Не станува збор за некоја нова идеја на Илон Маск, туку за основни бизнис принципи. Ако имаш вработен кој работи на проект за клиент, мораш да оправдаш колку и како завршил за часовите што ги фактурираш. Уште побитен момент е што ниту тие 10 месеци кои ги спомнуваме дека се активна работа се billable time. Во просек само околу 80% и од тие 10 месеци се billable, често има паузи и чекање и од нивна страна, некогаш не признаваат одредени часови, и затоа сите се обидуваат да ги вклучат луѓето на повеќе проекти паралелно.
Ако базираме цена на услуга, врз основа на неговиот перформанс, и истиот завршува помалку работа од тоа што може, од старт ќе завршиме со повисоки цени од конкуренцијата (иако не морало), и неретко може да изгубиме потенцијални проекти. На тендери за влада и слично е лесно секаде, само 30-40% од тежината во евалуација е цена, останатото е вештини, искуство на претходни проекти, капацитети и сл. Но, во приватни сектори, за странците, генерално 70-80% од одлуката е базирана на цена, и 20-30% на додадена вредност со квалитетот што го нудиш.
Тоа колку и вади на фирмата, а колку е платен. Прво, ако е платен 2к евра, фирмата само на плата ја чини 3к (бруто), ако пресметаме и фиксни трошоци, оваа сума е далеку повисока (лиценци, осигурувања, софтвер, канцеларии, обуки, рекламирање, конференции, патувања и тн). Дополнително, не секој вработен во фирмата носи пари, имај во предвид дека имаш вработени без кои фирмата не може да функционира, но се трошок (маркетинг, финансии, администрација, менаџмент, HR, продажби...во зависност од големината, може да имаш повеќе/помалку).
Се ова погоре не е само за продавање на сервис (рентање на самите инженери), туку и кај градење на продукт (спротивно на дискусијата дека ако имаме продукти, ќе биде полесно врз пазарот). Ако имаш таква неефикасност внатре, наместо да изградиш одреден проект со 200к евра, треба да потрошиш 300к. Небитно дали имаш инвеститори пред кои ќе ги правдаш парите што ги трошиш, или тоа ќе биде од твој џеб, заебана е работата во секој случај. Да не правиме муабет за загубата на time to market (со влечкањето), и тоа што тие 100к можело да се потрошат на промоција и маркетинг, што е далеку побитно од самото кодирање, и клучно за успех на најголем дел од продуктите. Можеш да имаш најдобар продукт, ама ако луѓето не слушнат за тоа, е џабе.
И во тие индустрии што си ги спомнал е така, и таму пропаѓаат фирми од што самите се исфрлаат од пазарот со цена на услуга, или имаат преголема неефикасност + корупција, па наместо да бидат профитабилни, завршуваат загубари. Дури и да не затвори фирма во градежна индустрија, народот ќе ја плати таа неефикасност (без разлика дали е стан, автопат, железница или парк).
Мислам дека има голем недостиг на едукација за тоа како функционира и како треба да функционира бизнисот (особено е жално што истата е доста видлива кај високо едуциран кадар). Разбирам дека имавме промена на системи, дека многу стари навики од Југославија се задржани, како и превработеноста во институциите поради партиски причини, но тоа не значи дека приватните бизниси треба/може да го следат истиот модел.
Бизнисот не е хуманитарна организација. По дефиниција, бизнисот е организација или ентитет кој се занимава со производство, дистрибуција или размена на добра и услуги, со цел да ги задоволи потребите и барањата на клиентите, при што основната цел е да оствари профит од тие активности. Во процесот на остварување на овие цели, бизнисот придонесува во економијата преку креирање работни места, давање бенефити на другите бизниси кои соработуваат со него, плаќање на даноци за државата, иновации и напредок, како и креирање богатство или умножување на инвестицијата за инвеститорите и сопствениците.