Фан клуб - РК Вардар

Ќе биде криминал ако не добиеме уште една екипа во ЛШ како најдобра лига на Балканот. ЕХФ ќе добие полни сали, а РФМ со време да го укине ограничувањето за странци во екипа. Јасно е кои екипи какви цели и стратегии имаат, а со самото тоа и наши играчи во лигата ќе имаат прилика да стекнуваат искуство против јака конкуренција
 
Ништо ново такви падови се случуваат во ракометот, тимови како Барселона,Берлин итн имале такви падови во игра, така да сосема нормално, но под хитно ни треба ДЕСЕН БЕК
Автоматски споено мислење:

Ај нека го пратат дома оној Марчинјак или како и да се вика, аматерски десен бек
Автоматски споено мислење:

Леле оној од Конго пикерот машина него а и Којадинович наместо глупото пољаче на десен аххх колку само ќе сме појаки

Kojaдиновиќ со години беше најдобар играч во Партизан, жал ми е што не го собравте, ама никогаш не е доцна :D
 
Па ваков систем е поразителен за нас (зборам и за Вардар и за Пелистер). Сигурно би биле во најниските шешири и шансите да завршиме на први две места се минимални со сегашниве состави. Така наместо 14 јаки утакмици, би имале само 6.
 
Па ваков систем е поразителен за нас (зборам и за Вардар и за Пелистер). Сигурно би биле во најниските шешири и шансите да завршиме на први две места се минимални со сегашниве состави. Така наместо 14 јаки утакмици, би имале само 6.
3 и 4 место потоа се префрлуваат во Европска лига.
 
Јак стап :D
ЛШ е интересното, другово е боранија...
И во ЛШ имаш екипи боранија на кој местото не им е таму, Еурофарм, Загреб, Динамо, Колстад, а во ЛЕ имаш екипи кој би биле по конкуренти од овие. Ако се прашувам ја радо би мењал бледо учество во ЛШ за Ф4 у ЛЕ. Не е поентата само да се учествува како топовско месо, туку да се направи нешто.
Се на се одлични промени
 
И во ЛШ имаш екипи боранија на кој местото не им е таму, Еурофарм, Загреб, Динамо, Колстад, а во ЛЕ имаш екипи кој би биле по конкуренти од овие. Ако се прашувам ја радо би мењал бледо учество во ЛШ за Ф4 у ЛЕ. Не е поентата само да се учествува како топовско месо, туку да се направи нешто.
Се на се одлични промени

nekoj mora da siri olimpiski duh i da go unistuva rejtingot stvoren od drugi
 
Новиот формат ќе биде далеку повозбудлив од сегашниот, овој формат со две групи по 8 екипи е најдосадниот во историјата на натпреварувањето. Повеќето натпревари во групна фаза се само ревијални, единствено борба има за тоа кој ќе биде 6ти, сите останати подобро пласирани на табелата немаат никаков мотив освен да се борат за подобар пласман и наводно полесен противник во наредна фаза, само и ова им паѓа во вода поради пристапот на тимовите од Германија на кои целиот фокус им е во домашното првенство, во групна фаза на ЛШ играат во втора брзина, почнуваат озбилно таму на пролет во осминафинале.

На ЕХФ најголем проблем им е тоа што Бундеслигата стана посилна и поатрактивна за гледање од Лига на шампиони, а таа разлика од година во година станува се поголема, организациски се светлосни години пред сите останати.
Веќе на сите подобри играчи предизвик им е Бундеслига, секој млад играч што има повеќе понуди и може да бира, попрво би одбрал да игра во Хановер или Гепинген него во Виска Плок или Пик Сегед.
На пример пред 10 години тоа беше случај само кај Скандинавците, сега тој тренд премина и во цела Европа, екипи како Келце и ПСЖ кои располагаат со огромни буџети имаат проблем да привлечат играчи, само уште Барса и Веспрем некако парираат на тимовите од Германија.
Можам милион пример да набројам кај што играчи од Балканот, Источна Европа и Шпанија, кои традиционално историски секогаш играле во клубови кои имаат високи амбиции во ЛШ, сега ја бираат Бундеслигата.
Голманите на Хрватска, Кузмановиќ и Мандиќ, можеа да бираат во кој клуб сакаат да играат, едниот отиде во Гумерсбах, другиот во Магдебург, Нечиновиќ од Монпеље во Кил, Милосављев како најдобар голман во Европа таа сезона, од европскиот шампион замина во Фуксе Берлин, Марсениќ исто, Криштопанс и Самба во Мелсунген.
Не случајно и браќата Душебаеви сега се спремаат за таму да бегаат.
Дури и Талески и Кузмановски кога добија понуди одма се залетаа и ги прифатија, Томовски од Вардар кај што беше прв голман замина во Бундеслига да биде резерва.

Ако во иднина ЕХФ не промени нешто на подобро, Лигата на шампиони ќе стане убедливо втора лига по квалитет.
За почеток нека го сменат терминот кога се играат натпреварите, не знам на која будала му текна ракомет Лига на шампиони да се игра во исто време со фудбалската ЛШ, често се поклопува ракометните екипи на Барса и ПСЖ да играат во исто време со фудбалските.
Сигруно некој рандом фан што следи повеќе спортови ќе ти гледа ракомет пред фудбал, првенствоно од мене почнувам кој редовно следам и сакам да гледам ракомет, многу пати ми се има случено да не гледам ракомет ЛШ само поради тоа што се поклопува со интересна фудбалска утакмица од истото натпреварување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom