ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Патување 45: 2014 - 08.12-21.12.2025)

69. Butch Cassidy and the Sundance Kid - George Roy Hill (1969)

1764702132529.png

Јас па не сакам вестерни. Ама ова не беше баш класичен вестерн и баш беше забавен. Ова е филмот по кој филмскиот фестивал во САД го добил името - Санденс. Не дека филмот е сместен во Јута, врска нема со Солт Лејк Сити, само Роберт Ретфорд, основачот на тој фестивал ја игра улогата на Санденс Кид во овој филм, па според ликот го дал името на фестивалот. Зошто, пак, инди бендот од Србија го добил името Буч Кесиди, тоа ќе ми остане мистерија.

Ми се допадна целата таа бркотница низ планините, баш беше напната и ми држеше внимание. Можеби ќе беше подобро да имаа блиска конфронтација со нив, но тоа го видовме дури откако ги повторија глупостите што ги правеа во Боливија. Убава доза и на хумор имаше во филмов, ми се допадна и смислата за хумор на обајцата, а особено на Буч. И сцената со точакот беше бонбонче. Многу, навистина многу допадлив филм, не можам да му најдам некоја голема замерка.

8/10
 
Easy rider (1969) (гледан на 30.11.2025)

156 пати ја имам слушано Born to be wild, не знаев дека сцените од спотот се токму од овој филм. Филм кој сем пејсажите и музиката ништо не ми понуди. Пола филм како стонерите возат низ рирална Америка, другата половина како филозофираат за животот, општеството и државата.

Почна интересно, си реков, ќе биде некој крими-трилер и после ништо до комуната. Делот со комуната го раздвижи филмот. И после пак ништо до Николсон. Малку интересно, акција, интерекција, и пак ништо го крајот. 2,5/5


Време без војна (1969) (гледан на 01.12.2025)

Го најов на Јутуб, снимката е од телевизија Скајнет. Снимката е навистина многу лоша. Филмот започнува со обид да се искачи селски планински каллив пат. Возилото заглавува, но Фидан сака да го закопа својот татко, Дичо, во неговото родно село. Дичо, пред и за време на војната, бил херој, партизан, борец. Дичо, по војната, се залага за колективизацијата, што го прави ситен лопов. Овие негови побуди и идеали го доведуваат во конфликт со дел од соселаните и посебно со неговиот соборец Лазар. Како самиот нема да можеш да ја раскажеш својата приказна, ќе те паметат преку другите.

Убава приказна за умирањето на македонското село. Од една страна се презентирани лошите животни услови, колективизацијата, фабриките т.е. зачетоците на индустријализацијата, миграцијата и поради импровизираниот систем на самоуправување- презаситениот пазар од понудените добра. Тука клизна и Југославија.

Епицентарот на приказната е Фидан. По конфликтот со соселаните, односно кога на сила стапуваат поголемите лопови од ситните лопови, визијата на Дичо за задругата се урива и поради ова го напушта селото и се сели во Скопје. Благуна (Неда Арнериќ) е ќерка на Лазар, која станува сопруга на Фидан. Тука, Неда, е преслатка. Воедно, Фидан не се снаоѓа на животот во идилата (има една убава реплика кога Фидан се одлучува да остане во селото:„те фатило срцето за родната грутка“), гледа како постепено тркалото започнува да се врти и го снаоѓа судбината на Лазар. Општото добро не е анекс на општествениот договор, тука се лизна комунизмот.

Снимката е лоша до таа мера што ми требаа неколку кадри да увидам дека месарите во кланицата не се шиптaри со кечиња. Кон крајот ќе се појави едно кече, им прави нешто на овците, ама тоа е сосема небитно за приказната. Важно го има.

Убава приказна, убаво Златко што ги спомена нашите филмови, ќе го перцепирам ова како препорака, и тоа навистина убава. Благодарам. Лошото е тоа што снимката беше многу лоша, некои сцени беа речиси мрачни, црни, затоа 3/5.


Midnight cowboy (1969) (01.12.2025)

Леле! Сфаќам, критика на големиот сон, желбите и аспирациите, ама се промашивме со филмот. Прво ја опна госпоѓа Робинсон, потоа педерот и на крајот шишката. Толку од љубовните авантури на машката проститутка, барем не си го ограничува пазарот.

Џо (Џон Војт) го брка својот сон во Њу Јорк, каде налетува на Ратсо и брзо се пријателуваат. Хофман (т.е. Ратсо) е ко карикатура со носот. Цупка и збори. Тие се самиот најнизок општествен сој, живеат од ден за ден, животот е сведен на преживување, без суштина и значење. Џо, низ целиот филм, живее во надреализмот се до самиот крај. Крајот е одличен, кога реалноста ќе го стигне. Затоа 2,5/5.​
 
Последно уредено:
70. They Shoot Horses, Don’t They? - Sydney Pollack (1969)

1764769871632.png

Уф, каков филм! Филм кој е снимен пред повеќе од 55 години, прикажува време пред повеќе од 90 години, а се уште е relatable денес, значи буквално истото дејство може да е сместено и денес, зашто истото се случува секојдневно. Во 1932, за време на Големата Депресија во САД, гладот и немаштијата ги тераат луѓето да направат сешто за пари. Да го срушат и своето достоинство, да дозволат кон нив да се однесуваат полошо и отколку кон животни (од таму и насловот од една реплика од филмот), да проголтаат секакви понижувања, само да дојдат до пари. Така, организиран е натпревар во маратонско танцување - таков кој завршува тогаш кога последниот пар танчери се уште стои. Луѓето се со месеци на нозе, без сон, без одмор, без можност веќе и да ги чувствуваат своите тела, се со цел да бидат последниот пар танчери и да ја освојат големата награда од 1500 долари. Во спортската сала во која се одржува натпреварот, доаѓа публика кои секојдневно „уживаат“ гледајќи како стотици млади луѓе се понижуваат за пари. Таа публика денес сме ние, а натпреварувачите се сите оние млади луѓе кои ќе направат се на социјалните медиуми само за да дојдат до некој приход плус. Од таму и еден коментар на Letterboxd кој веднаш привлекува внимание: „Не смееме да дозволиме Mr. Beast да го види овој филм. Никогаш!“

Човекот кој го води овој натпревар не е заинтересиран воопшто за здравјето и добробитот на учесниците, тој е заинтересиран само за оние кои гледаат да се забавуваат. Не се грижи ни ако некој умре на сцената - на останатите им кажува само дека имал грч и дека докторите ќе го средат проблемот. Зашто тој не заработува од учесниците, заработува од тие кои дошле да ја гледаат целата таа шарада. Навистина е чудно како овој филм, со толку силна порака и таква општествена сатира не успеал во тоа време да заработи номинација за Оскар за најдобар филм. Навистина моќен филм, особено крајот на филмот. Ќе остане во сеќавање, верувам. 8/10
 
71. Zazidani / The Walled In - Vojislav ‘Kokan’ Rakonjac (1969)

1764796865689.png


Немам гледано многу од таканаречениот „црн бран“ на југословенската кинематографија на која овој филм е совршен претставник. Затоа, и затоа што ме привлече синопсисот на филмот, одлучив да го гледам. Се работи за алегорија на односот држава / поединец, прикажана преку односот на еден затвореник осуден на 19 години затвор за убиство на љубовникот на неговата жена, кој очајно сака да избега од затворот, и неговиот чувар, стражарот Гаврило кој цело време игра игра мачка-глушец со него. Кога еден ден затвореникот Страхиња успева да побегне, стражарот Гаврило бркајќи го паѓа во една река и бидејќи не знае да плива, почнува да се дави. На Страхиња му е отворен патот да бега, но одлучува да се врати, скока во реката и го спасува Гаврило. Од тој момент меѓу нив се развива еден необичен однос кој на моменти изгледа како пријателство, друг пат - како корист, но однос за кој обајцата ќе се излажат дека постои што ултимативно води кон неочекуваниот plot twist на крај од филмот.

Ова е филм за моралот, за човечноста, за тоа колку далеку си спремен да одиш за твоите пријатели, но и како што реков, длабока алегорија за односот на државата или институциите и поединецот. Таму може да делува дека постои пријателство, но исто како во реалниот живот - тоа е само замка и вистинските пријатели не постојат.

Интересен филм, со интересна порака и многу поуки кои може да се извлечат. Малку досадникав зашто по начинот на снимање, југословенските филмови од овој период многу потсетуваат на руската филмска школа - со многу гро планови, многу тишина и малку дијалози, меѓу другото, што бара концентрација и не е едноставно за следење. Но, реков, самата приказна тука и очекувањето на расплетот, а и самото тоа што филмот е навистина краток, само 84 минути, ми направи да ми се допадне. 7/10 од мене.
 
44. 1969

3. Kes
IMG_5896.jpeg


Филм кој после него ќе се чувствувате задоволни што го имате гледано, но тажни од виденото.
Преубав филм за момче кое е оставено само на себе, запоставено од мајка му и малтретирано од брат му и соучениците. Спас ќе најде во едно несекојдневно хоби - тренирање на јастреб. Целото време, концентрација и мисли ги посветува само на јастребот Кес. Нешто што ќе му се одразу лошо.
Како што кажав, филмот е многу убав, вреден за гледање. Англиски е, со интересен дијалект.

4/5
 
The Italian job (1969) (гледан на 03.12.2025)

Шашав филм, трилер-комедија во главна улога на Мајкл Кејн. Настаните во филмот се случуваат во една држава, лошо опишана во следниот цитат „just remember this, in this country they drive on the wrong side of the road“.

Ова е оригиналната невозможна мисија, како да се украде злато во вредност од 4 милиони пред очите на мафијата, да се направи диверзија и истото да се префрли да сигурна територија. Искорисена е атмосферата од Европското првенство во Италија во 1968, каде жабарите го дигаат трофејот. Ова е интересна барикада во самиот филм.

Интересен крај без крај. Не сакам многу да го раскажувам филмов, забавен е, гледам и добро поминал кај сите форумџии кои го гледале. 3,5/5


The Wild Bunch (1969) (догледан на 04.12.2025)

Овој филм е дел од првиот Кајгана каталог за тапчовци и од таа причина ми беше ставен на листата за гледање. Така, имав двојна причина да го изгледам. Досега сум на 74% (односно изгледани 176 од 235 филмови).

Филмот започнува и завршува со масовна пукотница. Следиме една долга епизода меѓу којотот и брзата птица, само што којотот не го гледаме толку често во филмот. Пајк Бишоп (Вилијам Холден) е одметник, неговата глава има вредност. Дејк Торнтон (Роберт Рајан) е контратежата на филмот, поранешен одметник, поранешен партнер на Пајк и поранешен затвореник и цели така да остане. Има задача да го залови Пајк, притоа мора да работи со алатот кој му е ставен на располагање. Филмот, како што напишав, започнува со масовна пукотница, каде Дејк прави заседа на бандата на Пајк, кој успева да се измолкне од тој чвор.

Во филмот ги гледаме двете страни на Пајк, ги има елементите на неприкосновеност каде бара мисии во кои ќе приграби дополнителен плен, лидер и алфата на глутницата, но ја гледаме и страната каде неговата дружина, банда, одметници, ги гледа како свое семејство, и не сака да остави ниту еден човек зад себе. Така доаѓаме до крајот.

Мислам дека Дејк си има свој Rosebud, не е најсреќниот човек кога оди во потера. Нема омраза во неговите очи, има мисија, а таа мисија е да остане на слобода. Мислам дека, на крајот, доживува извесно олеснување. Сметам дека напишав доволно да не им го уништам филмот на оние кои не го гледале, а оние кои го гледале, се сложиле или не, ќе ми ја сфатат крајната поетна. 3,5/5​
 
On her majesty's secret service (1969) (гледан на 6.12.2025)

Џорџ Лејзенби влегува со оделото на Шон Корени каде го игра агентот 007, Бонд, Џејмс Бонд. Како поинтересни факти, поврзани за овој филм е тоа што Лејзенби е единствениот актер кој само еднаш го глумел 007, како и тоа, мислам дека е единствениот Бонд кој имал венчавка во филмовите.

Имам изгледано неколку филмови од овој серијал, ги немам нотирано сите на Летер. Дел се со Конери, Мур, Далтон и Крег. Во однос на претходните, оние кои ги имам гледано со Конери, овде има повеќе акција. Најголемиот дел од настаните се случуваат на Аплите.

Дури и има и една сцена, некаде на самиот почеток, кога Трејси (Дијана Риг) успева да му побегне, Лејзенби гледа директно во камерата и вели „this never happened to the other fellow“. И судејќи по крајот, мисијата му е нецелосно успешна. Убаво филмче кое не те тера многу да размислуваш, да ловиш поенти и заклучоци. Мисија, флерт, акција, крај. Следниот. 3,5/5


They shoot horses, don't they? (1969) (гледан на 7.12.2025)

Златко напишал убава рецензија за овој филм, само накратко ќе се надоврзам. Ме интереснираше колку денес би изнесувал износот на наградата од 1.500 долари. Наградата би изнесувала околу 30.000 долари.

Ова е своевидна општествена критика. Општеството, низ еволутивниот тек, поминувало и низ вакви фази, пример колосеумите односно амфитеатрите. Тој еволутивен тек сеуште не е завршен, и денес имаме слични настани, пласирани со некоја маркетинг стратегија, која ќе ги привлече љубопитните очи на човекот, пример боксот (усовршен панкратон), каде се мери степенот на издржливост на човекот.

Филмот ги содржи сите елементи потребни за дефинирање на шоубизнисот во класичниот капитализам. Темпото го диктира организаторот, кој фрла јадица (награда) со која заловува артисти. Артистите носат публика, публиката носи пари. Договорот е усен и адхезионен, може само да пристапиш, и не можеш да влијаеш на неговата содржина. Истиот може да се промени, во зависност од интересот на публиката односно успешноста на самиот проект. Зборувам за класичниот капитализам, не за денес.

Си поставив и две прашања, првото е дали некогаш би се нафатил на учество на ваков настан, дефинитивно не. Второто е дали би платил да гледам како зомбиња едвај мрдаат во место, и овде веројатно не.

Дефинитивно не е футуристички филм, сценарио кое може да се преслика и денес. Нешто што ми се допадна е моралниот суд на Роберт, кое привремено се појавува низ филмот. Процес на каење за делото, кое не знаеш дека е психолошко, дали воопшто е жив или е следствено на приказната. Баш онаа сцената каде е сам пред судскиот олтар и дава исповед, личи на сцена каде одговора пред самиот Бог. 4/5​
 
On her majesty's secret service (1969) (гледан на 6.12.2025)

Џорџ Лејзенби влегува со оделото на Шон Корени каде го игра агентот 007, Бонд, Џејмс Бонд. Како поинтересни факти, поврзани за овој филм е тоа што Лејзенби е единствениот актер кој само еднаш го глумел 007, како и тоа, мислам дека е единствениот Бонд кој имал венчавка во филмовите.

Имам изгледано неколку филмови од овој серијал, ги немам нотирано сите на Летер. Дел се со Конери, Мур, Далтон и Крег. Во однос на претходните, оние кои ги имам гледано со Конери, овде има повеќе акција. Најголемиот дел од настаните се случуваат на Аплите.

Дури и има и една сцена, некаде на самиот почеток, кога Трејси (Дијана Риг) успева да му побегне, Лејзенби гледа директно во камерата и вели „this never happened to the other fellow“. И судејќи по крајот, мисијата му е нецелосно успешна. Убаво филмче кое не те тера многу да размислуваш, да ловиш поенти и заклучоци. Мисија, флерт, акција, крај. Следниот. 3,5/5
И јас ги немам гледано сите Бонд филмови, ама од тоа што имам гледано, особено од постарите, овој ми е еден од најсериозните и најубавите. Дури според мене после Крег, Лазенби ми е омилен Бонд, иако овој е единствен негов филм во серијалот, мислам.

Инаку, едно прашање: сакате ли да тераме уште една недела со 1969, или да отпатуваме во ново време уште денес? Ова прашувам зашто тројцата изгледавме веќе по неколку филма од 1969.
 
Инаку, едно прашање: сакате ли да тераме уште една недела со 1969, или да отпатуваме во ново време уште денес? Ова прашувам зашто тројцата изгледавме веќе по неколку филма од 1969.
Доста е, дај друго дете.
 
1765132735047.png

Овој пат генераторот сакаше да патуваме некаде во поблиското минато. По првото кликање ми ја даде 1979, година која веќе ја поминавме, за потоа да ги зареди: 2022, 2009, 2017, 2004 (сите поминати) и на крај 2014. Па да видиме што имаше на филм пред 11 години.

Патување 45: 2014 - 08.12-21.12.2025

Во 2014 во западна Африка се ширеше Ебола вирусот, во Шкотска се одржа референдум за независност, во Сочи, Русија се одржаа Зимските олимписки игри, Кримскиот полуостров беше анектиран од Русија, а малезиски авион исчезна над Индискиот океан и до ден денес не е пронајден.

Во светот на филмот се прошири независниот филм. Голем број на режисери снимија навистина добри остварувања кои не беа поддржани од големите филмски студија, а со самото тоа добија малку по-личен печат. 2014 е првата година по 1997 каде меѓу топ 10 филмови со најголема заработка немаше анимиран филм. Сепак 11 и 12 на таа листа беа Big Hero 6 и How to Train Your Dragon 2, кои се анимирани.

Одличниот Winter Sleep на Нури Билге Џејлан освои Златна палма во Кан, A Pigeon Sat on a Branch Reflecting on Existence на Рој Андерсон - Златен лав во Венеција, а кинескиот Black Coal, Thin Ice - Златна мечка во Берлин.

Во 2014 светот го напуштија: режисерот и продуцент Артур Ранкин Џуниор (The Last Unicorn), Филип Сејмур Хофман, Ширли Темпл, Мики Руни, писателот-нобеловец и сценарист Габриел Гарсија Маркез, Розмари Марфи, неверојатниот Робин Вилијамс, режисерот Мајк Николс (The Graduate, Who's Afraid of Virginia Woolf?) и многу други ѕвезди.

На филм дебитираа: Тимоти Шаламе, Оливија Кук, Кери Кун, Тарон Еџертон, пејачката Жанел Монае, Флоренс Пју и други.

Верувам дека се родиле и многу идни филмски ѕвезди за кои ако даде Господ, до прва ќе слушнеме.

1765133989070.png

1765134044072.png
1765134064839.png

Листа со сите филмови номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/87th-academy-awards-oscars-2015/
 
Tusk (2014) (гледан на 08.12.2025)

Океј, не. Како жарн, хоророт, кај мене, високо котира. Сакам убаво скоцкани приказни со хорор елементи. Оваа не беше таква. Имаше хорор елементи, но немаше убаво скоцкана приказна.

Филмот започна одлично. Дечко кој има подкаст, заминува во Канада на лов на приказни, и наидува на сериски убиец т.е. на доктор Моро. Мислам дека ова е доволен индикатор во која насока ќе се движи филмот. 2,5/5


Life after Beth (2014) (гледан на 08.12.2025)

По Tusk ми требаше некое освежување, затоа што филмот беше... Филмот е нешто помеѓу романтична комедија и софт хорор. Таргет публика им се young adult, ама помина и кај мене...со оглед на тоа што претходно го гледав.

Beth I know you're lonely, and I hope you'll be alright...ама не е. Филмот започнува со смртта на Бет. Нејзината смрт ја гледаме низ очите на нејзиното момче Зек. Неговата така трае кратко затоа што Бет, никој не објаснува како, повторно се враќа меѓу живите. Сценарио слично како Burying the Ex. Добро филмче за тепање време. 3/5


Big eyes (2014) (гледан на 08.12.2025)

Ова е тоа! Да започнам од малите детали, сите сцени кои доловуваа мала, минијатурна, сегментална природа, со посебен акцент на оние кои беа од Хаваите, беа како од некоја разгледница.

Филм базиран на вистинска приказна, за која се запознав пред години на една емисија на History. Не се сеќавам како се викаше емисијата, на почетокот се претставуваше обичен објект, а потоа, во позадина се раскажуваше приказната која лежи зад тој објект. Така се запознав со приказната зад овие уметнички дела. Кристоф Валц маестрално навлезе во ликот на Волтер Кејн. Ејми Адамс ја глуми неговата сопруга Маргарет. Маргарет живее со фасадата на нејзиниот сопруг, приказната која тој ја има продадено и која им носи благодет. Закитен со туѓите перја живее во бајката повеќе од една деценија пред вистината да исплива на површина. Последниот сегмент, судската разрешница, е маестрална. Волтер самиот си е и сведок и адвокат. Врв! Најтопла препорака. 4/5


Unbroken (2014) (гледан на 09.12.2025)

Нешто што ме изненади кај овој филм е режисерот, Џоли. Дејството на филмот се случува во втората светска војна. Го следиме животот на Луис Замперини, Италијанец и учесник на олимписките игри во Берлин под американското знаме. За време на втората светска војна е мобилизиран, чиј авион паѓа во Тихиот океан и преживуваат само твојца членови на екипажот. Дел од филмот е посветен и на голготата низ која поминувале, повеќе од 30 денови опкружени со синило, константно печени од неуморното сонче и временските (не)прилики кои биле непријателски настроени кон нив. Струите ги носат пред портите на Јапонците, кои ги гледаат како непријатели на Империјата и истовремено така и се однесуваат кон нив.

Не ја гледам целта на првиот камп односно логор. Веројатно е да им се скрши духот и достоинството. Во вториот имаат активна работа (тоа е дефиниција на работен логор со кој се врши експлоатација на бесплатната работна сила) со која придонесуваат кон развојот на Империјата.

Нешто за кое ретко се зборува, за овој истироски период, се ѕверствата на Империјата. Убиените милиони Кинези (над нив тестирале и хемиско оружје) се засенети од холокаустот, нападот над Перл Харбор и двете атомски бомби фрлени над Хирошима и Нагасаки. 4/5​
 
45. 2014

1. Mommy


IMG_5982.jpeg

Со многу раздвоени мислења сум за филмов. Сакам да го оценам со 1 и со 5 истовремено.
Приказна за самохрана мајка и нејзиниот ментално ретардиран син. После исклучување од школо синот останува дома и целото време го поминува со неговата мајка, подоцна во животот им влегува и соседката од спортива(која патем не можеше да биде нормална и мораше да има нешто што и кај неа не работи - дткаше и не можеше да изговара долги реченици). Целото време им е исполнето со викање, кршење, урлање и од време на време нежни семејни моменти.
Филмов од страна на глума, камера, музика е перфектен! Ама од друга страна целиот тој хаос, врекање, едно исто ме напна. Пцуењето и тепањето на мајката од страна на синот исто многу ме вознемири. Можеше можеби по друг начин сето тоа да биде прикажано.


3/5
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom