Прилеп и Мариово

Член од
26 јануари 2010
Мислења
908
Поени од реакции
185
Ни заличи градов тро со новиов градоначалник ама џабе ти е ко 30% од населението (младинава) е премногу навлезено во филмот "Ране", а то не е мала цифра, така да... треба...треба уште време... :/
шо се завлезени у ране??кажи ми неколку фактој?јас појче глеам дека се навлезени во Слаткар-манија и ЏЕК-манија,секој се прај џек,пуша цигари деца од 10 години нагоре,се фалат дека зна шо е кокаин,марихуана ова она и така....
 

@@@@@@

MAKEDONEC
Член од
15 мај 2008
Мислења
539
Поени од реакции
33
Прилеп се подготвува за Осмиот Пиво фестивал

Прилеп се подготвува за Осмиот по ред Пиво фестивал кој ќе се одржи од 15 до 18 јули.

- На повеќе од 4.000 метри квадратни корисна површина ќе има штандови со пиво и скара што е двојно повеќе од лани...Годинава, покрај на булеварот, ќе ги има и на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, кај Домот на културата „Марко Цепенков“. Вкупно се 30 локалции, изјави градоначалникот Марјан Ристески.

Посетителите годинава ќе дегустираат 18 различни видови пиво, а ќе се мезат со прилепска и Лесковачка скара. В среда целиот сообраќај во центарот на Прилеп ќе биде пренасочен.

Се очекуваат посетители од земјава и од странство. Сите сместувачки капацитети ќе бидат ставени на располагање, а најавата е дека голем број ќе бидат сместени и во Крушево.

- Прилеп ќе биде туристичка мека идниот викенд. Има што да понуди културни знаменитости и многу забава за време на фестивалот, уверен е прилепскиот градоначалник Ристески.

Тој најавува специјални линии на железницата од Скопје за Прилеп за време на Фестивалот, специјални паркинзи на влезовите во градот и кампинг простор во Паркот на Револуцијата за сите кои нема да најдат сместување да постават свои шатори.

На свеченото отворање на Фестивалот в четврток ќе настапат пејачите Елена Ристеска, Ламбе Алабаковски, Влатко Лозановски, Даниела Враниќ, Жаре Бербер и групата Супер Хикс. Тие ќе настапат на големата, главна бина, а повеќе групи ќе ги забавуваат гостите и на малата, камена бина во паркот во центарот на градот.

В петок се предвидени настапи на Сузана Спасовска, Слаткар и групата Ареа. За доброто расположение в сабота на Пиво фестивалот ќе се погрижат Есма Реџепова, Влатко Илиевски, оркестарот Гуча, Трета Димензија, а в недела главно посетителите ќе имаат можност да го проследат 90-минутниот настап на српската и балканска фолк ѕвезда Светлана Ражњатовиќ-Цеца.

Од локалната самоупправа не сакаат да откријат детали за тоа колку ќе чини ангажманот на гостите и музичките ѕвезди на Фестивалот зашто тоа, велат е работа на пиварниците кои го спонзорираат тоа. Се очекуваат и гости од дипломатските претставништва во земјава.

Градот очекува близу 300.000 посетители. Минатата година на Пиво фест имало околу 200.000 гости, се испиле 110 тони пиво и се изеле 60 тони скара.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Американци се доселија во Прилеп :aplauz::zlo:



Скопје, 16 јули 2010
Членовите на американското семејство Киркпатрик станаа жители на градот под Марковите Кули пред две години, а во меѓувреме во Прилеп се доселија уште две семејства од САД. Кајл Киркпатрик со сопругата Жаклина, децата Ребека, Џошуа и Даниел, е со најдолг прилепски стаж, а семејството на 29-годишниот Спенсер Фолер од Тенеси, со сопругата и деветмесечната ќерка, во Прилеп е два месеца и ги учи македонскиот јазик и прилепскиот начин на живот.

Тие се членови на Асоцијацијата за развој на духовните вредности „Изгрев“, која организира бесплатни курсеви по англиски јазик. Третото четиричлено семејство од САД што живее во Прилеп сега е на одмор во родната земја, а во Прилеп дојде пред една година.

Семејството Киркпатрик 12 години живее во Македонија. Пред да станат прилепчани, биле скопјани. Останале во Македонија бидејќи им се допаднала гостољубивоста на Македонците. Прилеп го откриле откако дошле да им помагаат на колегите во одржувањето часови по англиски јазик, им се допаднал и засега не планираат да го заменат со друго место. Ги ценат прилепчани зашто биле топли и дружељубиви луѓе и стекнале многу пријателства.

Спенсер Фолер е воодушевен од културното богатство на Македонија.

- Ја барав земјата на карта, а сакав да видам ново место, друга култура, јазик... Воодушевен сум од непосредноста на луѓето. Овде застанува здивот од богатото културно наследство. Имате длабока историја. Ми се допаѓаат Маркови Кули, а посебен впечаток ми остави манастирот „Пресвета Богородица“ - Трескавец од 14 век, вгнезден во непроодната планина - вели Фолер, кој го сака фудбалот и бејзболот.

Тој најавува можност да организира бејзбол-школа.

Кајл Киркпатрик е историчар. Со сопругата предаваат англиски јазик, а неговите деца учат македонски во ОУ „Кире Гаврилоски - Јане“. Дошле на покана на Здружението „Изгрев“, кое промовира духовни вредности како лојалност, трудољубивост, вера, љубов, кои, според нив, се важни елементи за човечкиот живот.

- Двапати неделно одржуваме часови по англиски јазик со помали групи. Прилепчани сакаат да го учат англискиот. Контактираме со луѓето, ги повикуваме на курсеви. Низ разговор се обидуваме да им ги пренесеме нашиот јазик и етика. Тоа е важно за поединецот, а потоа и за заедницата. Ми помага и сопругата, но таа има повеќе обврски со децата. Соработуваме со други невладини организации. Спонзорирани сме од организации и поединци од Америка. Задоволни сме засега - вели Кајл Киркпатрик.

Тој кажува дека слушнал за Македонија, но не знаел ништо, како и многу Американци што знаат само за Александар Македонски, но не можат да ја спојат историјата со сегашноста.

- Дојдовме на три-четири дена, ни се допадна и останавме 12 години. Првин не се чувствував пријатно, но подоцна животот ми легна во срцето и се преселивме. Не се каам. Градот е убав, прилепчани се лојални кон семејството и големи патриоти. Кога минувам низ плоштадот, со многумина се познавам и се поздравувам. Тоа го нема во поголемите градови. Се дружиме со пријатели, пиеме кафе, одиме на гости, доаѓаат тие - раскажува Кајл.

Киркпатрикови се среќни што живеат во градот под Марковите Кули бидејќи живееле слободно и со многу другари. Ги научиле традицијата, табиетите, културата, присуствувале на семејни слави, за Свети Никола и други сведни. Пробале посни сарми за Свети Никола, но и ширден и јанија. Биле почестувни на имендени, добивале и јајца за Велигден, иако се дел од други верски обичаи. Синот на Киркпатрикови веќе се „преправал“ за Прочка. Во Прилеп им се допаѓа безбедноста и мирниот и тивок живот.

- Сме ја виделе речиси цела Македонија. Има историја каде и да се свртиш. Воодушевени сме од Маркови Кули, кои се честа дестинација за прошетка. Плени со убавина и старата чаршија, луѓето се работливи... Во САД раскажувам колку е убаво тука и го промовирам Прилеп. Сакам да дојдат инвеститори. Луѓето имаат лажен сон дека се живее подобро на Запад. Има само повеќе пари, но не и спокојство. Таму никогаш не си безбеден, не знаеш што може да ти се случи. Не се спие со отворена врата, како тука. Многумина да знаат колку е убаво да се живее во Прилеп, ќе дојдат - вели Кајл.

Тој одлично зборува македонски, потекнува од Тексас, пораснал во Кенија, Африка, а со сопругата Жаклина, која е од Луизијана, се запознале на факултет.

МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ ВО АМЕРИКАНСКА ПРОДУКЦИЈА

Македонското знаме исцртано на кошаркарското игралиште во населбата Аличаир е дело на Американците, членови на Асоцијацијата за промоција на духовни вредности „Изгрев“. Тие приспособија пристапи за инвалидска количка на мостот на Дабничка Река, а ја бојадисаа оградата и ги заменија искршените кошеви на игралиштето.

- Даваме мал придонес за уредување на просторот што го користиме и во кој живееме. Ќе продолжиме со уредување - вели Кајл Киркпатрик.

„Изгрев“ неодамна им обезбеди инвалидски колички на десетина лица.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.450
Поени од реакции
47.279
^ секташи се ова, да си знаете..... чисто информативно..
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.749
Поени од реакции
12.062
kakvi sektasi we idioty eden :S
Една познаничка откако почна да оди кај нив, почна да ја цитира библијата на топик...некоја христијанска гранка се како сведоцине...
 
Член од
21 јуни 2010
Мислења
119
Поени од реакции
1
aaa cim ima dokazi... togas dobro mislev samo taka spekulirate :S
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
А бе се издаде некој од тие дуќаните во катната гаража или празни се сите?
И дај паркирајте во тоа гаражата не пред нејзе, море клет народ ќе го пропадните инвеститорот од Струмица.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.265
Поени од реакции
3.619
А бе сите тие имаат забораено дека во прилеп мајмун не игра а не пак тие да си играат со народо. Напраја гаража а еве како што велиш ти се перкираат пред неа, кладоа рампи околупазар и го мислат народов дака пија нафта па да го мрзи да се паркира одавде пазар и да помини некое метро пешки... Све че то да работи непрофитабилно ама некој треба да зема плата од тујџи пари то е еработата...
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
460
Поени од реакции
130
Проект за кружен тек и споменик „Карпалак“
[video]http://www.prilep.gov.mk/images/stories/videos/NVEExport.0001.avi[/video]
17681693.jpg
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.265
Поени од реакции
3.619
А БЕЕЕЕ од кога гоце делчев накај казарни и булеваро до зграда македнија и од зграда македонија се доволно широки за да се со четири ленти плус онај просторот со трева (белки тоа е она зеленото на средина). јас во прилеш живеам или во некоја ново создадена петропола каде нема булевар потесен од 15 метри зошто еве четири ленти по 3 м плус она да е 1м се 13 а по мое реално не с епошироки од 7-8 м ...

Пуста дизајнерска желба а кај е проектот со панорамски поглед на естото од оваа фонтанава што го чатеа пред неколку години...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
А БЕЕЕЕ од кога гоце делчев накај казарни и булеваро до зграда македнија и од зграда македонија се доволно широки за да се со четири ленти плус онај просторот со трева (белки тоа е она зеленото на средина). јас во прилеш живеам или во некоја ново создадена петропола каде нема булевар потесен од 15 метри зошто еве четири ленти по 3 м плус она да е 1м се 13 а по мое реално не с епошироки од 7-8 м ...

Пуста дизајнерска желба а кај е проектот со панорамски поглед на естото од оваа фонтанава што го чатеа пред неколку години...
Ојдоа парите за Цеца, па нема видикојц, саде кладенче чостани... :) :)

И колку е бе лујџе паркирањево во катнава гаража, дајте информации да знам дали сефте да и’ прам некој ден.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.265
Поени од реакции
3.619
лента пресекоа, темели турија а по некој ден прашање од милион долари ... каде се работниците да работат или спомеников ќе е метафора на Прилеп 2029та...
Денес околу 11...

 

Kajgana Shop

На врв Bottom