ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Патување 45: 2014 - 08.12-21.12.2025)

45. 2014

1. Mommy


Прегледај го приврзокот 463551

Со многу раздвоени мислења сум за филмов. Сакам да го оценам со 1 и со 5 истовремено.
Приказна за самохрана мајка и нејзиниот ментално ретардиран син. После исклучување од школо синот останува дома и целото време го поминува со неговата мајка, подоцна во животот им влегува и соседката од спортива(која патем не можеше да биде нормална и мораше да има нешто што и кај неа не работи - дткаше и не можеше да изговара долги реченици). Целото време им е исполнето со викање, кршење, урлање и од време на време нежни семејни моменти.
Филмов од страна на глума, камера, музика е перфектен! Ама од друга страна целиот тој хаос, врекање, едно исто ме напна. Пцуењето и тепањето на мајката од страна на синот исто многу ме вознемири. Можеше можеби по друг начин сето тоа да биде прикажано.


3/5
Мене ми беше чиста десетка филмов! Со него и го засакав Ксавиер Долан (да не се разбереме погрешно, не така, зашто мислам дека е геј :P ). Има мноооогу добри филмчиња дечково, еден од најдобрите млади режисери на денешницата е, според мене. Ако имаш време, ѕирни го It’s Only the End of the World (2016). Со Гаспар Улиел е филмот, актерот што загина на скијање пред некоја година.
 
The book of life (2014) (гледан на 11.12.2025)

Сакав да прошарам и со анимација. Приказната, како приказна, е интересна. Првично ја следиме приказната за Манољо, Јоакин и Марија, нивните детски соништа и надежи.

Манољо, поттиснат од неговиот татко, станува тореадор. Притајно, секојдневно, се навраќа на својата втора љубов, музиката, и со својата гитара и посветува песни на својата прва љубов, Марија.

Јоакин е херојот, носител на низа медали, меѓу кои е и медалата на вечниот живот. Двајцата се пиони во долгата шаховска партија за превласт на кралот Хабалба кој владее со земјата на заборавените и Ла Муерта, божицата на смртта која владее со земјата за запаметените.

Манољо мора да се соочи со еден од најголемите стравови во животот, стравот од смррта, со надеж дека вечно ќе биде со својата љубов Марија.

Повеќе од веројатно ги унаказив имињата, ама тоа е...3,5/5


The Equalizer (2014) (догледан на 12.12.2025)

Роберт (Дензел Вашингон) е матрикс-осветник. Чудно ми е да го класифицирам како херој, кога зад себе остави планина од тела, ама сите, помалку или повеќе, имаа опција да изберат во која насока ќе продолжи нивната животна приказна. Ги следиме неговите педантни животни рутини, каде се запознава со Тери/Алина, девојче принудено на проституција од страна на руската мафија. Принуден е да застане помеѓу мафијата и Алина кога таа завршува во билница, а мафијата не сака да ја купи нејзината слобода.

Нешто што недостасува е приказната за Роберт. Дознаваме за неговата сопруга и толку. Ликот нема длабочина, а има воена дисциплина. Диру и во неколку наврати го прашуваат „кој си ти?“, а на тоа прашање не добиваме одговор. Клои е преслатка, една од ретките успешни приказни на децата-актери, штета што е либералка. 3/5


Deliver us from evil (2014) (гледан на 12.12.2025)

Овој филм претходно го имав гледано, на DVD пред речиси 10 години. Хорор без многу хорор елементи. Со исклучок на последните 10 минути од филмот, следиме досадна приказна во која двајца џандари сакаат да решат мистерија која опфаќа неколку убиства, исчезната личност и мистериозно самоубиство. Мислам, колку треба да си глуп од нула до цајкан за да ставиш рака во келија на очигледно ментално болен пациент и да не очекуваш да бидеш повреден! Низ целиот филм добиваш делчиња од сложувалка, на крајот има егзоицизам, и толку. 2/5


Paddington (2014) (гледан на 13.12.2025)

Интересно е тоа што за мечето Падингтон знам преку нумизматиката, него ли преку книжевноста. Англија има во циркулација неколку монети со ова мече, кои сеуште се во оптек, кое го прикажуваат во близина на неколку нивни знаменитости.

Семеен филм за мечето со чиста душа, Падингтон, кое ја напушта дивината на Перу и се сели во Англија, Лондон. Прашањето е дали ова трапаво мече ќе стане предмет изложен во природнонаучниот музеј или ќе тамошното семејство ќе го посвои и ќе биде проширено со ова љубопитно и учтиво мече. 3,5/5


The grand Budapest hotel (2014) (гледан на 13.12.2025)

Тука следиме приказна во приказна. Стариот Зеро ја раскажува приказната за своите зачетоци во гранд хотелот Будимпешта, кога хотелот бил во пикот на својата слава и популарност. Времиња кога собите биле букирани со етаблирани лица од високиот социјален статут, најчесто повозрасни госпоѓи кои паднале на шармот на рецепционерот Густав.

Зачетокот на драмата-мистерија е смртта на Мадам Д., која влегува во заводничкиот профил на Густав. Густав е еден од тестаменталните наследници, наследува слика, која ја зема и ја сместува во безбедносен сеф во „Будимпешта“.

Во фимот има многу несвојствени бои, како розевата. Претпоставувам дека сакале да стават и одредени отомански дезени, на килимите, со оглед на тоа дека знанува збор за хотел во овој дел од Европа, кој помалку или повеќе имал некаков контакт со Османлиите.

Актерите комуницираат со камерата, што исто е несвојствено за еден филм. Имав впечаток како лично мене да ми се обраќаат. Тука нема игра на домунација, како што има во, пример, „Кога јагнињата ќе стивнат“, туку систем на прашање-одговор и/или конверзација помеѓу карактери од ист ранг.

Немаше многу мистерија, крајот, од аспект на мистеријата, беше предвидлив. Големото прашањето беше како Зеро (Мустафа) го наследил хотелот. Одговорот го наоѓаме во последниот акт, вториот тестамент. 3,5/5​
 
Последно уредено:
Winter Sleep (2014)
WINTERSLEEP1-superJumbo.jpg

Not seeing a man for what he is, idolizing him like a god, and then being mad at him, because he's not. Do you think that's fair?

Стефановски беше во право - сите се правиме маратонци, а секој во стомакот знае точно колку може да истрча и до каде му е дадено да стаса.

Ајдин е човек кој во суштина го претставува сето она што инаку го презира. Навидум обземен од сопствената игнорантност, како да живее во сигурноста на убедувањето дека е гласот на степата, но бедемите на самозалажувањето попуштаат пред зајадливоста што се шири како зараза. Суровата убавина на Анадолија ги нагризува нејзините жители, духовниот пустош е длабоко населен во скоро секој од нив (се надевам дека никогаш, никогаш нема да ги зафати луѓето како Исмаил и Илјас!)

Дали можеше да биде и пократок, со оглед на тоа што трае нешто повеќе од три часа? Веројатно, но тогаш сигурно немаше да ми остави толку силен впечаток. Совршен пролог, совршен крај!
 
Последно уредено:
Во фимот има многу несвојствени бои, како розевата. Претпоставувам дека сакале да стават и одредени отомански дезени, на килимите, со оглед на тоа дека знанува збор за хотел во овој дел од Европа, кој помалку или повеќе имал некаков контакт со Османлиите.

Актерите комуницираат со камерата, што исто е несвојствено за еден филм. Имав впечаток како лично мене да ми се обраќаат. Тука нема игра на домунација, како што има во, пример, „Кога јагнињата ќе стивнат“, туку систем на прашање-одговор и/или конверзација помеѓу карактери од ист ранг.
Прв филм од Wes ти е ова? Сите работи што ги опиша - светли изразени бои, контакт на актерите со гледачот, нестандартен хумор, се характеристични за сите филмови на Вес. Мене ми се допаѓа неговиот стил, баш.
 
Прв филм од Wes ти е ова? Сите работи што ги опиша - светли изразени бои, контакт на актерите со гледачот, нестандартен хумор, се характеристични за сите филмови на Вес. Мене ми се допаѓа неговиот стил, баш.
Во Хенри Шугар целиот наратив беше помеѓу камерата т.е. гледачот и карактерот. Тука беше меѓу карактерите, ама истите, при напоменатиот наратив, гледаат и во камерата.

Боите не ми се допаѓаат, кичасти ми се. Претпоставувам личен стереотип, а видам дреч розева фасада, очекувам внатре да живеат цигани кои имаат златен мебел и тиграст тепих.
 
Winter Sleep (2014)
WINTERSLEEP1-superJumbo.jpg

Not seeing a man for what he is, idolizing him like a god, and then being mad at him, because he's not. Do you think that's fair?

Стефановски беше во право - сите се правиме маратонци, а секој во стомакот знае точно колку може да истрча и до каде му е дадено да стаса.

Ајдин е човек кој во суштина го претставува сето она што инаку го презира. Навидум обземен од сопствената игнорантност, како да живее во сигурноста на убедувањето дека е гласот на степата, но бедемите на самозалажувањето попуштаат пред зајадливоста што се шири како зараза. Суровата убавина на Анадолија ги нагризува нејзините жители, духовниот пустош е длабоко населен во скоро секој од нив (се надевам дека никогаш, никогаш нема да ги зафати луѓето како Исмаил и Илјас!)

Дали можеше да биде и пократок, со оглед на тоа што трае нешто повеќе од три часа? Веројатно, но тогаш сигурно немаше да ми остави толку силен впечаток. Совршен пролог, совршен крај!
Ова е филмот со кој јас се заљубив во Нури Билге Џејлан! Човекот е гениј, и тоа најблаго кажано! Сите филмови скоро му се по 3+ саати, а по сите имав впечаток дека требаше уште да траат зашто остана нешто недоречено. Неверојатен уметник, според мене еден од топ 5 неамерикански режисери на денешницата. Многу ми се допаѓа целата естетика во неговите филмови - отсуството или минималното присуство на музика, статичната камера која ги доловува широките пејсажи, неверојатните долги дијалози, ликовите кои се толку овоземски, толку реални што ти се чини дека ги познаваш, а не се дел од филм... Не знам што друго имаш гледано од него - последните 4 филма му се сите врв. Препорака за Once Upon A Time In Anatolia, About Dry Grasses и Wild Pear Tree.
 
45. 2014

2. The Babadook


IMG_5986.jpeg

И идеме пак, самохрана мајка со син. После смртта на таткото во сообраќајка, младата мајка со нејзиниот хиперактивен син водат ток живот. Проблеми во школо, постојани халуцинации на малиот, инсомнии на мајката. Еден ден во куќата се појавува книга со наслов The Babadook, ја читаат за добра ноќ и од тогаш почнуваат хорор елементите во филмот. Мајката почнува вистински да го гледа чудовиштето, малиот искрено не знам, мислам дека беше мрднато дете.
Има елементи на хорор, ама ефектите, камерата беа ужасни. Мислам дека располагале со некаков мал буџет инаку не гледам оправдување за некои доста смешни сцени. Имаше навистина потенцијал, ако ја разберевме и целата позадина зад случувањата. Јасно ми е дека целот филм всушност е една алегорија, но не добро доловена.

2/5
 
45. 2014

3. The Drop


IMG_6005.webp

The Drop претставува криминална операција во која нечистите пари се носат од различни луѓе во некој рандом бар, за подоцна да бидат соберени од повисоките криминалци во оваа хиерархија. Таков бар е барот на Марв и Боб со реален собственик - мафијаш од Чеченија. Една вечер барот ќе биде ограбен, по што “собствениците” на барот ќе бидат приморани да ги најдат и вратат парите. Паралелно со овие случувања го следиме животот на Боб надвор од барот. Наоѓа куче на улица, кое води до запознавање со жена.
Ми се допадна овој крими филм. Имаше повеќе слоеви на приказни, добро одглумени карактери. Ова всушност е последниот филм на маестралниот Гандолфини кој многу добро си ја изигра улогата.

4/5
 
Ова е филмот со кој јас се заљубив во Нури Билге Џејлан! Човекот е гениј, и тоа најблаго кажано! Сите филмови скоро му се по 3+ саати, а по сите имав впечаток дека требаше уште да траат зашто остана нешто недоречено. Неверојатен уметник, според мене еден од топ 5 неамерикански режисери на денешницата. Многу ми се допаѓа целата естетика во неговите филмови - отсуството или минималното присуство на музика, статичната камера која ги доловува широките пејсажи, неверојатните долги дијалози, ликовите кои се толку овоземски, толку реални што ти се чини дека ги познаваш, а не се дел од филм... Не знам што друго имаш гледано од него - последните 4 филма му се сите врв. Препорака за Once Upon A Time In Anatolia, About Dry Grasses и Wild Pear Tree.
Последниот со години чека да биде пречкртан од списокот! Овој испадна сосем случајно, среќа што го начекав во видеотека, инаку мислев да го барам Leviathan.

Мене прв ми беше Касаба (на Филмовижн :love:), кратко потоа на Манаки го гледав и About Dry Grasses - од салата излегов во еден по полноќ со укочена кичма ама восхитена! Би го гледала и Once Upon a Time, ми се чинат блиски темите што го окупираат (на некој начин ме потсетува и на Фархади) ама единствено поради времетраењето не се погодил моментот.
 
Последниот со години чека да биде пречкртан од списокот! Овој испадна сосем случајно, среќа што го начекав во видеотека, инаку мислев да го барам Leviathan.

Мене прв ми беше Касаба (на Филмовижн :love:), кратко потоа на Манаки го гледав и About Dry Grasses - од салата излегов во еден по полноќ со укочена кичма ама восхитена! Би го гледала и Once Upon a Time, ми се чинат блиски темите што го окупираат (на некој начин ме потсетува и на Фархади) ама единствено поради времетраењето не се погодил моментот.
Да, Once Upon A Time in Anatolia малку наликува во приказната на Фархади, ама стилот на Џејлан е сосема поинаков. Кинематографијата го двои од останатите, мислам.
 
45. 2014

4. Winter Sleep


IMG_6011.webp

Оваа долга и интензивна драма беше вистинскиот избор за оваа студена неделна вечер. Сместен во изолираните степи на Анадолија овој турски филм нуди совршен приказ на човечките односи, комуникацијата.. Главниот херој е пензионираниот актер, сопственик на хотел и неколку имоти во околината - Ајдин. Своето време максимално го пополнува со пишување колумни и подготовка за книга. Како што спомна во еден од своите дијалози со сестра му, слободното време и не работењето се основата на човечките проблеми и негативни мисли - нешто со кое 100% се согласувам. Проблемот кај Ајдин е што тој се смета за надчовек, за најправедниот, најморалниот, и чувство за супериорност. Тоа ќе му се одбие од глава. Но јас го сфаќам и донекаде подржувам. Варвара напиша погоре - Not seeing a man for what he is, idolizing him like a god, and then being mad at him, because he's not. Do you think that's fair? И 100% сум на страната на Ајдин.
Неговиот однос со доста помладата жена - Нихал, е напнат и секој разговор вродува со продлабочување на љубовната криза. Тој ја смета за наивна, таа него за се што набројав погоре. И овде сум на негова страна.
Сестра му Неџла е разведена, огорчена од животот, можам да кажам неебана тетка. Своите слабости ги бара во другите, обвинувајќи ги за своето минато и грешките од него.
Единственото нешто што не му го одобрував е односот со неговите кираџии. Сепак можеше да попушти, но реши и овде да прикажува супериорност.

Кога го гледав филмов имав чувство како да читам книга. Три саати, пополнети со прекрасни дијалози, пејсажи. Така се прави филм од 196 минути. Супер!

4/5
 
^ Колку добар предлог би бил за филмскиот клуб!

Многу ме изнервира таа негова глума уште во односот со имамот, потребата да прикаже дека е над ситуацијата (настрана тоа што немаше да изгуби ништо значајно ако покажеше човечност). Важно му посвети и колумна, и тон зборови низ разговорите со сестра му, тоа е таа апстрахираност :icon_lol: Поради ова докрај не го променив впечатокот дека е лажливец, кој најмногу се залажува себе (а можеби и затоа толку многу ми се допадна крајот кога барем себеси си призна дека гордоста ќе го растргне).

Јас, веројатно по женска линија, ја разбирам Нихал. Парче спокој и смисла гледаше единствено во социјалниот ангажман - и тоа и го одзеде и уште ја направи хистерична. Неџла ми беше интересен лик, што никако не би сакала да го имам во близина. Кога престанаа да и го хранат егото, ги покажа роговите. Чудно е како луѓето секогаш откако ќе кажат некоја баналност или ќе треснат епска глупост, се навредени ако наместо очекуваниот восхит ги дочека критика. Не доби тапкање по рамо и толку требаше - неколку цинични забелешки кон Ајдин, неколку злобни коментари кон Нихал, им го истресе сопственото незадоволство, им отвори раздор и повеќе не ја видовме.

Ми фали да се појави Џонтра од некоја страна и да го запечати муабетов со три букви - meh.
 
72. Плем'ја / The Tribe - Myroslav Slaboshpytskyi (2014)

1765984330716.png

Ова е филм кој ми стои во watchlist уште од 2014, а немам поим зошто никогаш не најдов простор за него. Станува збор за украински филм, таа година кандидат за Оскар од Украина (но не влезе ни во кратката листа), кој е екстремно експериментален по форма - сите актери во филмот се глувонеми и зборуваат на украинскиот знаковен јазик, но притоа нема voice-over дијалог, нема subtitles, нема никаква назнака на што се однесува нивното зборување. Т.е. оставени сме само со тоа што го гледаме сами да сфатиме што би можеле да разговараат. Интересно е што режисерот на филмот не е глувонем и не го разбирал знаковниот јазик, па иако дијалогот во филмов не значи буквално ништо, тој ангажирал преведувач кој му потврдувал дека актерите се придржуваат на текстот од сценариото.

Дејството: се работи за училиште за глувонеми деца, споено со интернат, каде постои една група на деликвенти кои себеси (веројатно) се нарекуваат „Племе“, што е и името на филмов. Истите продаваат дрога, крадат, тепаат и носат две девојки од истото училиште на секојдневно проституирање меѓу возачите на шлепери. Во училиштето доаѓа ново дете, Сергеј, кој за да се вклопи во средината, мора да се придружи на племето, па така откако еден негов соученик е прегазен од еден од шлеперите (зашто не го слуша кога се придвижува, нели), нему му припаѓа „работата“ да им биде макро на девојките. И се ќе беше „во ред“, ако самиот тој не се заљубеше во едната од нив и ако потоа секоја кражба и секое допирање на пари не ги наменуваше тие пари за да и плати да има секс со него...

Филмот е крајно експлицитен, во секој поглед. Екстремно насилен, каде дури и одвратно е да се гледа што се прават и можат да направат деца. И она што мене многу ме нервираше, иако не велам не, можеби на некој начин реално така комуницираат глувонемите, особено при караници - самите актери ми бе претерано експресивни. Кога во филм ќе видам нешто слично, го објаснувам со терминот overacting. Тука - стварно не знаев како да го објаснам.

Навистина не ми се допадна филмов, а сакав да ми се допадне. Сакав да почувствувам нешто за било кој од ликовите, барем жалење за нивната состојба, ако ништо друго. Но тука почувствував само одбивност и гадење кон се: и ликови, и дејство, и целиот општествен систем кој дозволува деца да се сместени во таква дупка и да прават тоа што го гледаме. Многу чуден филм, на кој, за жал, не му ја доловив поентата. 5/10
 
73. Locke - Steven Knight (2013)

1765985546886.png

Ау, каков филм! Не знам како ова сум го испуштил! LB и IMDB викаат дека филмов е од 2013, но јас го најдов во една листа со најдобрите филмови од 2014, и искрено не ни забележав до сега, па ај, да не остане без коментар.

Прекрасен филм! Само 1 актер, Том Харди, во кола, вози околу 90 минути една ноќ. Конематографијата е прекрасна, одблесоците и светлата од патот на лицето на Харди и околината ми беа преубаво изведени. Многу сакам вакви филмови, во confined spaces, со ограничен број на актери, па уште и ако е како тука - каде дијалозите имаат пресудна улога во градбата на филмот - врв!

Се работи за еден човек кој носи една одлука - да биде поразличен од неговиот татко и да биде присутен тогаш кога им треба на луѓето кои се тука заради него, или по негова вина. Иван Лок се обидува таа вечер од зад воланот да спаси многу работи: да го спаси комплицираното истурање на градежен бетон во темелите на една зграда, да ја спаси жената која во тој момент се пораѓа со негово дете, да го спаси бракот, семејството и работата. Но успева ли да спаси се, или заради една погрешна одлука ќе изгуби се? Или најважното? Не дознаваме многу за иднината од овој филм, за тоа што ќе биде утре - дали Иван ќе се врати дома, дали ќе си ја врати работата и дали истурањето на бетон во темелите на новата зграда ќе биде успешно. Но потребен е само еден детски плач за и покрај се, на крајот да сфатиме дека никогаш не е се изгубено и дека и во најмрачните моменти, трошка надеж постои.

Пре-пре-пре-преубав филм! Еден од најубавите кои ги гледав годинава. @Варвара , ако не ти е гледан, мораш, верувај ми! Тебе знам дека многу ќе ти се допадне.

9/10
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom