- Член од
- 14 август 2018
- Мислења
- 5.941
- Поени од реакции
- 13.818
Малку ми е касно за гуглање..Да, извини ако претходно ги измешав поимите – имам вода за капење и топла вода за низ сите чешми со волумен од 480 литри. Тоа е затворен систем со вода што циркулира меѓу топлотната пумпа и топлоизменувачот.
Од топлоизменувачот што е монтиран од страна, штом ќе отворам чешма, свежа вода од водоводот влегува во топлоизменувачот и веднаш се загрева преку топлината што доаѓа од баферот.
Првата слика е со капак (изолација)
Втората и третата се без капак, тука се гледа самиот плочест топлоизменувач
Последната слика налепница со податоци за моделот – Kelvion GVH 500H-30
Не знам дали инфото на етикетата ќе му биде од корист некому, но ете – ако некој сака да дознае повеќе за капацитет или проток.
ама лајк
Сега ми е појасно, и плус се сетив дека ти имаше вода/вода систем, што не пати од надворешните температури и има постабилен коп.



