Имам изгледано неколку интервјуа со него, далеку од клипчиња од само пет секунди.
Не знам за која работа збориш, еве, пред некој ден бев во Кисела Вода, општината на ништо не личи, исто како пред четири години. Не гледам ништо ново таму: не гледам среден сообраќаен хаос (секој „привремено“ се паркира на улица каде сака и кога сака), не го гледам реализиран (ниту пак започнат) тој меѓународен план за Расадник кој на секое интервју го споменува. Патем, тој план е влезен во ДУП или? Еве, некој поупатен нека каже или е одредена манипулација. Да не испадне после тоа, тоа бил само конкурс и тоа не е поврзано со ДУП-от кој практично, тоа е планот кој се реализира во реалноста.
Кисела Вода е исто како и Аеродром, се нема мрднато ЕДЕН чекор нанапред последниве четири години. Проблемите со кои се соочува населението кое живее во тие општини, постојат и денеска.
Исто така, ако имаш џаболебари и опскурни ликови од другата страна тоа не ти дава оправдание да се однесуваш на начин на кој немаш политичка култура.