ИТ фирми и пракси во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StaticStupid
  • Време на започнување Време на започнување
Како мислиш активни на тимс? Сакаш некој и да биде активен 8 од 8 на тимс да те дружи и у исто време код да ти куца? Јас на тимс сум уклучен 24/7, дури и кога ијам слободен ден денес и одговарам на прашања и денес. :)
Автоматски споено мислење:

Едно е некој да ти даде насоки и да ти ја разјасни бизнис логиката во проектот и да ти ја зададе генералната насока у која треба да ти се движи решението. Ама сениор девелопер, со сите алатки, вештачки интелигенции, документации, видео туторијали и остало да чека за раче да го водиш и да му посочуваш детали како да го направи решението искрено е брука и срамота. Па колку сака ко егоистичен нека ме етикетираат.

Не ти зборувам за ситници. Зборувам многу по-екстензивно и опширно.
"не се држиме" - важи и за политика, општествено уредување, ѓубрето што го гледаме, па така и за ИТ секторот.
Не само што не се држиме, него и многу често си ставаме сопки еден на друг.
И кога ќе собереш сè – малку суета, малку недоверба, малку комплекси и многу фолирање – добиваш систем што сам си ги сече крилјата.
Дури и кога има добри иницијативи за заедништво, тие често се претвораат во маркетинг или површна самопромоција, наместо во вистинска размена на искуства.
 
Мислам дека за истото правите муабет, ко што кажа Menethil неможеме вечно да играме на карта ефтин труд, за тоа треба да почнеме да нудиме нешто друго (а не ефтин труд).

Овој проблем што го дискутирате е честа појава во држави што се со средни приходи како нашата. Економистите го викаат Middle income trap . За жал за имплементација на решенијата што си ги напишал ти, а и што ги препорачуваат економистите треба политички нус, кој за жал ние го немаме како народ и држава.

Така да голема е веројатноста да има стагнација па и рецесија на различни индустрии кога (и ако) Африка стане постабилна.
За вакви работи прво што треба да се промени е самиот мајндсет, од таму почнува се.
Еве на темава, или на било која тема од форумов, ако напише некој дека успеал, одма е љубомора, завидливост, омраза, кооперациски досетки и сл. Ако ти се вработени, те гледаат „шо гебам газдата, не ќе му работам за тој да се збогати“, не оди на варијантата чекај бе да научам малку повеќе за да станам газда и јас. Ако успееш во државата, ќе ти се накалемат гниди и крлежи да ти бараат рекет, мито, да те уценуваат, да ти се закануваат. Во суштина сме народ и менталитет што руши, за разлика од народи кои градат и прогресираат напред (кинези, сингапурци, јапонци, германци...). Е затоа е таква разликата, и ниту не бивало, ниту ќе не биде.

Да, инаку тоа е терминологијата, и горе доле е баш ситуацијата во која се наоѓаме, имам слушано економист да го објаснува баш ова за Индија и зошто никогаш нема да станат како Кина. За жал и Македонија е во истите гомна, и тешко некогаш да излезе. Тоа што го имаат направено земји како Сингапур и Кина, нашиот народ (особено не денешните снегулки) не е способен да го изведе ни уште 100 децении. Ние наместо да научиме од светот, прифативме се што беше најлошо и го уништивме и тоа образование кое го имавме. За да се излезе од оваа ситуација не ни требаат дипломи, или квантитет, туку квалитет, и тоа сериозен, и треба рмбање и трчање до дрт. Ама јбг, полесно е да се веат знамиња, државна платичка со ич работа, ќе дадат мама/тате/баба/дедо, ќе се закрпи некако.
Автоматски споено мислење:

Како мислиш активни на тимс? Сакаш некој и да биде активен 8 од 8 на тимс да те дружи и у исто време код да ти куца? Јас на тимс сум уклучен 24/7, дури и кога ијам слободен ден денес и одговарам на прашања и денес. :)
Автоматски споено мислење:

Едно е некој да ти даде насоки и да ти ја разјасни бизнис логиката во проектот и да ти ја зададе генералната насока у која треба да ти се движи решението. Ама сениор девелопер, со сите алатки, вештачки интелигенции, документации, видео туторијали и остало да чека за раче да го водиш и да му посочуваш детали како да го направи решението искрено е брука и срамота. Па колку сака ко егоистичен нека ме етикетираат.
Софтверот се уклучува сам, ако не си активен оди во Away мод, многу лесно може да сетираш dashboard и да видиш колку саати биле online.
Онака ме интересира, што е проблем колку саати некој ефективно работи? Зошто мора да се врши целосна контрола, па дали бил активен, дали кликал или слично? Со таквата контрола само можеш полошо да направиш. Се додека работата е завршена без проблем и на време, не гледам дека е важно колку активни саати се поминати.
Битно е, платата ти е на 40 саати неделно, што значи ако си завршил со проектот што го работиш, секогаш може да помогнеш на други колеги. А ако немаш 100% utilization на еден проект, може да те стават и на друг проект. Вака излегува да се вработува втора особа за другиот проект, па кога ќе дојде за покачување ќе се расправаме и докажуваме дека дури и тие што му се дадени се многу со оглед на тоа што работеле пола месец, а биле платени за цел.
 
Веќе кога се спомнуваат виетнамци, филипинци, индијци и разно разни марсовци.

Сепак мислам дека сме ниво над азијците индивидуално, а со ЕУ би рекол сме малку подолу, ама сепак доволно добри за да се каже дека сме тука некаде. Но кога сме во група, ние, како и во се останато, некако делува дека не го остваруваме својот потенцијал. Со други зборови, она македонското "не се држиме" важи и за овој сектор, и тоа, само по себе, како фактор е потценето за тоа каде сме и како стоиме.

Сум се сретнал со секакви раси изминативе 6 години, како да кажам, во 95% од случаевите попрво, побрзо и подобро сум добил помош или сум комуницирал со марсовци него ли со антички северни фиромјани.
Ајде комуникацијата, помошта ова она, туку и самото понашање ни е клето.
Од муабети "не е тоа за тебе", блатантни погрешни информации со лоша намера, лажење, 1000 облици на gatekeeping, неодговарање, сеопшта некоординираност, суета, его и тн и тн. Само за да те заебе, само за да бидеш позади него.

Не е само интелигенцијата пресудна, туку и community-то и искреноста и автентичноста/неисквареноста на истото. Иако има мрднување во поглед на комјунити во мкд, сепак тоа е на едно "мавање лајкови/кликови" ниво. Колективна свест на ниво на средно - "Ќе станам ментор и ќе споделувам знаење за да фаќам девојки/клаут/лајкови/CV" (лупам), како што голем дел од машките учеа и свиреа гитара во основно/средно.
Зборувам за едно високо ниво на соработка, помош и взаемен раст, а не за "еј добредојдени се сите". Тоа е само чекор 1.

Дури ќе речам дека полесно е да го научиш занатот од позатворени економски сфери него од ИТ. Верувам дека еден обичен скопски бербер е по-отворен за пренос на своето знаење него ли нашиве искусни програмери. Зборам за вистински пренос на знаење, не мислејќи на ниво "ќе ти пренесам знаење за да ми бидеш калфа некое време, па после кој те е*е". Се до моментот кога ќе види опасност во тебе, или можеби ќе му станеш конкуренција. Од тој момент натака, ти веќе помош не добиваш. Со други очи си гледан, тонот се мења, понашањето е различно. Се станува пресметливо.

И тоа е најтажното — што не ни фали знаење, ни потенцијал, ни талент, туку карактер и дух за заеднички напредок. Кај нас некако сè се гледа низ призмата на егото, наместо низ призмата на заеднички успех. Наместо да се гради култура на поддршка и менторство, се создава некаква затворена кастa во која секој мисли дека ако помогне, автоматски ќе изгуби нешто свое.

Кај другите нации се гледа едно природно споделување — не затоа што мора, туку затоа што сфаќаат дека заедничкиот раст не го намалува индивидуалниот. Кај нас, обратно — туѓиот успех се доживува како личен пораз.

Секој сака да биде “гуру”, но малкумина се спремни да бидат учители во вистинска смисла — со трпение, со скромност, со поддршка. И тоа ја кочи целата сцена. Имаме поединци што се на ниво на светски инженери, но немаме култура на тимска зрелост.

Верувам дека истите тие "гуруа", влечат неадресирани комплекси од многу млади години.
Верувам дека не си работел со мајстори, за да видиш како се краде занает. Повеќето луѓе во ИТ се отворени за споделување и знаење, од причина што немаат мотивација за гејт кеепинг на знањето. Се мењаат многу работни места, пазарот е глобален и тн. Сеа не можеш да очекуваш човек што работи на нешто 10то да седне и да решава багови со тебе на друг проект. Во секој случај повеќе споделување на знаење од било која индустрија кај нас.

Затоа што не е бинарно, завршена или не завршена. И да е добро, идеално би сакал поише да работат, а они идеално би сакале помалце.
 
Се согласувам дека ништо не се гради преку ноќ, но во случајов, моето искуство е дека до таквите се стига само и само преку некого.

Најлесно сме минувале со компании со грубо од 50 до кај 300 вработени, најчесто се со помала бирократија, брзо се одлучува и се ок организирани, плус често имаш разбирање за плаќање до кај 30 дена (кај големите често се чека многу повеќе).

Бегај подалеку од фирми каде што имаш македонец во тимот што одлучува. Едно копиле наше не издупи за проект во Австрија, немав ни појма дека генералниот директор е македонец, влегуваме на состанок, не беше повикан во листата, почнуваме со 2ца Австријци менаџери, ликовите топ, се оди како подмачкано. Влегува ликов при крај на состанокот (тие беа од сала за состаноци, им се пикна таму), од прва минута почнува со напади и омаловажување мислиш татко му сме го отепале, австријциве почнаа да се погледнуваат еден со друг демек што е проблемов, на крај ништо од проектот. Имаме едно чудо вакви клошари надвор од земјата, да се чуди човек колкава омраза имаат кон таа држава/народ, болна работа...

Исто имам пробано да влезам во поголеми фирми преку наши, газди на фирми подизведувачи во друга индустрија, се скапаа ветување, на крај гарантирам дека немаат ни зуцнато, досега немаме фатено ниту еден проект преку такви ликови.

Од друга страна пак имаме фатено проекти преку луѓе кои само соработувале со нас, а ги немам ни запознаено во живо. Последно еден англичанец не пикна на проект буквално додека трепнеш, беше задоволен од тоа што го сработивме во претходната фирма, отиде во нова фирма и самиот не побара таму.

Треба фрлање страшно многу пари на маркетинг, нетворкинг настани, алатки за маркетинг, нон стоп да имаш некој што ќе врти по телефони/ќе замара по linkedin, ќе се појавува на се што е поврзано со индустријата и ќе прави контакти.
Имам пишувано одамна за ова, еве го мислењето, најмногу ми е криво што стануваше за доста голема компанија и ќе можеше да влеземе и со наш продукт, плус им требаше голем тим за интеграциите, беше кец на десетка и ќе имавме сигурно уште + 7-10 луѓе само за нив.
 
Верувам дека не си работел со мајстори, за да видиш како се краде занает. Повеќето луѓе во ИТ се отворени за споделување и знаење, од причина што немаат мотивација за гејт кеепинг на знањето. Се мењаат многу работни места, пазарот е глобален и тн. Сеа не можеш да очекуваш човек што работи на нешто 10то да седне и да решава багови со тебе на друг проект. Во секој случај повеќе споделување на знаење од било која индустрија кај нас.
Автоматски споено мислење:

Затоа што не е бинарно, завршена или не завршена. И да е добро, идеално би сакал поише да работат, а они идеално би сакале помалце.
Нема потреба, ако и двете страни си ги знаат потребите и границите. Можеби во големи фирми мора така.
 
Софтверот се уклучува сам, ако не си активен оди во Away мод, многу лесно може да сетираш dashboard и да видиш колку саати биле online.

Мојот Mouse Jiggler е идеален за твојот dashboard. Ќе пршти зелено дур хрчам у деветти сон :icon_lol:
 
Верувам дека не си работел со мајстори, за да видиш како се краде занает. Повеќето луѓе во ИТ се отворени за споделување и знаење, од причина што немаат мотивација за гејт кеепинг на знањето. Се мењаат многу работни места, пазарот е глобален и тн. Сеа не можеш да очекуваш човек што работи на нешто 10то да седне и да решава багови со тебе на друг проект.
Автоматски споено мислење:

Затоа што не е бинарно, завршена или не завршена. И да е добро, идеално би сакал поише да работат, а они идеално би сакале помалце.

Тоа за бербери/мајстори и тн го користев како метафора.
Не мислам на помагање во стил „ај да ми го решиш багот“ или класична техничка помош, тоа е ситна работа. Мислам на поекстензивно, подлабоко менторство и култура на пренос на знаење.

Зборувам за тој повисок облик на community — каде луѓето искрено сакаат сите во тимот да станат подобри, а не само да си ја завршат својата задача. Не е работа на интелигенција, туку на mindset па и на емпатија дури би рекол.
 
Влагаш во домен на домашно воспитување и општествени нормативи. Ова се всадува многу пред формално образование и почнува од дома. За жал, транзициски деца сме повеќето и ретко кој има добиено такво внимание дома од своите.
 
Дали проектите и клиентите што ги губат периодов македонските сервисно ориетнирани фирми, ги добива некој друг? Дали воопшто постојат и се префрлаат на поефтини варијанти (Индија, Филипини) или друга е причината? Јас не сум многу уверен дека проектите така лесно се префрлаат на далечен исток за поефтини пари, него дека проектите воопшто и престануваат да постојат. Затварања преку ноќ не се резултат на нагла смена на стратегија да се префрли цел проект од Скопје во Манила.
Нема евтини кредити за стартапите. А кај нас најчести работодавци се стартапи и мали компании. Далеку е од толку трагично како што звучи на последниве неколку станици. Ова е само диета, и исфрлање на Ковид вишоците.
 
Не ти зборувам за ситници. Зборувам многу по-екстензивно и опширно.
"не се држиме" - важи и за политика, општествено уредување, ѓубрето што го гледаме, па така и за ИТ секторот.
Не само што не се држиме, него и многу често си ставаме сопки еден на друг.
Да, јасно ми е што ми збориш. Ама тоа е генерално во сите фирми во мк, односно срање менталитетот на луѓето тука. Оговарање и работење позади грб.
За вакви работи прво што треба да се промени е самиот мајндсет, од таму почнува се.
Еве на темава, или на било која тема од форумов, ако напише некој дека успеал, одма е љубомора, завидливост, омраза, кооперациски досетки и сл. Ако ти се вработени, те гледаат „шо гебам газдата, не ќе му работам за тој да се збогати“, не оди на варијантата чекај бе да научам малку повеќе за да станам газда и јас. Ако успееш во државата, ќе ти се накалемат гниди и крлежи да ти бараат рекет, мито, да те уценуваат, да ти се закануваат. Во суштина сме народ и менталитет што руши, за разлика од народи кои градат и прогресираат напред (кинези, сингапурци, јапонци, германци...). Е затоа е таква разликата, и ниту не бивало, ниту ќе не биде.

Да, инаку тоа е терминологијата, и горе доле е баш ситуацијата во која се наоѓаме, имам слушано економист да го објаснува баш ова за Индија и зошто никогаш нема да станат како Кина. За жал и Македонија е во истите гомна, и тешко некогаш да излезе. Тоа што го имаат направено земји како Сингапур и Кина, нашиот народ (особено не денешните снегулки) не е способен да го изведе ни уште 100 децении. Ние наместо да научиме од светот, прифативме се што беше најлошо и го уништивме и тоа образование кое го имавме. За да се излезе од оваа ситуација не ни требаат дипломи, или квантитет, туку квалитет, и тоа сериозен, и треба рмбање и трчање до дрт. Ама јбг, полесно е да се веат знамиња, државна платичка со ич работа, ќе дадат мама/тате/баба/дедо, ќе се закрпи некако.
Автоматски споено мислење:

Софтверот се уклучува сам, ако не си активен оди во Away мод, многу лесно може да сетираш dashboard и да видиш колку саати биле online.

Битно е, платата ти е на 40 саати неделно, што значи ако си завршил со проектот што го работиш, секогаш може да помогнеш на други колеги. А ако немаш 100% utilization на еден проект, може да те стават и на друг проект. Вака излегува да се вработува втора особа за другиот проект, па кога ќе дојде за покачување ќе се расправаме и докажуваме дека дури и тие што му се дадени се многу со оглед на тоа што работеле пола месец, а биле платени за цел.
Да де, тоа што некој е away не значи дека не куца код во моментот. На убунту немаш нативен teams клиент и мораш преку browser да се уклучиш. Ако не го кликнам тој таб јас автоматски сум away иако ќе ми стигнат нотификации ако ме пингаш. Ако сум away не значи дека во моментов не куцам код.
 
Океј, но тоа нели ако е платен вработениот на 40 саати, го стимулира да се влече, забушава, да троши време, а сепак да си ја завршува работата? Или очекуваш од 09:00 до 17:00 да работи 100% ефективно, да решава проблеми, проекти, да држи состаноци и да ти рече шефе има ли плус нешто работа да не седам така? Зарем ти ефективно работиш 100% од времето?
 
Сака да ни каже Лестерчето дека не сме во позиција да бираме и извољеваме. Како ќе каже газда така ќе играме па макар и памперси облекле. И така е.
 
Да, јасно ми е што ми збориш. Ама тоа е генерално во сите фирми во мк, односно срање менталитетот на луѓето тука. Оговарање и работење позади грб.

Да де, тоа што некој е away не значи дека не куца код во моментот. На убунту немаш нативен teams клиент и мораш преку browser да се уклучиш. Ако не го кликнам тој таб јас автоматски сум away иако ќе ми стигнат нотификации ако ме пингаш. Ако сум away не значи дека во моментов не куцам код.
Windows го користи најголемиот дел од тимот, особено предметниве личности. :)

Инаку, ако сака некој да те тракира, има апликации и за Linux (Clockify мислам дека е бесплатен). Најголемиот дел се целосно автоматски и на silent мод, плус прават и скриншоти по потреба или од секоја апликација. Овде, некои корпорации инсталираа и сензори на бирото, па мерат колку време си на пауза/станат да муабетиш наоколу.

Во суштина, лично не се замарам, како што пишав, дадено им е транспарентно да си ги менаџираат буџетите и трошоците, а бонусот им зависи најмногу од тој дел (ако не земам јас, нема да земат ни тие). Во конкретниот случај, самите се излизгаа, доцнеа неколку пати и постојано бараа да го зголемат тимот. Па, како што си е редот, пред да ангажираме екстра луѓе и да бараме повеќе пари за тие додатни ресурси од самиот клиент, решивме да направиме анализа каде кочат работите и зошто. Испадна дека дадилки и батлери биле решение за доцнењето, а не додатни програмери.

Океј, но тоа нели ако е платен вработениот на 40 саати, го стимулира да се влече, забушава, да троши време, а сепак да си ја завршува работата? Или очекуваш од 09:00 до 17:00 да работи 100% ефективно, да решава проблеми, проекти, да држи состаноци и да ти рече шефе има ли плус нешто работа да не седам така? Зарем ти ефективно работиш 100% од времето?
Да, очекувам да работи ефективно, има пола час пауза по закон, и ете, нека оди уште 30 минути на паузи (кратките да одморат очи и да ја исправат кичмата). Затоа се вика работа, не хоби. За муабет нека се соберат после работа, ако треба да излезат приватно нема проблем (освен ако не закажале состанок со клиент), ама ќе си го одработат вечерта или за викенд.

Само како трошок, тоа лице ја чини фирмата од 15-20 евра од час, да не правиме муабет за изгубен потенцијален приход ако се billable hours и не можеме да ги оправдаме. Ако сметаш дека не е проблем да плаќаш некого без да ти работи, еве почни да плаќаш на форумов за муабет, гарантирам дека ќе има секој ден некој што е слободен да си муабети со тебе по саат време.

Јас немам работно време, најголем дел од годината имам по 70+ часа неделно, особено ако има турбулентни периоди, имам удирано 7 од 7 денови по 12+ часа на ден.
Автоматски споено мислење:

Нема евтини кредити за стартапите. А кај нас најчести работодавци се стартапи и мали компании. Далеку е од толку трагично како што звучи на последниве неколку станици. Ова е само диета, и исфрлање на Ковид вишоците.
Не куцај од работа да не ти се налутат, како кинисале кај тебе, само со вашите отпуштања зголемивте невработеност во ИТ за 1% :D

Не е трагично, само заебано во моментов, ако продолжи рецесијата ќе стане трагично.
 
Последно уредено:

Не сум на работа денес - го шетам светот. :D

Зголемивме за 1, ќе намалиме за 0.5 наредно и така во круг... Рецесија за рецесија, ама за тие што одат на работа со мисла во глава "како да си ја заработам платата денес" нема да настрадаат. Напротив.
 
Се е ова кул што го пишуваш @Lester Freamon. Генерално се слагам дека треба да се има одредено ниво на професионализам и дека треба да се има предвид дека има и те како фаќачи на кривини.
Но, ти исклучиво ја зборуваш страната на компанијата (цело време имаш као суптилен "антагонизам" кон вработени куцачи на код). Немам проблем со тие алатки за мониторинг, и у случај ако работиме различни временски зони, да имаме 4-6 саати overlap, пример со аус или уса.
Мене како родител, ми е битно да имам флексибилност и да можам да имам да завршувам/довршувам покасно и тн, секако не испуштајќи состаноци, пазејќи на deadlines и аутпут и тн. Секако, тоа, remote и кешот.

Но, каде е заебот овде...
Ајде еве, од старт на вашава кариера па до ден денес... колку од вас сте дремеле после работа, за викенди и сте/сме гинеле по Х саати за ич пари ?
Во короната кога луѓе очите си ги оставаа за corporate tech overlords, а они мрсија бркови со рекордни профити ?
Сме останувале покасно за да научиме некој tool кој и те како е од потреба на компанијата, за да на компанијата олеснуваме процеси, штедиме трошоци и носиме пари ?

Треба да се биде реален и да се каже дека огромен дел од компанииве мали, големи, продуктни, сервисни небитно експлоатираат до ниво на бесвест.
И баш таа одбивност се јавува откако новиот вработен мотивиран дава огромни напори во новата компанија, не знаејќи дека од тоа што останува по 10+ саати нема ништо да добие освен тапшање по рамо. Тие ја искористуваат љубопитната природа на луѓето во индустријава и желбата за учење кај работниците во технолошкиот сектор.
Компаниите буквално растат и профитираат на грбот на луѓе кои работат прекувремено, без да бидат платени за тоа. Тоа се прави суптилно, со култура на dedication, ownership, или we’re a family реторика, каде што реално се очекува секој да даде повеќе од она што е во договорот.

Ќе земе Ленче 2-3-4 години ќе се остави од работа по 10 саати, на 100 release calls, ќе гасне пожари константно, за да добие 5% raise и ќе гледа како Сузица станува lead пошто го пушела на шефот, голем викиншки европеец, градско дете од факинг Бристол, Ајндховен или Штутгарт :D

Иронично, токму тие најпосветени вработени — кои остануваат по 10+ часа, кои одат екстра и кои сакаат да докажат дека вредат — најчесто се оние кои подоцна завршуваат со брнаут, или со чувство дека колку и да даваат, никогаш не е доволно. А компанијата, наместо тоа да го награди или барем препознае, го претвора во стандард.

Што правиме со таквите луѓе ?
Верувам дека ваквиве се горе доле во ист број како и фаќачите на кривини.
Недај боже да спомнеш да ти платат пари затоа што си останал подолго на работа и да средиш нешто, документираш или што год. Очи ќе ти извадат.
И се тоа за мочани 5% raise годишно.

Се супер, ама треба да се истакнат и двете страни од монетата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom