Локални избори 2025 (општа дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Најжално е што кога мицко рече дека правење фамилија(деца) е најпатриотски чин беше во право.
Да али лесно е тоа да се каже кога едниот рачен часовник му вреди колку стан од 40 квадрати.
 
имаат подобар наталитет, затоа што културолошки се насочени спрема истото.

наједноставен пример:

македонецот чим направи дете, одма, во прва прилика, без разлика на тоа дека ќе крпи крај со крај, сепак бега од кај неговите и иде да живи кучешки живот плаќајќи кирија.

албанеците пак, живеат неколку генерации на луѓе во една куќа, два браќа, две невести и двајца пензионери (родителите на браќата) кои што ги собираат и раководат со парите на целокупното домаќинство.

еве, поради природата на мојата работа, имам албанки клиентки, но и познанички, и ниту една од нив нема некаков проблем со тоа да оди да живи заедно со родителите на избраниот партнер, што не е случајот со македонките.

е сега удри математика - кој од овие двајца има поголема шанса да репродуцира, кој најчесто има поквалитетен живот, кој има повеќе пари на страна, итн, итн?
Не само до тоа нивната цел уште 1980 пред бунтот на Косово тие имаат демографски бум се со цел да ги потиснат Србите и успеваат. Србите на Косово ја направија грешката што денес Македонците во Македонија не ја научија од косовските Срби. Србите како Македонците денес живеат најчесто во градовите, чекаат плата од партијата и најчесто се омразени едни со друго водејќи се од егоистичкиот дух. Додека за албанероси не беше важно дали живеат во Приштина или Пеќ целта беше една да имаме јаки семејства и така кога-тогаш Србите наталитетски ќе изгубат. Истото е и сега и доколку не се освестиме нема да можеме да им покажеме заби бидејќи природно се ќе им припадне нив и ќе ни речат : ако не ви се допаѓа ете ви ја Бугарија, тоа што ние сега со мнозинство не успеваме да им го покажеме.
Националната доктрина кај нив е многу силна и живеат во тој дух, а ние сме патриоти пред некој натпревар или вака пред избори кога треба државна работа да се лапне.
И да не заборавам од нашиот стар македонски менталитет на непокор се американизиравме, не сфативме дека ова е Балкан и важат правилата на улицата : Кој има повеќе пари и кој ќе биде повеќе во една група тој ќе владее. Нашите сонуваат скандинавски сон, а всушност ќе се разбудат на депонија.
 
Глуп е системот за локална власт. Џабе гласаш градоначалник ако мнозинство во советот е друга партија. Автоматски мртва граџевина од општина. Тоа мислам ќе се деси или во Центар и/или во Карпош. Незнам дали е возможно и логично народ да бира совет а совет градоначалник или нешто слично.
 

резултати на советнички листи, по партии, Локални избори 2025: ДИК

Излезени гласачи: 884.417 (48,29%)

ВМРО ДПМНЕ 301.902 (34,14%)

СДСМ 125.874 (14,23%)

ДУИ 113.477 (12,83%)

ВЛЕН 91.974 (10,4%)

Левица 57.086 (6,45%)

ЗНАМ 38.485 (4,35%)

Коалиција Искуство (ЛДП/ГРОМ/Интегра) 13.099 1,48%

неважечки 50.007 5,65%


Каков пад на ЗНАМ :D
Не се точни бројкиве, кога ги собираш добиваш 791 904 (со се неважечки)
кај се уште 92 513?
не се способни ни прости математики да прават
 
Филипче инаку дефинитивно треба да се тргни од претседателската функција во сдс и воопшто во политиката и да си се посвети максимално на медицината.
После дружбата со Заев, не бидува ништо од неговото политиканство. Не знам зошто, ама мислам дека секој што се дружел со Зоки, има талент да направи хаос и безредие.
 
Не се точни бројкиве, кога ги собираш добиваш 791 904 (со се неважечки)
кај се уште 92 513?
не се способни ни прости математики да прават

Не ги ставиле малите партии и независните.
 
FB-IMG-1760988615075.jpg
 
Шо сака нека се спрема , се сликна Орце одма со шошоните од ВРЕДИ.
А за Кичево штама.
Орце се сликна и на кафе со Влатко Стрфановски и со Слаткар, северни апологети на Муртињо.
 
Шо сака нека се спрема , се сликна Орце одма со шошоните од ВРЕДИ.
А за Кичево штама.
Во Кичево Фатмир Лимани кажал дека не може да предложи подршка за човек кој се слуша на снимките.
 
Со Венко, Каја Шукова, Ана Чупевска и Чомбе, ова е чудесен резултат за СДС. Во нормална држава не би имале ни за баба сера да постават во општински ќенеф во некое село.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom