Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Денеска изигра 100 пати подобро од Бруно .. ако не можеше да придонесе бар ништо не усра за разлика од незаменливиот. Плус го замени Угарте (наместо Бруно) што според мене е катастрофална грешка, ако ништо друго бар друг ќе го изведеше пеналот ... вака остана на мисот за изведување пенали:
Прегледај го приврзокот 456967
Пишав за Бруно треба да му се одземат пеналите, плус он не е 8ца треба да игра понапред, за вакви работи ќе одлета Аморим и со играњето на Шо, Далот, Мегваер, Бајандир.
Иначе Меино не изгора ништо подобро од Бруно од 5 метра подолг пас не даде прецизен. Кога и да појдеше пред противнички шеснаесетник прецизен пас не даде.
 
Финансиски причини, клубот сакаше да се ослободи од котлето. Плус детето е доведено како замена не како прв голман, да одеа на прв голман ќе го доведоа Мартинез.
Мислам дека не си у право, ако на Турчето неможе да му земе место,тогаш прашање е што сме земале,и сега има многу теории,турчето не беше крив за првиот гол,или ептен малку има, за вториот Далот и Шо се криви,за третиот турчето е крив, проблем е што ние у суштина многу голови примаме,не сме доволно добри во одбрана,не даваме голови и не креираме голови средината каква таква ни е тотално одвоена од нападот, го гледам Угарте денеска трча ко мува без глава и секаде и никаде, и го споредувам со Родри или Рајс па тоа се светлосни години,од една страна сметам дека е принуден да игра така пошто игра со Бруно кој што сите требаше да мислат дека е полесно уствари е пеколно тешко со Бруно да се игра,од друга страна мислам дека тој не ни знае да игра како двајцата погоре да игра. У суштина бордот е најкрив што не фрли 400милиони за 4,5 играча,после Аморим,па после самите играчи кои што не се доволно добри или го минале прајмот,а сеуште се некои фактор или носители на играта,кој и да го спомнете во тие нема да згрешите
 
Царе шо се караш со мене тоа е одлука на управата, исто и одлуката да не донесат везњак а да донесат две 10ки.
Иначе средината е поголем проблем од одбраната и од голманот, ако имаме средина може да се извлечеме на вакви натпревари како денес.
ПС се плачеше по Мејно како не смее да се дозволи таков играч да си оди, еве го кога и да влезе ништо не прави топките ги враќа назад и бочно. А за плата му зинало дупето нека покаже нешто за да му се покачи платата.
Не се карам друже, ова е форум и секој може да го каже своето мислење.
Секогаш сум дебатирал на ниво без да навредам некој. Секој си има свое мислење и гледиште на работите. Ако за нешто не се слагаме не значи дека се караме. Во однос на голманите и трансферите го кажав моето мислење. Некој се согласува, некој не. Во ред е тоа.
Еве нека го продадат Мајно. Нема потреба да си ја уништува кариерата овде. За него барем има кандидати и може да се извлече некоја пара. Не смета на него Аморим и тоа е тоа. Не е во ред да му се упропастува кариера.
Се плукаше по Мектоминај, се плукаше по Еланга. Сега да се може со две раце би ги прифатиле. Но тоа е тоа типично за клуб кој не знае каде тера
 
Зошто тогаш не го купија Донарума?
Нели треба да се приоритет играчи кои брзо би се прилагодиле на тимот, а не да чекаме до 2030 да се адаптира?
Донарума би коштал 400к неделно,тоа се многу пари,ама оној Мартинез требаше да го земат
 
За Ламенс ја оправдував одлуката да не брани со Сити, Челзи, да не се деси да го избушат па да му ебат матер новинари, фан база и т.н. и да го потонат уште одма, ама од денешната утакмица го очекував на гол.
 
Мислам дека го чува за со скаузерите, и да му ја расцвета кариерата со 10 примени голови на деби натпревар.
 
Донарума би коштал 400к неделно,тоа се многу пари,ама оној Мартинез требаше да го земат
На Мартинез ќе требаше 350к неделно кога видиш тука некаде.

Мислам дека не си у право, ако на Турчето неможе да му земе место,тогаш прашање е што сме земале,и сега има многу теории,турчето не беше крив за првиот гол,или ептен малку има, за вториот Далот и Шо се криви,за третиот турчето е крив, проблем е што ние у суштина многу голови примаме,не сме доволно добри во одбрана,не даваме голови и не креираме голови средината каква таква ни е тотално одвоена од нападот, го гледам Угарте денеска трча ко мува без глава и секаде и никаде, и го споредувам со Родри или Рајс па тоа се светлосни години,од една страна сметам дека е принуден да игра така пошто игра со Бруно кој што сите требаше да мислат дека е полесно уствари е пеколно тешко со Бруно да се игра,од друга страна мислам дека тој не ни знае да игра како двајцата погоре да игра. У суштина бордот е најкрив што не фрли 400милиони за 4,5 играча,после Аморим,па после самите играчи кои што не се доволно добри или го минале прајмот,а сеуште се некои фактор или носители на играта,кој и да го спомнете во тие нема да згрешите
Не те сфаќам со што не се согласуваш со фактот дека детето треба да е стартер или финансиите биле пресудни за трансферот?
 
Излага со 6 дефанзивци против умрениот Брентфорд. Господе Боже. Овој како е стигнат да биде менаџер алал вера.
 
Да беше друг менаџер што знае да се прилагоди на противникот , да смени формација сред натпревар едноставно да ја чита играта на противникот ке имавме каде каде подобри резултати од овој гнидата португалска.

Нека го менуваат додека е време инаку со него да продолжиме не се сомневам дека ке одиме во втора лига , и да одиме нема да е лошо можеби ке се решат евреите да го продадат клубот.
 
Кога клубот е во транзиција од 2013 - 2025 не верувам дека се даваат 5 години на некој да ја докаже својата фудбалска стручност, не поготово на тренер како Аморим кој верувам дека со неговата стручност може да не одвлече и до трета лига.
Се кладам дека Аморим и неговиот тим воопшто не прават никакви анализи на противникот, со какви играчи располагаат, која тактика ја имаат итн, а тоа се покажа со денешниот избор на играчи. Пример го ставаш Мегваја slow-mo играч кој од што е спор не знае да постави офсајд замка на топка која патува од голман до голман пошто се движи со 2 на саат против играч кој трча 100 метри за 10 секунди.
Мене ми остава впечаток како нашиов стратег да си игра фифа на плејстејшн, каде бира фиксни играчи и игра на карта "дај што даш" дали е Вардар или Реал Мадрид, ние сме цело време со иста стратегија и исти играчи ... се е исто.
Човеков има 7 победи во 33 натпревари каде изгуби и финале ЛЕ (поради неговата тврдоглавост) и испадна од 3-то лигаш во рандом англиски куп (поради тотално незнаење). Типов не е тој кој ќе го врати клубот во некаква нормала, едноставно нема појма што прави.
Стручноста на потенцијалниот тренер се оценува пред истиот да потпише договор.

Не верувам дека управата го зела, само од гледање негови видеа на YouTube / Twitter / TikTok...

Веројатно седнале, направиле муабет, кажале што бараат, утврдиле што Аморим нуди и кои му се визиите.
Знаеле каква игра преферира, и прифатиле!

Зошто сега, по 10 месеци, би плукале на тоа што го избрале?

Дополнително...
Нов тренер се скенира месеци пред да се доведе во клубот.
Се потпишува од 1 јуни до 1 јули!
Секакви гимнастики на средина од сезона, тешко да донесат поголем успех.

Човекот доаѓа во клубот на средина на ноември 2024.
Кога ќе ги запознава играчите и нивните способности, кога ќе креира тактики кои носат победи?
За тоа требаат минимум неколку месеци.

Пролет 2025...
Има подобра слика кој играч го бива, кој е за бркање.

Лето 2025...
Се носат нови играчи, дел од "дрвата" кои се наталожиле низ годините - ги горат.

Да не се заборават и фактори како:
- повредени фудбалери
- размазени играчи (ми се игра - не ми се игра, јас сум само за во прв тим, јас сакам повеќе плата...)
- ефикасноста на нашите фудбалери (стотици шутеви, нула голови)
- "легенди" како Шо и Дало (15-20 голови по сезона само поради нив двајца примаме)
- "стручноста" / посветеноста на сопствениците на клубот во последните 10-тина години (не се фокусирани, бркаат други бизниси по USA)
- состојбата на другите клубови (организација, стабилност)
- во Премиер Лига секој може да победи секого
- судии, итн...

Не постои совршена тактика / формација.
Но, со години гледаме дека постојат професионални (?) играчи на кои им треба 'мотивација' за да победат.

Сите кои се за бркање на Аморим...
Дали мислите дека Вие би биле подобри од него, како тренер на Јунајтед?
(Мислејќи на... секојдневните критики, кој да игра, кој каде да игра, итн...)
Ако мислите така, зошто не сте на чело на тимот, туку како мене, сте тука на Кајгана форум? :)

Работите се многу, многу поголеми и пошироки, од оние 90 минути на терен.
 
Да беше друг менаџер што знае да се прилагоди на противникот , да смени формација сред натпревар едноставно да ја чита играта на противникот ке имавме каде каде подобри резултати од овој гнидата португалска.

Нека го менуваат додека е време инаку со него да продолжиме не се сомневам дека ке одиме во втора лига , и да одиме нема да е лошо можеби ке се решат евреите да го продадат клубот.
Ќе испаднеме и од таму, верувај ми!
 
Ќе испаднеме и од таму, верувај ми!
Верувај оти верувам дека ке испаднеме и од таму и со тој истиот тим да играме во чемпионшип , исти срања ке се дешаваат. Едноставно неоди работата и мора да се помириме со тоа.
 
Стручноста на потенцијалниот тренер се оценува пред истиот да потпише договор.

Не верувам дека управата го зела, само од гледање негови видеа на YouTube / Twitter / TikTok...

Веројатно седнале, направиле муабет, кажале што бараат, утврдиле што Аморим нуди и кои му се визиите.
Знаеле каква игра преферира, и прифатиле!

Зошто сега, по 10 месеци, би плукале на тоа што го избрале?

Дополнително...
Нов тренер се скенира месеци пред да се доведе во клубот.
Се потпишува од 1 јуни до 1 јули!
Секакви гимнастики на средина од сезона, тешко да донесат поголем успех.

Човекот доаѓа во клубот на средина на ноември 2024.
Кога ќе ги запознава играчите и нивните способности, кога ќе креира тактики кои носат победи?
За тоа требаат минимум неколку месеци.

Пролет 2025...
Има подобра слика кој играч го бива, кој е за бркање.

Лето 2025...
Се носат нови играчи, дел од "дрвата" кои се наталожиле низ годините - ги горат.

Да не се заборават и фактори како:
- повредени фудбалери
- размазени играчи (ми се игра - не ми се игра, јас сум само за во прв тим, јас сакам повеќе плата...)
- ефикасноста на нашите фудбалери (стотици шутеви, нула голови)
- "легенди" како Шо и Дало (15-20 голови по сезона само поради нив двајца примаме)
- "стручноста" / посветеноста на сопствениците на клубот во последните 10-тина години (не се фокусирани, бркаат други бизниси по USA)
- состојбата на другите клубови (организација, стабилност)
- во Премиер Лига секој може да победи секого
- судии, итн...

Не постои совршена тактика / формација.
Но, со години гледаме дека постојат професионални (?) играчи на кои им треба 'мотивација' за да победат.

Сите кои се за бркање на Аморим...
Дали мислите дека Вие би биле подобри од него, како тренер на Јунајтед?
(Мислејќи на... секојдневните критики, кој да игра, кој каде да игра, итн...)
Ако мислите така, зошто не сте на чело на тимот, туку како мене, сте тука на Кајгана форум? :)

Работите се многу, многу поголеми и пошироки, од оние 90 минути на терен.
Вака звучи фантаситчно на хартија но во пракса е се спротивно од ова што го напиша.
Огромна вина (повеќе од 50 %) за срањето денеска (а и предходно) сноси Аморим, неискусен, без идеја и без никаков пристап. Ги избрка сите, донесе нови фудбалери, а играта воопшто не се промени. Маалски финти што му поминувале во Португалија не му поминуваат и против тимови во Англија.
Ако е толку јак стручњак нема да има проблем да игра против аматери од трета лига, но очигледно аматерите за во трета лига биле Манчестер Јунајтед со Аморим на чело и цела управа која упорно верува во оваа превара од тенер.
 
Абе човек ама не и по цена да испаднеме од лига
Не верувам дека ќе испаднеме од ПЛ.
Ни' требаат само 38-40 бодови.

Оставање на Аморим, носи можен добар напредок.
Континуитет (запознаеност на тренер, играчи, управа).

Бркање, значи кревање на раце од сезонава.
Губење на континуитет.
Носење нов тренер за до лето 2026.

После тоа, пак се' одново.
Нов тренер, нови играчи, нови 2 сезони за воигрување.
Значи, поголеми успеси да очекуваме за сезона 2028/2029.

Немам проблем со промени.
Само што кај нас, промените немаат така голем ефект, каков што сите посакуваме да имаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom