Левица е фактор, сигурно еден од победниците на овие избори, без разлика што уште не се доближуваат до 100к гласови, а има помага и падот на СДСМ во Скопје. Затоа што најважна е перцепцијата, а таа е на нивна страна, крунисана со втор круг во Скопје.
Но Левица уште нема покажано капацитет дека може да биде сериозна закана за ВМРО-ДПМНЕ, да биде АФД, а камоли Мелони.
Засега може да бидат само како Радикалите на Шешељ на времето, има некои сличности и во начин на делување. Но, не можат да освојуваат толку гласови како нив.
Плус, на нив повеќе би им одговарало расуло на десница, и покрај името, тие многу тешко можат да бидат алтернатива на СДСМ. Па еве, СДСМ постојано допира ново дно, а Левица не може да завладее со тој терен, иако тие гласачи бараат алтернатива.
Уште се ограничени на протестни гласови (добро, овие ќе бидат се побројни), радикална десница, суверенисти, антиглобалисти и со раширени раце чекаат нови разочарани вмровци.
Мислам дека Левица е втор избор за поголем број на вмровци, отколку за сдсмовци и еден куп, сега апстиненти, кои претходно се попалија околу шарена револуција.
А треба многу, многу лоши работи да се случат, за вмровците да решат да срушат своја влада.
Левица полека пробува да освојува лево и на центар, како што пред референдумот и потоа тргнаа да освојуваат десно. Но, немаат јасна идеја како да го направат тоа, воопшто не знаат каде да се движат и како да се шират.
Ако мислат дека е доволно тоа што ќе се издигнат против сите, против се' и така ќе бидат алтернатива за сите, не се во право.
Ваквото делување како до сега, не може да ги доведе во позиција да бидат навистина голема, голема партија.
Сега се уште се само партија која што може да биде проблем и тоа голем за традиционалните партии, но не и да биде толку значен фактор како нив.
Кадровската политика им е исто проблем. Изгубија еден куп млади, паметни луѓе, само затоа што не се слепи послушници на Апасиев.