, за други испишана со црни букви, многу и ќе бидат заборавени.
Но тоа не е главниот проблем, туку ние треба на новите генерации да им оставиме книги со инпакт фактор за случувањата од независноста до денес, само новите генерации можат да ја спасат нацијата и народот, ние за жал сме родени во времиња на понижувања, но децата утре да не забегаат од комшиските пропаганди и да чуваат нација, независност и унитарност под оружје.
 
И по еден коледар албанец на четворица коледари.

Туку ги следам бугарскиве поткасти, 2 бона беа на еден поткаст кај еден шовинист кој изиграва либерален бугар, и заклучок ми е дека скоро цела рап сцена е окупирана од бугарските служби, и мислам дека не е случајно, таргет група им се младите, од Слаткар, Тони Зен сега и 2 бона.
Пропагандата работи.
Ама џабе.
Всушност и првите бугарски обиди во Македонија беа преку музиката и Македонски идол на случајната А1 телевизија и тогашната случајна водителка од Македонска страна.
Така ееееее. Подобро срби одколку бугари, нели?

Македонски Идол беше друг проект, скроз македонски, наше најголемо продукциско достигнување кое никогаш нема да се повтори. Може да мислиш што сакаш за А1, ама А1 беше свет во тој поглед. Еве ви ги сега Лила и кутиите.

Тоа за кое ти збориш е бугарски проект во кој што учествуваа и македонци. Исто како Звезде Гранда и Пинкови гомна.
Таму барем имаше македонска водителка а еве како сега северните браќа се однесуваат со нас.

2бона не заслужуваат ни тронка хејт, они полнат клубови во Бугарија и бугарските деца пејат македонски песни. Познати се и во Србија. Ниеден македонски изведувач го нема постигнато тоа, надвор од границите да се пејат македонски песни на настапи. И Тоше пееше на српски/хрватски. Пајак кој исто стана познат на балканот, има неколку српски соработки каде пее српски. 2 бона исто имаат и српски и бугарски соработки ама рапуваат исклучиво на македонски јазик.

Нареден викенд ќе го наполнат Јане Сандански. Единствени нови изведувачи што можат да го направат тоа, сите други што прават концерти се по 15+ години активни. Они заслужуваат само почит што колку толку ја оддржуваат нашата сцена во живот.

Бугарската пропаганда преку музиката и телевизијата е непостоечка веќе со години. Како дете се сеќавам Планета беше мегапопуларна и се слушаа бугарски песни(барем во источна Македонија ама ваљда е било така секаде). После скроз ја снема и со години не се слушаше бугарска музика додека не се појави Криско и Под прикритие кои беа популарни 2-3 години, е после тоа е 100% српско влијание и нема ништо македонско. Уствари има млади луѓе кои се трудат ама за жал ние го бираме српското секогаш.
 
Последно уредено:
Ќе излезе се еден ден, од одговорноста никој нема да биде поштеден, нивната историска улога додека биле живи и на функција за некои ќе биде бела, за други испишана со црни букви, многу и ќе бидат заборавени.
Ќе излезе еден ден? Излезено е, се се знае..Koj што украл, од каде и колку.....И што? Ништо....Сите се веќе поштедени и амнестирани....Нормално, од земниот суд...А и од нас народот, бидејќи молчиме и со нашиот молк го одобруваме тоа...Факт...

Се знае од 91ва наваму секоја власт што иди наредна е се полоша и полоша... Освен периодот од 98ма до 2000, и 2006/2007, сите други периоди не само што стагнираме, туку се враќаме наназад, и секоја наредна влада наместо да е подобра, кај нас се усовршува во крадењето, си се штитат меѓусебно а народов си ги копа очите дпне сдс, а тие договорено не владеат како овци еве 35 години...

Полна уста Груевски вака, Мијалков така, нема слобода, правда курци палци...Го турнаа Грујо. Кој одговараше? Гордана и тоа за Мерцедес кој сеуште го возеа и возат и Зајко и Мицика, Грујо го пуштија да им избега во Будимпешта. Зајко го смена името, овие сегашните ќе го затвораа за велепредавство, за тешки криминали, еве 2 години поминаа, Заев почна згради и во Дубаи да гради...

А за лажењето да не прајме муабет. Со секој премиер наваму апгрејд верзија добиваме во крадење.....
 
Така ееееее. Подобро срби одколку бугари, нели?

Македонски Идол беше друг проект, скроз македонски, наше најголемо продукциско достигнување кое никогаш нема да се повтори. Може да мислиш што сакаш за А1, ама А1 беше свет во тој поглед. Еве ви ги сега Лила и кутиите.

Тоа за кое ти збориш е бугарски проект во кој што учествуваа и македонци. Исто како Звезде Гранда и Пинкови гомна.
Таму барем имаше македонска водителка а еве како сега северните браќа се однесуваат со нас.

2бона не заслужуваат ни тронка хејт, они полнат клубови во Бугарија и бугарските деца пејат македонски песни. Познати се и во Србија. Ниеден македонски изведувач го нема постигнато тоа, надвор од границите да се пејат македонски песни на настапи. И Тоше пееше на српски/хрватски. Пајак кој исто стана познат на балканот, има неколку српски соработки каде пее српски. 2 бона исто имаат и српски и бугарски соработки ама рапуваат исклучиво на македонски јазик.

Нареден викенд ќе го наполнат Јане Сандански. Единствени нови изведувачи што можат да го направат тоа, сите други што прават концерти се по 15+ години активни. Они заслужуваат само почит што колку толку ја оддржуваат нашата сцена во живот.

Бугарската пропаганда преку музиката и телевизијата е непостоечка веќе со години. Како дете се сеќавам Планета беше мегапопуларна и се слушаа бугарски песни(барем во источна Македонија ама ваљда е било така секаде). После скроз ја снема и со години не се слушаше бугарска музика додека не се појави Криско и Под прикритие кои беа популарни 2-3 години, е после тоа е 100% српско влијание и нема ништо македонско. Уствари има млади луѓе кои се трудат ама за жал ние го бираме српското секогаш.
Јас не го негирам српското влијание и го мразам, туку ти што се палиш за бугарите, јас поради нив сум ги отпишал, слаткар кој не спореди со вардарска бановина, дац што одеше да прави колаборации со бугари на Македонски народни песни во време на улавиот договор, има многу примери и си ги знаеме, патем јас дете бев му замерував на Тоше за песните на српски а не па некој наш да им оди на поткасти на бугарите, особено на тој, има емисија пред 2 бона како се смее тој латентен педер за историската комисија со Македонија, и сега не требало хејт што му отишле на гости, океј...

Ти би отишол на поткаст кај ваков?
Заслужуваат хејт.
На прво место имам образ, и утре не ќе можам на мојот прадедо и прабаба родени 30сетина години пред Илинден свеќи да им запалам на гробот.
 
Последно уредено:
Со затворање на трезорот, официјално Северна бановина нема пари. Шо значи то? То значи дека т.н.р. "политичари" не се способни да ја водат држвата (факт никогаш не биле), а чим нешто пропаѓа, нема пари, нем излез друг го купува, односно поделба во овој случај. Северна бановина нема геополитика од осамостојувањето, зашто беше врзана за Југославија, друг ја водеше, не самите, северџаните го слават Тито затоа што Тито по дифолт е цар НМК. Да беа способни уште од 1991 че бевме во ЕУ. А со потпишувањето 2001 поразителниот договор сѐ појде џенем.

Од арамиите на власт нема никаков геостратешки план, ниту че има. Шо очекуваш од арамија, тој пија, кради, јади, ужива не го интересира другото, не го интересира заедницата, туку тој е битен, тој е центарот, сѐ друго останатото е нерелевантно.

Наместо северџаните да се потрудат барем во шенген зоната да влезиме, ни то не се потрудија.

Од геостратешки аспект доволно беше само шенген зоната, и соработување со Русија а особено со Кина.

Да би бил јас би ги оставил Кинезите да градат сѐ во НМК да влезат во Европа и со то автоматски пораз за вавилонската ЕУ.
 
Во реалноста, на „нашата земјаата„ и‘ се дадени точни инструкции што смее а што не смее.

На пример, не смее да има добри односи со Руската Федерација (И Зоќе и Мицика имаат иста одговорност за тоа...), не смее да зема кинески кредити (кажано од Мајк Помпео до Зоќета, а спроведувано и од Ацета из Охрид....), не смее да нема врски со ЕУ (оти од ЕУ се внесени купишта пари како помош, а ЕУ никад нема да ни ги заборави и прости...), не смее да купува руски гас, ама мора Израелски и тн...

Према томе...на наредните избори пак да си ги гласате, оти и онака нема да сторат ништо корисно за „нашата земјата„...освен за нивните џебови, нели.
 
Јас не го негирам српското влијание и го мразам, туку ти што се палиш за бугарите, јас поради нив сум ги отпишал, слаткар кој не спореди со вардарска бановина, дац што одеше да прави колаборации со бугари на Македонски народни песни во време на улавиот договор, има многу примери и си ги знаеме, патем јас дете бев му замерував на Тоше за песните на српски а не па некој наш да им оди на поткасти на бугарите, особено на тој, има емисија пред 2 бона како се смее тој латентен педер за историската комисија со Македонија, и сега не требало хејт што му отишле на гости, океј...

Ти би отишол на поткаст кај ваков?
Заслужуваат хејт.
На прво место имам образ, и утре не ќе можам на мојот прадедо и прабаба родени 30сетина години пред Илинден свеќи да им запалам на гробот.

Добро можеби тој подкаст им е утка ама тоа што успеаја млади луѓе во Бугарија и Србија да ги натераат да пејат на македонски јазик е поголемо надворешно достигнување од било кое на било кој политичар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom