Барај самиот на овој пдф и
овде ми се чини.
Веќе имаш офоремно мислење/став по ова прашање и било што или каков и да е аргумент не би го променило твоето мислење.
Колкава е трговската размена со Кина?
Каква е структурата на трговската размена со блокот кој толку те оставил без здив?
Колку земји има на планетава а не излегуваат на море, дали сите се нечии вазали?
Ова што ни го прават последниве 30 и кусур години (лисабонска декларација, редефинирање на државата, етноцид, насилна промена на името и ........) за тебе е помало зло од санкции... светот во последниве неколку години па и деценија е во многу што изменет и сега да ти објаснувам а ти самиот тоа не си го видел и препознал тоа е трошење на време.
Сакам да речам со санкции сигурно би имале катастрофален исход но и оваа умирање на рати не е ништо подобро напротив.
Самиот Николовски јавно говори ДЕКА ОДБИЛЕ БЕСКАМАТЕН КРЕДИТ ОД КИНА, оваа е повеќе од јасно индикатор кој вели само вие напуштете ја Македонија ние ќе влеземе, значи санкциите и не би биле толку катастрофални (инаку тие санкции се користат како баба-Рога и гледам многу успешно)....
Како и да е или нешто сакаш и наоѓаш начин како до тоа или не сакаш и изнаоѓаш илјадници изговори!
А тебе ти е страв да не те прогласат проруски?
Значи те заболе за Македонија само да не те прогласат за проруски
Малку ви се санкциите па уште дополнително пласирате приказна дека Албанија и Бугари само што не влегле и не ја окупирале Македонија, а вие (не ти лично не си давај на значај) за тоа време ја разоружавте па сега плачете дека немате оружје вие би се бранеле ама ете нема оружје.
Само страв сеење, Браво!