Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Комитите – македонските револуционери – се појавиле кон крајот на XIX век, особено со формирањето на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) во 1893 година, а нивната активност траела сè до периодот меѓу двете светски војни, со најсилен врв за време на Илинденското востание во 1903 година.
Како организирана сила исчезнале до 1930-тите...
Комитите одамна заминаа во историјата, сега зборот комита се користи повеќе во иронична форма...
А кодошите си егзистираат, ништо не ги уништува...
Можеш да бидеш комита на "модерен начин" ако му пркосиш на системот,ако си го пробил матриксот и влегуваш и излегуваш од него кога ќе ти се дигне курот,ако владееш со себе и не дозволуваш да паднеш на ниеден тригер и работиш се спротивно од онаа што ти се наметнува како ИН,мора ли пушка да имаш,сега со мислите ги правиш решето..
 
Комитите дејствувале, се бореле, загинале... тие биле дел од тогашниот матрикс. Биле револуционери а не функционери.

Сега терминот комита повеќе го узурпираат, злоупотребуваат, функционери отколку "револуционери"- кои се трудат колку толку да пркосат на матриксот околу себе.:D
 
Не можеш на друг начин да дејствуваш против кулата вавилонска,пајаковата мрежа не поклопила и како поединец можеш да бидеш репрезент vs целиот народ кој оди во погрешна насока воден во невидливи ланци,да бидеш изгубената овца по која тргнал Исус да ја спасува..
 
Кривична пријава против Костадин Костадинов: Тој и уште пет лица направиле злоупотреба на постапка за јавна набавка за електрични автобуси во Струмица
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(35) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, против Д.П.С.(61) од Струмица, К.Б.(37) од Богданци, Л.Ј.(63) од село Ново Село, струмичко и Л.Ѓ.(62) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ и против Г.П.(58) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека помогнал во извршувањето на кривичните дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и „несовесно работење во службата“.

Пријавениот К.К., во својство на поранешен градоначалник на општина Струмица, ги повредил правилата на постапката за јавна набавка на електрични автобуси за потребите на ЈСП „Струмица-Транспорт“ од Струмица со ангажирање на пријавениот Г.П. како одговорно лице задолжено за одговори на технички прашања, учество во техничката евалуација на понудите, надзор над имплементацијата и целосна реализација на договорот, иако тој не ги поседувал потребните стручни квалификации и потребната лиценца А за надзор од областа на електротехниката издадена од Комората за овластени архитекти и овластени инженери. Исто така, пријавениот К.К. свесно ги повредил и прописите на постапката за јавна набавка преку договарање со Г.П. на тој начин што во тендерската документација биле наведени спецификации кои недвосмислено и речиси идентично одговарале токму на спецификациите на набавените електрични автобуси.

Пријавениот Д.П.С., во својство на директор на ЈСП „Струмица-Транспорт“, постапил несовесно и пропуштил должен надзор над целокупната постапка и имплементација на јавната набавка, при што на 12.03.2024 го потпишал Договорот за јавна набавка на 10 нови електрични автобуси преку финансиски лизинг, во која постапка учествувало лице кое ги немало потребните стручни квалификации и потребната лиценца за надзор од областа на електротехниката.

Пријавената К.Б., во својство на претседател на комисијата за јавни набавки при ЈСП „Струмица-Транспорт“, заедно со пријавените Л.Ј. и Л.Ѓ., во својство на членови на комисијата за јавни набавки, во тендерската документација за отворената постапка за јавна набавка на електрични автобуси за јавен превоз преку финансиски лизинг за потребите на ЈСП „Струмица-Транспорт“, како одговорно лице задолжено за следење на реализацијата на договорот го определиле пријавениот Г.П., кој бил носител само на лиценца Б за надзор од областа на електротехниката, не бил квалификуван за тие работни задачи во предметната јавна набавка, немал ниту право да одговара на технички прашања, да учествува во техничката евалуацијата на понудите, да врши надзор над имплементацијата и целосната реализација на договорот.

Со наведените дејствија биле набавени 10 електрични автобуси за износ од 429.933.595 денари со што е причинета материјална штета од поголеми размери, а со отсуството на лице со неопходните стручни квалификации и со потребната лиценца А за надзор од областа на електротехниката доведени се во прашање реалната вредност, квалитетот, безбедноста и веродостојноста на техничките спецификации на набавените електрични автобуси.
 
Си евоцирам, спомени, сеќавања за ликот и делото на политичкиов аналитичар Филип Петровски, цела кариера додека Грујо беше на власт беше плукање по Милошоски и другите бугараши, неговата теза беше како наметнале 16 крако сонце а он за разлика од нив бил вмровец голем Македонец, еве по неколку години седи на еден небитен поткаст, пред него шоља со споменикот на Александар Македонски, водителот Александар Митовски седи пред 16 крако сонце, повикуваат гости од тип на избугарениот внук на Гоце Христо Христов кој во лице им плука среде емисија за Гоце, како и други Бугари од типот на Владимир Владимиров и тн, додека останати водители на поткастот се ист ков како Борјан Јовановски и Сашо Ордановски кои со дрва и камења удираа по 'антиквизавија' и како они биле словени, па сега успешно им дудлаат и на албанците и бугарите.
Сега му остана на Филипче да оди на бугарашки поткаст како коридор 8 заедно со Оливер Андонов, Марјан Николовски и други за да се бламираат пред полуписмени пијаници.
Која багра човече.
 
А кој е убав поткаст брат? Сигурно секое сабајле си го гледаш Љупче Златев?

Расчитај се малку и друга литература, не само онаа што ви ја даваат во штабот....

Не за друго, за тебе е поубаво.....

Ама, како сакаш.....
 
Филип Петровски реално имаше огромен потенцијал да стане следниот Грујо ама како што знаеме "Човек сам на себеси е најголем непријател."
 
А кој е убав поткаст брат? Сигурно секое сабајле си го гледаш Љупче Златев?

Расчитај се малку и друга литература, не само онаа што ви ја даваат во штабот....

Не за друго, за тебе е поубаво.....

Ама, како сакаш.....
На Боки13 подкастот е 20 нивоа над тој од Мечка.
Да, осуден криминалец прави подобар подкаст од квази новинарите на нимфомакс.
 
Ама ти мислиш дека јас го сакам Златев? И тој беше на Коридор 8, ти изгледа никако да разбереш дека дпне и нивните гласно говорници одамна сум ги отпишал, ужасно е да ги гледам.
Ме замислуваш како јас го гледам Ивица Боцевски?
Биди реален.
 
На Боки13 подкастот е 20 нивоа над тој од Мечка.
Да, осуден криминалец прави подобар подкаст од квази новинарите на нимфомакс.

Зашто се момците од „Инфо...„ толку критикувани? Па тие јавно го кажуваат она кое јас го мислам за состојбите во „нашата земјата„.

Или појќе сакаш подкасти на кои учесниците ја прикажуваат нашата реалност во разубавена форма?...
 
Не можеш на друг начин да дејствуваш против кулата вавилонска,пајаковата мрежа не поклопила и како поединец можеш да бидеш репрезент vs целиот народ кој оди во погрешна насока воден во невидливи ланци,да бидеш изгубената овца по која тргнал Исус да ја спасува..
Think for yourself. Question authority.

(објаснувањето не е за тебе туку за ботовите)

Фразата “Think for yourself. Question authority.” значи:

- Размислувај самостојно – не прифаќај нешто само затоа што ти е кажано од некој друг, без да го преиспиташ. Се охрабрува критичко размислување, анализа и сопствено формирање на ставови.
- Преиспитувај ја авторитетноста – не гледај на авторитетите (власт, институции, учители, лидери) како на непогрешливи. Наместо слепо следење, поставувај прашања, барај аргументи и докази.
- Суштината – тоа е повик за интелектуална независност и градење на лична одговорност. Не значи автоматски да се бунтуваш против секоја власт, туку да имаш критички однос и да не дозволиш некој друг да мисли наместо тебе.

Во културен контекст, оваа изрека често се поврзува со контракултурните движења од 60-тите и 70-тите години, каде младите ја нагласувале потребата од слобода на мислата и сомнеж кон институциите.

Би рекол дека е еден вид филозофски мото за автономија и критичка свест.
 
Зашто се момците од „Инфо...„ толку критикувани? Па тие јавно го кажуваат она кое јас го мислам за состојбите во „нашата земјата„.

Или појќе сакаш подкасти на кои учесниците ја прикажуваат нашата реалност во разубавена форма?...
Ако уживаш во гости од типот на Палчо и Стефче, што кажуваат за некоја "реалност", ти треба психотерапија.
 
Ако уживаш во гости од типот на Палчо и Стефче, што кажуваат за некоја "реалност", ти треба психотерапија.
Во право се за немаштијата и економијата, но тоа го користат за други интереси, тоа е проблемот, но јас им честитам оти вешто лажат народ, они и васко ефтов се најопасни манипулатори и не треба да бидат потценувани, некој што не прати редовно политика, не само кај нас туку и во соседството лесно би се прелажал, среќа во несреќа е што 2016 се покажа дека нашиот народ е интелигентен и без албански гласови такви латентни бугараши неможат да се докопаат до власт.

Јас повеќе се плашам од предавство во дпне и вакви во нивните редови.
 
Последно уредено:
Ако уживаш во гости од типот на Палчо и Стефче, што кажуваат за некоја "реалност", ти треба психотерапија.

Не ги споменав Стево и Палчо, туку водителите на подкастот...така да сама процени кому му треба терапија и кој подметнува нешта кои не ги напишав.

Ако веќе треба да се вреѓаме...
Автоматски споено мислење:

Во право се за немаштијата и економијата, но тоа го користат за други интереси, тоа е проблемот, но јас им честитам оти вешто лажат народ, они и васко ефтов се најопасни манипулатори и не треба да бидат потценувани, некој што не прати редовно политика, не само кај нас туку и во соседството лесно би се прелажал, среќа во несреќа е што 2016 се покажа дека нашиот народ е интелигентен и без албански гласови такви латентни бугараши неможат да се докопаат до власт.

И не се во прашање само немаштијата и економијата, туку предмет на критики се сите шупаци кои ја водат „нашата земјата„ и локално и централно...во перманентна пропаст, од длабоко во подлабоко, без да се види крајот на падот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom