Драга,
Денес ги однесов децата на Златно славејче 2025. Годинава славејчето слави 55 години, значи постаро е и од некои баби и дедовци. Иако морам да забележам дека со оглед на тоа што беше јубилејно издание, требало да се потрудат малку повеќе околу фестивалот - лани на пример изгледаше далеку подобро и попомпезно. Годинава немаше ништо интересно: направиле ремикс верзии на трите песни кои се заштитен знак на фестивалот - „За сите деца“, „Градот убав“ и „Роденденска“, но освен тоа, некако сиромашно делуваше. Ама како и да е, посебна енергија носи тој фестивал секоја година, еден куп насмеани лица на родителите, еден куп среќни деца... И кога и да одам, ме лазат морници и знае да ми потече по некоја солза. Преубаво чувство е да си дел од повеќе од пола век традиција и да ја пренесуваш и на своите деца љубовта која ти си ја доживувал како мал. Среќен роденден, Славејче! Па да даде Господ и стотка да прославиме, заедно!