Живнаа неколку градови откако се отворија можности за работење онлајн од дома, со развој на програмерскиот бизнис, со тоа што наши иселеници отвораат овде кол и диспечерски центри итн. Секако, тука е и Велес каде што огромна бројка млади иштанцаа пара со интернет превари

Нормално дека некој што може да работи од дома и е роден во Охрид, има куќа таму и цела фамилија му е таму, нема да остане да живее во Скопје. Или некои што имаат фамилијарни бизниси, колку и да имаат помалку клиенти отколку да би биле во Скопје, сепак немаат потреба да менуваат нешто.
Надвор од ова, нема споредба од можностите кои ги нуди Скопје и другите градови за кариерен развој.
Исто како што нема споредба меѓу Скопје и странство.
Може да се тера живот во Охрид, Битола, Кавадарци, како и Велес, Тетово и Куманово ради близината со Скопје, Штип, Гевгелија и Струмица донекаде, другото е мрак. Прилеп пропадна многу од оние градови каде што се живееше подобро порано. Сепак и тука си лимитиран што ќе работиш. Во Гевгелија пример имаш да бираш да си стоматолог или во казино. Или да шверцаш мигранти и да дилаш дрога
Како што кажаа погоре, Скопје нуди поголем избор на секое поле. Ноќен живот за сите типови на вкусови. Далеку од нешто спектакуларно, ама ќе најдеш и кафани со селско и кафани со пријатна музика и кафичи за шминкерај и места за алтернативци и места за металци, панкери, рапери што ти ја знам. Секакви тематски настани има. За кина и театри да не зборуваме. Пак ќе кажам, не е спектакуларно, ама па во другите градови (со ретки исклучоци), не постои никаква културна програма.
Спортски настани еден куп, услови за спортување за секој спорт.
За образование да не правиме муабет. Покрај државното, имаш приватно училиште за што ти душа сака.
Здравството неспоредливо со другите места. Аптеки на секој чекор, дежурни аптеки што на многу места го нема итн.
Е сега, животот во голем град си носи и многу неповолности. Загаденост и гужва.
Затоа има разлика каде ќе купиш стан. Го Подобро малку повеќе да платиш за да земеш стан на место каде што со точак или пешки ќе цепаш кај сакаш, отколку да платиш поефтино и секој ден да се јадосуваш по 5 саати во сообраќај. Скопје се пренасели и гужвата особено во поладните месеци е ужасна. Проблемот со паркирање го има во секој град, не е само тука. Може не е толку впечатливо како овде, ама веќе и во другите градови секоја можна уличка е преполна коли, не можеш да се разминеш.
Како што спомнаа погоре, тешко е кога ќе ти потпорасне детето, па треба да го развозуваш во најголемата гужва. Ама па си има автобуси, дека нас некој не носел на времето

Друг проблем е безбедноста, поради етничката нетрпеливост, може детето ни криво ни должно да го избоде некој со нож. И тоа влијае на цените на становите во различни населби.
Предноста на помалите градови е што барем засега (тоа со поновите генерации ќе се изгуби и веќе се губи) уште живеат ко во старо време. Си одат комшии на гости, знаеш човек што ќе ти се најде за било која работа. Маалски продавници цепаат во недела, дури и да не работат ќе ти отвори ако ти треба нешто итно. Стари луѓе се дружат, седат по плоштади на сонце. За сите документи седуваш за 1 минута, не чекаш како кај нас по 1 година. Се знаеш со џандари, не ти пишуваат казни итн.
Од друга страна си носи и ова некои неповолности, од типот на секој знае се' за секого, оговарања и слично.
За некој што е роден во Скопје и растел тука, исто така преселба во друг град ти ја носи пречката дека секогаш ќе си дојденец таму и ќе те дискриминираат многу повеќе отколку што јадат лајна дека некој ги дискриминирал тука дека не се скопјани
Инаку, огромен процент од новите станови ги купуваат луѓе што не се од Скопје. И тоа најчесто не за да живеат во нив, туку за издавање. Капитал.