Глупости се малку ова. Од 2013та до сега се поминати 12 години. А може и тогаш диското да било сосема функционално.
Не можеме сега секој кој седел со газдата или идел во таа дискотека, да е крив за тоа што се случи и вака јавно да биде линчуван.
Си има конкретно кој одобрувале дозволи, најавувале инспекции и сите останати комбинации за да се заштити газдата на Пулс. Во оваа истрага треба фокусот да се сврти кон тие инспектори кои се допишувале со газдите и добивале подароци за нивната лојалност а не со било кој од вмро кој се нашол во таа дискотека некогаш во животот. Сигурно од 2013та до сега многу фаци поминале низ тоа диско.
Ти имаш увид у настаните?
Пред сѐ друго да читам надоле. Морам да те прашам ова.
Од прв ден немале ништо како што треба. Порано било за текстил магацин.
Ај вака:
За три месеци колку што траеше
истрагата, 13 обвинители собрале доказен материјал, во листа од 120 страници. Во него има од цедеа со видеа од настапи на групата ДНК, фотографии, вештачења, разни наредби и записници, до комуникација помеѓу обвинетите и фактурите за набавка на сунѓерите што биле поставени како аудио-изолација во дискотеката
Што пишува во Обвинението?
ВО ПЕРИОД ОД 2012 година ДО 16.03.2025
Од 2012 до 2025 и 2013 спаѓа овде.
Идеме даље:
Првата лиценца за дискотеката ја добил во 2012. На
1 декември 2012 склучил договор за закуп со сопственикот на објектот, Гроздан Милковски, а веќе по 12 дена можел да работи,
иако објектот не ги исполнувал минималните технички услови за угостителска дејност.
Објектот кој има 415 квадрати бил
реконструиран двапати на диво. Еднаш во 2012 и вторпат во 2024.
Пренамената се правела без план за процена на загрозеност и план за заштита и спасување.
Идеме даље:
Ако објектот бил реконструиран и пренаменет според прописите, тогаш требало да бидат вградени застаклени ѕидови и ѕидови од керамички блокови.
Челичната конструкција требало да биде премачкана со посебна огноотпорна материја, внатрешноста требало да биде поделена на т.н. пожарни сектори, морало да има хидрантска мрежа, пожарни аларми, детектори за чад и температура, вратите требало да имаат автоматски систем за кочење што ќе ги остави отворени кон излезот, да има сообраќајно решение за пристап на противпожарни возила…
Но, во објектот немало ништо од ова.
Тоа имав.