Конкретно за Филипини постои веб сајт се логираш и си бираш што сакаш од жена, од колку до колку години колку деца да ти роди буквално се си плаќаш и си најсреќен човек.Мој колега така направи еве 2 златни деца со Филипинка си ужива.Знам чудно е но ова е од пред 5 години уште бог знае сега како е.Не зимаш жена туку миленик што сакаш можеш да си правиш со неа уста има јазик нема.Прогуглајте и ке се уверите.
Коментаров што го напиша е пример зошто има толку изместени вредности денес. Она што го нарекуваш ,,решение" не е партнерство, туку експлоатација. Жената не е предмет што се бира по каталози, ниту миленик што треба да молчи. Тоа што некои мажи бараат жена од сиромашна држава за да имаат моќ и контрола не е доказ дека жените кренале стандарди, туку дека тие мажи бегаат од еднаква врска од жена што може да каже свое мислење, да има став, граници и достоинство.
Да се дели живот со некого значи зрелост, одговорност, емоционална интелигенција и партнерство а не да бараш личност што поради сиромаштија ќе биде принудена да ти биде благодарна за кров над глава. Тоа не е среќа, тоа е зависност. И е точно спротивно од здрави, човечки односи.
Проблемот не е во женските стандарди, ниту во мажите како група. Проблемот е во тоа што многу луѓе и мажи и жени се под притисок од нереални очекувања, па бегаат во екстреми: жените бараат совршен маж, а мажите бараат покорна жена. И двете се погрешни насоки.
Достоинството, зрелоста и човечноста не се купуваат. Ако некој мора да нарача жена од друга држава за да има мир во куќа, тоа значи дека нема капацитет за рамноправен однос, а не дека жените се проблемот.
И не, не е точно дека секоја жена бара ,,готов" маж. Луѓето се различни има жени што со партнерот градат од нула, има и такви што сакаат стабилност бидејќи и самите се плашат од економските услови денес. Тоа не ги прави ни ,,пребирливи" ни ,,материјалисти" туку луѓе под притисок, исто како мажите.
Ова не е ,,женски проблем" или ,,машки проблем" ова е општествена конструкција што ги притиска сите. Мажите да бидат финансиски ,,машини", жените да се реализираат пред 30, и двете страни да играат според правила што никој веќе не ги чувствува природни.
Кога ќе престанеме да ги гледаме едни со други како должности и проекти, а ќе почнеме како луѓе со различни услови, карактери и животни приказни тогаш ќе има подобро разбирање.