... ама сте ми смешни, дајте бидите сериозни, ЕУ ќе прателе пластични шишиња, стакло, пластика и хартија како отпад во Македонија им притребало
...а бе тие имаат нуклеарки треба од тој отпад да се ослободат, од отпад од тешка индустрија, хемиска индустрија токсичен отпад не само за човекот туку и за нивно живеалиштето и природата и тој отпад нема да иде во Дрисла, туку во постоечките напуштени хали во фабриките каде се преработувале хемикалиите и додека спиеме некоја будала ќе ги пушти низ отворите во речните корита, па рибарот ќе улови некоја риба која во темница флуоросцентно свети, ќе ја изеде со семејството и преку ноќ наеднаш ќе се разболат, што им биднало, ај на токсикологија... итн.
Отворен цитат:
Фабриките за рециклирање на отпад од пластика, дрво, стакло и хартија се широко распространети низ Европската Унија, со значителни концентрации во Германија, Франција, Холандија, Белгија, Шпанија, Италија и Полска. Овие земји имаат високи капацитети за рециклирање и силен фокус на циркуларната економија.Иако специфичните локации на компаниите се бројни и постојано се развиваат, главните центри за различни материјали вклучуваат:
Пластика:
Земјите со висок капацитет за рециклирање пластика вклучуваат Германија, Шпанија, Италија, Франција и Холандија. Специфичните оперативни постројки споменати во резултатите од пребарувањето вклучуваат постројки во Гелен (Холандија), Алмерија и Севиља (Шпанија), различни локации во Белгија и Литванија (на пр., Plasta Group) и во рамките на мрежата Veolia низ Шпанија, Холандија и Португалија.
Дрво:
Германија е главен производител и рециклирач на отпадно дрво, по што следат Франција, Италија и Финска. Компании како Pfleiderer управуваат со постројки за рециклирање на отпадно дрво во германски градови како што се Гитерсло, Лојткирх и Нојмаркт.
Sonae Arauco управува со центри за рециклирање во Португалија (Ecociclo) и Шпанија (Tecmasa). Центарот за рециклирање „Стена Нордик“ во Халмстад, Шведска, е исто така голем објект кој обработува сложени текови на отпад, вклучително и дрво.
Стакло:
Германија се гордее со високи стапки на рециклирање стакло (до 60-90% рециклирана содржина) со компании како „ПреЗеро“ кои работат со објекти во Германија и Полска. „Сибелко“, клучен глобален играч, има над 60 објекти за рециклирање низ цела ЕУ, вклучително и во Белгија, Франција, Италија, Велика Британија, Полска и Естонија.
Мрежи за рециклирање специфични за рамно стакло, како што е „Влакглас Рециклирање Недерланд“ (VRN), постојат во Холандија.
Хартија:
Значајни фабрики за хартија кои користат отпадна хартија се наоѓаат низ цела Европа. Примери за нив се фабриките во Винер (Германија), Стразбур (Франција), разни локации во Полска (на пр., Стора Енсо Остролека Мил) и други објекти во Финска, Шведска и Белгија.
Затворен цитат!
...еве да речам дека не е нуклеарен отпад, радиоактивни материи, може го претерав, песимист сум за овие работи никој не ни сака добро или да ни помогнат, но тие ќе транспортираат отпад што не може да го рециклираат во ЕУ или е неисплатливо,
... ЕУ ќе транспортира разни отпадоци, рециклирачки материјали како метали (челик, алуминиум, олово), хартија, контаминирани масла, електронски отпад, но ова често вклучува опасни компоненти (како загадувачи на стакло) и со слаб надзор поткупени фирми, корупција во еколошки контроли, носат ризици по животната средина и потенцијални влијанија врз здравјето од процесите на загадување, лично не им верувам за гаранциите за безбедна обработка, предмети како стакло од WEEE, кое изгледа чисто, а содржи опасни адитиви,
...целиот ЕУ отпад содржат загадувачи што го комплицираат стандардното рециклирање и слабите еколошки прописи и спроведување на Балканот може да доведат до непочитување, дури и со гаранции за безбедно рециклирање, а душогрижничката ЕУ под маската на целите на ,,циркуларната економија", демек со финасиски бенефит ни помага во економијата, а цела наша околина и природа ќе ја загадиме и уништиме и ќе нема кој да раскажува, зошто ние за краток временски период ќе се поотруеме од тој отпад, што од храна, што од вода што од воздух!