Premier League - 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny B
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?

  • Ливерпул

    Гласови: 25 29,8%
  • Арсенал

    Гласови: 18 21,4%
  • Манчестер Сити

    Гласови: 8 9,5%
  • Челзи

    Гласови: 11 13,1%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 16 19,0%
  • Тотенхем

    Гласови: 2 2,4%
  • Њукасл

    Гласови: 0 0,0%
  • Некој друг

    Гласови: 4 4,8%

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Пола првотимци не стигнаа ни да го запознаат како дојдоа во летен период. Не е до тоа, го изгубија балансот. А и реално е да има осцилации.
Е кои пола, Вирц, Екитике и уште еден двајца да се. Факт е дека поголемиот број се староседелци и некоректно е да речеш дека не им влијае.
 
Е кои пола, Вирц, Екитике и уште еден двајца да се. Факт е дека поголемиот број се староседелци и некоректно е да речеш дека не им влијае.

Исак Керкез голманот. Небитно, повеќе им фали како алка во тимот него нешто емотивно да е.
 
Првите утакмици сезонава Ливерпул ги добиваше на мускули/среќа.
Не може да се тера така цела сезона, се гледаше дека се ептен ептен климави во одбрана + Салах не постои.

Лани ги избегнаа повредите, и Салах беше во страшна форма, инаку и лани ќе паднеа.
Не знам што може да смени Слот, ама не штима екипата дефинитивно, нема акции, нема хемија меѓу нив.
 
Абе уште еден меч ли остана за оној да ја ишиша тоа грмушката?
Сите фудбалски фанови дознаа кој е дечкото со косата, од една обична идеја до вирален хит кои и други почнаа да го копираат. Да не збориме дека стекна 550к фанови на инстаграм, и дека сигурно и од тоа заработува некоја сума. Пред пар натпревари се погоди еден дебилен фан кој го тегнеше за косата, за кое дозна и клубот (Манчестер Јунајтед) и му акнаа и казна и забрана на дебилот а за кое Франк доби и официјална поддршка од клубот и фановите да го продолжи својот вирален хит.
Големо браво за упорноста на Франк Илет ака UnitedStrand и за позитивниот вајб што го префрли на фановите ширум светот (без разлика за кој клуб навиваат)!!!!
 
Последно уредено:
Многу малку се зборува дека Ливерпул годинава се значително послаби од лани поради заминувањето на Трент и Луиз Диаз, особено на Трент. Многу флуидност и динамика имаат изгубено со заминувањето на Трент, Фримпонг е ужас и не може ни 20% да понуди од тоа што го играше Арнолд. Плус изгубија класично крило како Диаз, и ако се додаде на тоа дека Керкез е ужас, оваа сезона играта е доста полоша по крилата и многу лесно ги гушат и затоа до израз не можат да дојдат Салах и напаѓачите.
 
Глупости, не ми се верува дека треба да го бранам Ливерпул од неговите навивачи, просто земаа многу играчи на битни позиции, клучни, јаки се овие играчи реално тек треба да докажат што можат, си треба време, а дали Слот може, и дали има време е тоа е тешко да се каже. Иначе Гакпо ви е најдинамичен фудбалер.
 
Оваа сезона Арсенал нема реален конкурент ќе биде 15+ разлика во поени како од шала.
 
Оваа сезона Арсенал нема реален конкурент ќе биде 15+ разлика во поени како од шала.
Арсенал е абсолутен фаворит - факт.
Сити никогаш не смееш да ги потцениш - факт.
 
Оваа сезона Арсенал нема реален конкурент ќе биде 15+ разлика во поени како од шала.

Би почекал полусезона или таму боксинг деј. Ако имаат тогаш негде 10 бода предност , тоа е тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom