Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Не верувам дека ќе испаднеме од ПЛ.
Ни' требаат само 38-40 бодови.

Оставање на Аморим, носи можен добар напредок.
Континуитет (запознаеност на тренер, играчи, управа).

Бркање, значи кревање на раце од сезонава.
Губење на континуитет.
Носење нов тренер за до лето 2026.

После тоа, пак се' одново.
Нов тренер, нови играчи, нови 2 сезони за воигрување.
Значи, поголеми успеси да очекуваме за сезона 2028/2029.

Немам проблем со промени.
Само што кај нас, промените немаат така голем ефект, каков што сите посакуваме да имаат.
Знаеш за она дека денот по утрото се познава?
Ете јас немам очекувања за ЛШ, шампионски титули во наредните 4-5 години, ама брат брату, ова на ништо не личи! Вака лошо не сме играле ни ние, во Козјачки регион!
Која е гаранцијата дека нема да го поебеме Сандрленд со неговата историја?
 
Сандрленд е цврста екипа, и има да биде мачење. Него за Аморим. Бруно надвор од позиција, Шо, катастрофални утакмици ред по ред, и пак стартна. Како е ова во очите на другите играчи? Ниту пак е феноменален LCB. Игра само зошто е левак? Угарте, леле мајко мила, каде го најдоа. Го гледам Вортон, Андерсон, Гимараеш. Овие се Зидан за него, уз дужна почит. Дало од болница во стартна, и како што е редот, низа braindead одлуки. До кога, сериозно?

Мегваер баце, спор ко танкер, офсајд стапица прави. Каков и да овој Ламенс, можеби ке си ги изедам зборовите, ама не може полош од Турчево да биде. Братот одбива топки во 5 метри редовно, а последниот гол и не се коментира. Заш се фрлаш долу, а топката низ уши?

Не може ниту еден тренер Шо, Мегваер, Далот да ги научи фудбал. You cant teach an old dog new tricks. Тоа е научено така со години, една да игра како што треба, две наредни како со мозочен удар. Не бива. Бруно. Ех, Бруно. Кога ги изведуваше пеналите со потскокнување, мислам дека немаше ниту еден промашено. Кога почна на овој начин, промаши 3 до сега, Астон Вила, Фулам и денес. Човекот цела утакмица не е присутен, се виде по грешките во игра. Редно е некој друг да ги превземе пеналите, колку и да му го повреди тоа егото. Со онаков говор на тело, не се (о)станува капитен.

Aморим ако продолжи со овој систем каде што на пола екипа слабостите излегуваат на виделина, нема да дочека Јануари, очигледно е.
 
За да остане треба да има некоја позитивна промена.

Многу пати сум спомнал дека ако се гледа некоја позитивна промена, дури и да губиме би го чувал и би му дал шанса и до крај на сезона. Човекот е 1 година во клубов. И еба мајката на минатата сезона и завршивме на позиција што е срамна за реноме ко клубов. Демек еве ќе направи чистка летово и ќе почнеме да го неговиот играме фудбал. Се направи чистката и на крај испадна дека не било ни до Рашфорд, ни до Гарначо...туку до системот на пинг-понг фудбалот кој можеби во Португалија успевал ради тоа што противниците се смешни клубови, додека во ПЛ секој меч е на ниво на дерби. Дојде еден Кит Ендрјус кој до вчера бил тренер за прекини во Брентфорд да постави подобра тактика во тим во кој 3-ца главни играчи му заминаа летово. Толку е муабетот.

Ништо не играме. Освен првиот меч со Арсенал и првото полувреме со Фулам, никаков привлечен фудбал не играме. Немаме течна шанса за гол, сите голови ни се постигнати на сила.
Со Фулам автогол.
Со Барнли - автогол, океј гол на Мбеумо и пенал
Со Челзи - два гола по карамбол во нивни казнен простор со играч повеќе
Со Брентфорд - Шешко после карамбол пред голот на Брентфорд.

Играме 3-4-3 во кои винг бековите и се дуплираат со Мбеумо и Куња и имаш гушење по страните, додека по средината дува промаја.

И Гласнер игра 3-4-3 во двојка денес со Вортон и Камада и го надигра на Ливерпул. Ама десно Муњоз и лево Мичел корнат. Пред нив Пињо и Сар не се гушат до винг-бековите.

Искрено Гласнер многу ме импресионира периодов, но алергичен сум на оваа 3-4-3 веќе.
 
Кој и фан клуб да го отворам на форумов, само за Гласнер се пишува ... и кај сите е желба.
Види го шо направи брат, плус ќе игра 343 и он. :D

ПС може и Ираола ако одлучат да го шутнат Аморим.
 
Нема да смени ништо Гласнер, бидејќи ние немаме тим за 3-4-3, и тоа е тоа.

Мислам дека Аморим следен пат кога ќе седне со бордот, муабетот ќе биде "смени формација или тоа е тоа". Крај краева, едноставно е - немаш екипа за оваа тактика. Немаш јаки вингбекови, немаш средина која може да воспостави контрола над меч, немаш ни одбрана и голман која може да издржи посериозен притисок. А стално е под притисок заради лошата средина.

И нема што повеќе филозофија, со овие играчи 3-4-3 не функционира.

Сепак, има еден принпиц кој важи во секоја професија, па и општо во животот. Кога одиш во нова средина и гледаш дека тоа што го знаеш не функционира, за да опстанеш мора да еволуираш, а еволуираш така што се прилагодуваш на новоте барања и гледаш каква промена треба да направиш за да станеш подобар.

Јас разбирам дека уште имсме играчи што ни свети Петар не ги учи да играат фудбал, ама најди начин да им помогнеш, да им ги минимизираш слабостите и колку толку да има некоја корист од нив. Пример Угарте не смее ни на сон да игра во оваа средина. Може на ДМ, како класичен копач со 2 играчи пред него ќе се пронајде, ама не му давај да игра со топка жити се, бидејќи е очај.

Реалноста вика дека немаме ни бод од утакмица во просек, од коллу и да беа, 35-6 утакмици. Тоа не е доволно добро ниту за Барнли, а не пак за Манчестер Јунајтед. Затоа или еволуирај и пробај да си ја спасиш работата или остави инатот да те доврши побргу и од што очекуваш.
 
За Ламенс ја оправдував одлуката да не брани со Сити, Челзи, да не се деси да го избушат па да му ебат матер новинари, фан база и т.н. и да го потонат уште одма, ама од денешната утакмица го очекував на гол.
Edinstvenata pricina zosto ne go igra Lamens e deka e polos od Bayindir.
Inaku nema smisla.
 
Никогаш во животот нема да разберам како некој што е стручњак демек у своја област не може да воочи очигледни работи.Имаш десно играч кој не би бил стартер у ниедна од топ 10 екипите,лево имаш евра у почеток на кариера ,лев штопер ти игра човек што имаше 20 повреди у 4 години,у двојката во средина играш 2 играчи коо не играат на тие позиции,десното крило ти го утројуваат пошто Куња е со некој фри рол и лево е мини евра за кој знаат дека од 18 центаршутеви ќе погоди макс 2,голманот мене да дојде нема да ми фати шут од 18 метра,Мегваер имбецилот не сфаќа дека џабе го исфрлаш телото напред кога ради тоа нозете одат многу поназад,боље е да стоиш исправен,абе овие не дупат нема друго објаснување да им го ебам цело поколение на сите до еден.Да го пофалам и капитенот,капитенската пичица,нека земе бебилино пелени да не му се гледаат посраните шорцеви.
Не ми се верува какви резил фаци играат у клубов ,па Вес Браун и Силвестре за овие беа златна топка профили.
 
Гласнер може да биде и новиот Портер. Ако дојде кај нас, секако дека ќе биде тоа. Кај нас само некој огорчен треба да дојде за да направи нешто. Пак ќе кажам, Светиот Дух додека не го земал некој. Тазе избркан а прилично успешен со тоа што го имал на располагање. Не си атрактивен за светска класа тренер пошто немаш пари за светска класа играчи, иди со best buy.
 
Гласнер може да биде и новиот Портер. Ако дојде кај нас, секако дека ќе биде тоа. Кај нас само некој огорчен треба да дојде за да направи нешто. Пак ќе кажам, Светиот Дух додека не го земал некој. Тазе избркан а прилично успешен со тоа што го имал на располагање. Не си атрактивен за светска класа тренер пошто немаш пари за светска класа играчи, иди со best buy.
Го земаа касниш кај чекичите отиде.
 
Не верувам дека ќе испаднеме од ПЛ.
Ни' требаат само 38-40 бодови.

Оставање на Аморим, носи можен добар напредок.
Континуитет (запознаеност на тренер, играчи, управа).

Бркање, значи кревање на раце од сезонава.
Губење на континуитет.
Носење нов тренер за до лето 2026.

После тоа, пак се' одново.
Нов тренер, нови играчи, нови 2 сезони за воигрување.
Значи, поголеми успеси да очекуваме за сезона 2028/2029.

Немам проблем со промени.
Само што кај нас, промените немаат така голем ефект, каков што сите посакуваме да имаат.
Ако бркањето е кревање раце од сезонава небркањето ти е абтоматски кребање раве и од наредната сезона, нешто слично ко со ТХ
Набркај на клоци ете му на новиот една преодна сезона и ај у курац и тој следната ништо ско не направи
 
556038622_652302477952930_9101977259866724896_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom