Kajgana Song Contest #345 - Fleetwood Mac

  • Креатор на темата Креатор на темата Ron Burgundy
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 јуни 2014
Мислења
27.861
Поени од реакции
44.835
Локација
Скопје
Решив да отворам една тема за еден од најлегендарните рок бендови што некогаш постоел на оваа земјина кугла, Fleetwood Mac. Основан далечната 1967 година од Мик Флитвуд и Џон МекВи, бендот постои но не станува славен додека не се приклучи парот од Америка, Стиви Никс и Линдзи Бакингем. Они покрај тоа што се музички пар и се и љубовен пар.

Настрана тоа, они само што се приклучуваат раскинуваат. И тука се ствара албумот Rumours, еден од најдобрите рок албуми некогаш направен. Каде што они двајца создаваат песни и пејат еден за друг. И покрај тоа нивно мрзење, Fleetwood Mac вади многу други албуми постои до многу скоро кога Кристи Мек Ви почина и Мик го затвори бендот за стално.

Постирајте го вашиот омилен хит на Fleetwood Mac, да им дадеме признание на едни од најдобрите во рок музиката.

 
Неодамна го имав Rumours за преслушување во 1001 предизвикот (инаку, за тие кои не виделе, од сите 1001 албуми, тој е на прво место највисоко оценет албум од слушателите, а тоа веројатно го прави и најдобриот албум на сите времиња). Се потсетив тогаш на неколку добри песнички, како Dreams (ми ја зел Роло погоре :mad:). Ама воведната песна во албумот, Second Hand News, е една кул, feel-good песничка, со неверојатно добра продукција која се доживува најдобро со слушалки - таа прв пат ја слушнав тогаш, и уште 100 пати отпосле. Па така, штом ја немам Dreams, ќе играм со Second Hand News.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom