123 МАКЕДОНСКИ АЛБУМИ КОИ МОРА ДА ГИ ПРЕСЛУШАШ ВО ЖИВОТОТ

Член од
17 октомври 2011
Мислења
17.576
Поени од реакции
44.104
Локација
Скопје
Е па, драги мои, по околу 2 месеци гласање, договарање, преговарање и пополнување дупки, успеавме да ја комплетираме листата со најзначајните македонски албуми според членовите на форумов. Првично беше замислена како ТОП 100, но се испостави дека е премалку, па така веќе по првото гласање влегоа повеќе албуми од предвиденото, а кај љубителите на одредени жанрови почна да се појавува незадоволство, па за да не кратиме, одлучивме да ја прошириме. Да, бројката 123 е малку незаокружена, но зошто да не. Зошто мора да сме исти или слични како другите? Башка 123 е убав број, составен од првите три природни броеви, па така некако природно се постави како опција. Дополнително што, откако го завршивме гласањето, останаа уште 12 празни места за да се стигне до тој број, па јас и тројцата идејни творци и најголеми поддржувачи на процесот на избор: @Darklady , @ComfortablyNumb и @џимеј (на кои сакам особено да се заблагодарам за се), одбравме по 3 албуми секој, за кои сметавме дека се неправедно изоставни, со што листата испадна ваква каква што е.

Да не должам многу, да ги презентирам албумите. Ladies and gents, подредени според годината на издавање, ова се 123 МАКЕДОНСКИ АЛБУМИ КОИ МОРА ДА ГИ ПРЕСЛУШАШ ВО ЖИВОТОТ:

1 Васка Илиева - Дојди либе до вечер (1971, Југотон) 1971
2 Александар Сариевски - Александар Сариевски (1974, PGP RTB) 1974
3 Есма и Ансамбл Теодосиевски - Зошто си ме мајко родила (1974, Југотон) 1974
4 Васка Илиева - Васка (1974, PGP RTB) 1974
5 Ансамбл Билјана - Ансамбл Билјана (1974, Југотон) 1974
6 Никола Бадев - Билјана платно белеше (1975, Diskos) 1975
7 Кирил Манчевски - Ајде сонце зајде (1975, PGP RTB) 1975
8 Васка Илиева - Земјо Македонска (1977, Југотон) 1977
9 Леб и сол - Леб и сол 2 (1978, PGP RTB) 1978
10 Леб и Сол - Леб и Сол (1978, PGP RTB) 1978
11 Леб и сол - Ручни рад (1979, PGB RTB) 1979
12 Драган Ѓаконовски Шпато - Драган Ѓаконовски Шпато (1979, РТС) 1979
13 Александар Сариевски - Сокол пие вода на Вардарот (1980, PGP RTB) 1980
14 Леб и сол - Kalabalak (1983, Југотон) 1983
15 Бастион - Бастион (1985, PGP RTB) 1985
16 Леб и сол - Као какао (1987, Југотон-Загреб) 1987
17 Никола Бадев - Тешка беше нашата разделба (1987, Југотон) 1987
18 Ефто Пупиновски - Вишен галебе (1987, ZKP RTVL) 1987
19 Мизар - Мизар (1988, Helidon / ремастер 2003, Lithium Records) 1988
20 Женска вокална група Бапчорки - Женска вокална група Бапчорки (1988, РТС) 1988
21 Меморија - Оган под ѕвездите (1989, РТС (as of: Радио Телевизија Скопје)) 1989
22 Архангел - Архангел 1 (1991, Хаос / ремастер 2000, Lithium Records) 1991
23 Зијан – Низводно (1991, МРТ) 1991
24 Мизар - Svjat Dreams (1991, Amarcord Records / ремастер 2003, Lithium Records) 1991
25 Меморија - Октомвриски дождови (1991, РТС) 1991
26 Пепи Бафтировски - Заветна (1991, РТС) 1991
27 Александар Сариевски со Народниот оркестар на МРТ - Александар Сариевски (1991, МРТ) 1991
28 Ена Веко - Бубачки и Градски Ѕверки (1991, МРТ) 1991
29 Бис-Без – Дал да плачам ил да пејам (1992, МРТ) 1992
30 Sanatorium - На работ на разумот (1992, МРТ) 1992
31 Ареа - Случајно тука (1992, МРТ) 1992
32 Ластовица - И да умрам млад (1992, Рос Рекордс) 1992
33 Архангел - Архангел 2 (1993, МРТ) 1993
34 Лева патика - Лева патика (1993, МРТ) 1993
35 Наум Петрески - Жал за Деспина (1993, МРТ) 1993
36 Војо Стојаноски - Нема друга Македонија (1993, Сенатор Рекордс) 1993
37 Ристо Бомбата и Кучешка тенија - Има ли тесна? (1993, Tenija Music Factory / Сенатор Рекордс) 1993
38 Анастасија - Пред дождот OST (1994, PolyGram) 1994
39 Студени нозе - Нејќу колор телевизор!!! (1994, Audiolab) 1994
40 Куку Леле - Куку Леле (1994, Продукција Студио Рос) 1994
41 Гоце Николовски - Големи хитови Бисер балкански (1994, МРТ) 1994
42 Bodan Arsovski - Endless View (1995, Езгија) 1995
43 Куку Леле - Кажи ми, речи ми (1995, Продукција Студио Рос) 1995
44 Меморија - 5 (1995, МРТ) 1995
45 VA - Најдоброто од Макфест (1995, MEI Makfest) 1995
46 Чиста околина - Новиот аспект на старата школа (1996, P.N.G.T Snimki / 2000, Lithium Records) 1996
47 DD Synthesis - DD Synthesis (1996, SJF Records) 1996
48 Паркети - Грижа на совеста (1996, самостојно издание) 1996
49 Анастасија - Мелургија (1997, Libra Music) 1997
50 Архангел - Heart Core (1998, Трето уво / ремастер 2000, Lithium Records) 1998
51 Ристо Самарџиев - Таму кај што си (1998, Аудио Видео CD Студио Феникс) 1998
52 Нокаут - Нокаут (1998, МЕИ Макфест / Буба Мара Продукција) 1998
53 Анастасија - Nocturnal (1998, Трето уво) 1998
54 Калиопи - Обои ме (1999, Алпи) 1999
55 Тоше Проески - Некаде во ноќта (1999, Авалон продукција) 1999
56 Куку Леле - Постела од рози (1999, Ultimate продукција) 1999
57 Врчак - Како да побегнам од сe (1999, Авалон продукција) 1999
58 Вања Лазарова - Macedonian Traditional Love Songs (1999, Трето уво) 1999
59 Кирил Џајковски - Homebound (1999, Avant Garde Records) 1999
60 Дарио - Дарио (1999, Mister Company) 1999
61 Ареа - Врати на имагинација (2000, Авалон Продукција) 2000
62 Тоше Проески - Синот божји (2000, Авалон продукција) 2000
 
63 САФ - Сафизам (2000, Lithium Records) 2000
64 DD Synthesis – Swinging Macedonia (2000, SJF Records) 2000
65 Вања Лазарова - Ритмистика (2000, Трето уво) 2000
66 Суперхикс - Чекај Бе, Викам... Каде Бе, Малку! (2001, Lithium Records) 2001
67 К.У.Р. - К.У.Р (2001, самостојно издание) 2001
68 Каролина Гочева - Зошто сонот има крај (2001, Авалон продукција) 2001
69 Калиопи - Ако денот ми е ноќ (2001, Kaliopi Music Production) 2001
70 Игор Џамбазов - Ова не е блуз (2001, Авалон продукција) 2001
71 Dragan Dautovski Quartet – The Path Of The Sun (2001, Petar Pan) 2001
72 Кирил Џајковски - Dust (Original Motion Picture Soundtrack) (2001, Трето уво) 2001
73 Кирил Џајковски - Religion & Sex (2001, Трето уво) 2001
74 Ареа - Нешто недостасува (2002, Авалон продукција) 2002
75 Тоше Проески - Ако ме погледнеш во очи (2002, МРТ) 2002
76 Владо Јаневски - Има нешто посилно до се (2002, Авалон продукција) 2002
77 String Forces - Изохронија (2002, Profundus) 2002
78 Синтезис - Live in Skopje (2002, SJF Records) 2002
79 Кисмет - Dreaming (2002, Авалон продукција) 2002
80 Архангел - Небесна Машина (2003, Planet Press) 2003
81 Каролина Гочева - Знаеш колку вредам (2003, Авалон продукција / Сити Рекордс) 2003
82 Мизар - Кобна убавина (2004, Авалон продукција) 2004
83 Тоше Проески - Ден за нас (2004, Final Cut Production / МРТ) 2004
84 Тоше Проески - По тебе (2005, Award Entertainment) 2005
85 Каролина Гочева - Во заборав (2005, Авалон продукција / Сити рекордс) 2005
86 Фолтин - Lo-Lee-Ta-Too (2005, Ding Dong Records) 2005
87 Кирил Џајковски - Balcancan (Original Motion Picture Soundtrack) (2005, Lithium Records) 2005
88 Тоше Проески - Божилак (2006, Award Entertainment / City Records) 2006
89 Баклава - Баклава (2006, SJF Records) 2006
90 Мизар - Поглед кон Цветната Градина (2007, SJF Records) 2007
91 Тоше Проески - Игри без граници (2007, Award Entertainment / Енџел Мјузик) 2007
92 Кирил Џајковски - The Great Water (Original Motion Picture Soundtrack) (2007, Lithium Records) 2007
93 СТР2 - Не заборавај... (2008, Bootlegs Basement Lab) 2008
94 Легијата - Лош ден за империјата (2008, Suriken Records) 2008
95 Каролина Гочева - Македонско девојче 1 (2008, Авалон продукција) 2008
96 Фолтин - Ова трансплантирана машина за чукање до сега не типкала љубовно писмо (2008, Културно информативен центар) 2008
97 Гоце Арнаудов - Хитови (компилација, 2009, Мистер Компани) 2009
98 VA - Фолк фест Валандово 25 години (1985-2009) (2009, Сенатор Рекордс) 2009
99 Гарабет Тавитјан со Браќата Тавитјан и најголемите македонски пејачи - Македонското срце чука во 7/8 (2009, Paramecium Production) 2009
100 Слаткаристика - Слаткаристика Будало! (2009, Slatkaristika) 2009
101 Врчак - Седмо Небо (2009, Продукција Република) 2009
102 Митан Проект - Приказна за едно моме (2009, ПРО МУЗИКА) 2009
103 Мизар и Хармосини - Дететето и Белото Море (2010, МКЦ) 2010
104 Верка - Моторни Песни (2010, самостојно издание) 2010
105 Наум Петрески - Оди ѕвездо (2010, Award Promotion) 2010
106 Tonyo San - во Друштвото на мртвите поети (2010, 4989592 Records DK) 2010
107 Чалгија Саунд Систем - Chalgia Sound System (2010, Profundus) 2010
108 DNK - Кажано е се (2010, Продукција Република) 2010
109 Влатко Лозаноски Лозано - Лозано (2010, Продукција Република) 2010
110 Јонче Христовски - Македонски народни песни (2011, VII) 2011
111 Страјк - Кутија (2011, Bootlegs Basement Lab) 2011
112 Суперхикс - Африка (2012, MTV.RS) 2012
113 Зад Аглот - Чувај Го Вистинко (2012, самостојно издание) 2012
114 Љубојна - Brass Fantasy (2012, Бајро Закон Корпорејшн) 2012
115 DNK - Срце (2013, Password Production) 2013
116 Дуке Бојаџиев - To the Hilt (Original Motion Picture Soundtrack) (2014, GAEA Music) 2014
117 Страјк - Земен рај (2015, Bootlegs Basement Lab) 2015
118 Легијата - Легијата на Проколнатите (2016, Suriken Records) 2016
119 Каролина Гочева - Македонско девојче 2 (2016, Авалон продукција) 2016
120 Падот На Византија - Почеток и крај (2017, Ne! Records) 2017
121 Каролина Гочева - Извор (2018, Авалон продукција) 2018
122 Страјк - Низ мојот живот (2019, Bootlegs Basement Lab) 2019
123 Венко Серафимов - Songs and Singers (???, самостојно издание) ???

Сега од вас очекувам коментари како да ги преслушаме сите овие албуми заедно. Дали секоја вечер да постираме по еден во темава кој ќе треба да го слушаме сите и потоа да го коментираме? Или постои некој јунак програмер кој доброволно би направил некое сајтче слично на генераторот? Ги чекам вашите мислења.
 
Бидејќи никој не се произјасни, вака се договоривме - секој непарен ден навечер, околу 20:00 часот, јас или @Darklady по случаен избор ќе одбереме еден од албумите на листата, за кој ќе имате 48 часа да го преслушате и да го коментираме тука. Simple as that. Оценувајте ги албумите со оценки од 1 до 5 а јас ќе се обидам да ги евидентирам сите оценувања.

Првиот албум го избра Random Choice Generator:
1758995902783.png

001. Кисмет - Dreaming (2002, Авалон продукција)

1758995976253.png
Кисмет
е македонска рок група основана во 1993 од гитаристот на Мизар, Горазд Чаповски. Успешно комбинирајќи ги македонскиот фолклор и дарк-рокот, таа станала една од највлијателните групи на македонската музичка сцена. Во јануари 1993 година Горазд Чаповски го создал Кисмет, бенд што ги комбинирал новите ЕБМ/техно-елементи со постари и потрадиционални балкански звуци, притоа користејќи широк спектар на инструменти: класични (гитара, бас и тапани), традиционални (тамбура, зурла, кавал, тапани) и модерни (програмирање семплови).

Првите обиди Горазд ги направил со Гери Смит како вокал снимајќи ја песната The Fog, ново исчитување на веќе познатата Магла од опусот на Мизар. Песната, неколку години подоцна била објавена како бонус на реизданието на вториот албум на Мизар, Свајт Dreams 1762-1991. По грешка била наведена како последната песна на Мизар, а всушност е првата снимена песна на Кисмет. Bo 1994 година, Heaven in Asia се појавила и на легендарната македонска компилација, Македонски документ 1.

Покрај лидерот Горазд Чаповски на гитара и Џон Храп како главен вокал, во групата биле вклучени Пеце Казановски на тапани и Методи Кундевски на бас-гитара. Вака консолидираната постава започнала да работи од март 1994 година, подготвувајќи ги материјалите за првиот албум, Dormant Dire, кој бил снимен во јуни 1994 година во Мелбурн, со Кирил Џајковски како гостин во некои песни и со Марк Инграм како продуцент. Дизајнот на омотот го изработила сестрата на Горазд, Виолета Чаповска. Од петте снимени песни, четири се оригинални теми со музика на Горазд и со текстови на Џон, а една, Death song, е тема на Зоран Спасовски и претставува навраќање кон богатиот опус на Мизар.

Dreaming е снимен во ноември 2000 година, кога Горазд го започнал својот најамбициозен проект до тој момент, снимање нов албум на Кисмет, во студиото „Тра ла ла“ со Мите Димовски како продуцент. На албумот Dreaming кој го објавила „Авалон продукција“ во првата половина од 2002 година, свој придонос дале една плејада македонски музичари од неколку генерации, од Билјана Волческа во адаптацијата на легендарниот хит Sanjam на сараевчаните „Индекси“, до Ристо Вртев, Трајко Симоновски, Мите Димовски, како и Марта Костурска, Тања Тасевска, Горан Трајкоски и Вања Лазарова како вокали во одделни теми.

На последниот концерт на бендот, кој бил всушност и промоција на албумот, поставата ја сочинувале: Икаљ на бас-гитара, Димитар Петров на тапани, Зоран Ориѓански на тапан, Диме Игњатов на клавијатури и Билјана Волческа како главен вокал. На 22 мај 2002 година, како учесници на фестивалот „Скопје гори“, Кисмет го свиреле својот последен концерт во Скопје, а 5 месеци подоцна на 18 октомври 2002 година и последниот концерт во Штип, и воопшто, последен под името Кисмет. Набргу потоа, Горазд добил понуда за реактивирање на Мизар со што групата Кисмет згаснала.

ЛИНК ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ
 
Што знам... Некако не ми иде у било која комбинација да ги ставиш Анастасија и Пред дождот у иста листа со 80 посто од споменативе. Никако.

Можеби е премногу чистотнички ова, ама некои од споменативе стварно ич не мораш да ги преслушаш.

Студени нозе и Врчак?

не сте нормални

Арно Ристо Бомбата го немате стаено. А гарант некој, од тие што бирале сакал и тоа да влезе, али го надгласале.
 
Последно уредено:
Што знам... Некако не ми иде у било која комбинација да ги ставиш Анастасија и Пред дождот у иста листа со 80 посто од споменативе. Никако.

Можеби е премногу чистотнички ова, ама некои од споменативе стварно ич не мораш да ги преслушаш.

Студени нозе и Врчак?

не сте нормални

Арно Ристо Бомбата го немате стаено. А гарант некој, од тие што бирале сакал и тоа да влезе, али го надгласале.
Неспорно е дека можеби албумот на Анастасија - Пред Дождот е најубавиот наш албум. Ама ова е листа од најдобрите македонски албуми, изберени од членовите.
Ти учествуваше ли? Ако не, можеби и сега нема потреба да се вклучуваш во дискусијава. Оти секогаш има мрчатори за што и да се направи, а во моментов си баш тоа.
 
Неспорно е дека можеби албумот на Анастасија - Пред Дождот е најубавиот наш албум. Ама ова е листа од најдобрите македонски албуми, изберени од членовите.
Ти учествуваше ли? Ако не, можеби и сега нема потреба да се вклучуваш во дискусијава. Оти секогаш има мрчатори за што и да се направи, а во моментов си баш тоа.
Апсолутно се сложувам со тоа дека ова е мрчење (од страна на некој кој со прст не мрднал) пред трудот на некој кој нешто сработил. Можеби не е на место и веројатно си во право.

Но, тоа никако не го менува фактот дека у листа на албуми кои треба да се преслушаат некако влегле факинг Студени нозе и Врчак.
 
Но, тоа никако не го менува фактот дека у листа на албуми кои треба да се преслушаат некако влегле факинг Студени нозе и Врчак.
Така е. Но ние сме демократска држава, ова форум, и ова се резултатите. Секако дека во овие 123 албуми ќе има некои што според мене, или тебе, не треба да бидат, ама тоа е. Останува да ги преслушаме сите, па можда ќе промениме мислење за некои. Бујрум.
 
Што знам... Некако не ми иде у било која комбинација да ги ставиш Анастасија и Пред дождот у иста листа со 80 посто од споменативе. Никако.

Можеби е премногу чистотнички ова, ама некои од споменативе стварно ич не мораш да ги преслушаш.

Студени нозе и Врчак?

не сте нормални

Арно Ристо Бомбата го немате стаено. А гарант некој, од тие што бирале сакал и тоа да влезе, али го надгласале.

Апсолутно се сложувам со тоа дека ова е мрчење (од страна на некој кој со прст не мрднал) пред трудот на некој кој нешто сработил. Можеби не е на место и веројатно си во право.

Но, тоа никако не го менува фактот дека у листа на албуми кои треба да се преслушаат некако влегле факинг Студени нозе и Врчак.
Ова требаше да биде листа со најзначајното од македонската музика, па така, можеби, а и веројатно, од музички и продукциски аспект има и подобри од пола од овие албуми. Но не ни беше намерата да ги избереме најдобрите, туку најзначајните. И во листата со генераторот фалат неверојатни албуми, но ставени се, на пример - првиот shoegaze, или првиот noise rock албум, зашто смениле нешто во историјата на музиката. Така беше и со Студени нозе и Ристо Бомбата кај нас - во време кога фолкот беше доминантен, кога на единствената телевизија, МТВ, топ листите беа за фолк музика исклучиво, тие издадоа меѓу првите поп албуми и на некој начин го сменија текот на музиката кај нас. Пред некоја недела баш го преслушав интегрално Нејќу колор телевизор!!! и можам да кажам дека е неверојатен албум, и денес! Песните беа сите до една хитови, со нив растеа генерации во 3 различни децении, а сепак и денес, во четвртата, се свежи и далеку подобри од многу срања кои ни се сервираат секојдневно, како трапови, турбо-фолкови и слични чуда од север и запад. Така што, нивното место во оваа листа е и повеќе од заслужено. Јас лично не би ставил некои други имиња и некои други наслови тука, но листата беше составена од 40-тина члена на форумов, па така, го почитувам нивното мислење.

А, да, заборавив и ова: и двата албуми, и на Студени нозе и на Ристо Бомбата беа дел и од листата ТОП 100 на Тошо Филиповски која е над 90% составена од рок албуми. За истата гласале познати македонски музичари и истите сметале дека двата поп албуми мора да ги има меѓу најдобрите. А они сигурно знаат повеќе и од тебе, и од мене. ;) Така што, мрчењето ти е неосновано за тие 2 изведувачи.
 
Што знам... Некако не ми иде у било која комбинација да ги ставиш Анастасија и Пред дождот у иста листа со 80 посто од споменативе. Никако.

Можеби е премногу чистотнички ова, ама некои од споменативе стварно ич не мораш да ги преслушаш.

Студени нозе и Врчак?

не сте нормални

Арно Ристо Бомбата го немате стаено. А гарант некој, од тие што бирале сакал и тоа да влезе, али го надгласале.
Го има.
 
001. Кисмет - Dreaming (2002)

Мои омилени македонски бендови ми се Архангел и Мизар. Кисмет всушност е Мизар, без она црковното. Свеж албум, ми се допадна утринава слушајќи го на тмурното време. Не ми е прв пат да го слушам албумов, ама сега се потсетив какво прекрасно дело е.

4/5
 
001. Кисмет - Dreaming (2002)

Слушам рок уште од мали години...Ама Кисмет...???
Што би рекол самопрогласениот војвода од Авињон - М'сије Ле Глиш (Сашо Гигов Гиш) ме потсетува на нашиве бизнисмени кои пијат виски со туршија и наместо "во ред" велат "ок".
Не би слушал на англиски - македонска музика и обратно.
Ниту дизбалансирана електроника со традиционалени инструменти и обратно .

"Ѓувечот" е убав кога е создаден од природни состојки.


Еден од пет.
 
Последно уредено:
Мали сме по големина, ама располагаме со огромно музичко богатство, за кое многумина не знаат ни дека постои. Македонија поседува извонредни музички таленти, кои со својата посветеност и работа ни оставиле квалитетна музика, на која треба да бидеме посебно горди и имаме со што да се пофалиме.
Овој подвиг „123 Македонски албуми кои мораш да ги преслушаш во животот“ е само еден мал допринос на една мала група луѓе (благодарност до сите што учествуваа во составувањето на оваа листа), се со цел да се промовира повеќе македонската музика. На листава се најдоа влијателни албуми, албуми кои влијаеле на текот на музиката во одреден жарн, пионерски албуми, албуми кои донеле нешто ново кај нас, албуми кои не подлегнле на забот од времето, албуми со голем успех.
Дали можело подобро? Секако, секогаш може подобро. Ама ако веќе нешто е направено, доволно е да се даде поддршка, а не само да се мрчи и да се наоѓаат маани.
Во светот на музиката се ужива, па така се надевам дека повеќемина ќе ни се придружат на ова музичко заедничко македонско патување, запознавајќи ја македонската музика.

001. Кисмет - Dreaming (2002)

Поприлично голем фан сум на музика каде што се преплетуваат повеќе различни жанрови во едно дело. Ми се допаѓа разноликоста која е вклопена во целиов албум. Преубав склоп на традиционални звуци во комбинација со рок, пост-панк и сето тоа збогатено со современа електроника.
Ако треба да направам Топ 20 листа на најубави македонски нумери, Epitaph ќе биде на таа листа со сигурност.

5/5
 
Последно уредено:
Kismet-Dreaming субјективно и сосем непрофесионално...


1.Side by side: интрото е феноменално... и во секој момент очекував Боуви да почне да пее.. За жал, за брзо се претвори во Ник Кејв од Али Експресс... меланхолична музика, и безвеза вокал кој ваљда нема што да каже.. (ако е Вртев, не ме ни изненадува)

2.Dreaming: една од најубавите песни на сите времиња=Сањам од Индекси.. целосно упропастена! Зошто побогу?!? Тоа арпеџо да се упропасти со електроника е смртен грев! (фан сум на Индекси, и се згрозив од преработкава)!

3.Juda Iskariotski: нешто бука безвеза... електро-поп реденка..

4.Izvor: повторно интро што обеќава.. ама иде црковно пеење, и солажа која баш и не е лоша... инаку текстов е- Извор угоре небо x50 гланг-гланг-гланг..

5.Epitaph: тежок mood е песнава.. ама искрено ме бендиса.. ваљда најсаглам песна на цел албум..

6.Slaga se Slnce da zajde: свака част за Вања, ама тежок пасс ми е песнава.. се најдобро за тој што сака ваква музика..

7.I need your love: прекраснотија од песна после другиве! Девојчето што пее ме воодушеви!

8.Raven: повторно Ник Кејв од Али Експресс... едвај ја дослушав. Едино што ми беше интересно, е што има еден мотив внатре кој ми е познат од некаде.. (можеби Мизар, можеби нешто странско), ама ете не можам да се сетам од каде.

9.Galactic eye: пак девојчето, и пак ме живна... т.е. само рефренот! Останатото од песната е саб-пар.

10.Sonce: некое безвезе outro колку да пополни минутажа и да биде крај.. на нешто што нема почеток :confused:

Првпат пишувам ривју на албум, па и не сум сигурен како иде ова...
Во основа албумов е карма каша од инструменти, правци и гости! Се гледа од авион дека Горан Трајковски бил мозокот во Мизар!
На ова дело од Горазд Чаповски му фали кохерентност, намера, правец...
Има добри песни, ама mood-от од една до друга е земја-ваздух.
3/5 со замижување на едно око.

П.С. рецензијава е пишувана сабајле додека натенане го преслушував, а форумов беше паднат.
 
001. Кисмет - Dreaming (2002)

Сањам од Индекси ми е една од најомилените песни од Ex Yu. Се дур не дојде рефренот на истата кој го расипува цел впечаток. Е па Dreaming на Кисмет е Сањам без глупиот рефрен и со малце додадена електроника, и затоа ја обожавам песната. Своевремено, кога излезе албумот, истата доби и голема mainstream популарност, па така спотот се вртеше на сите можни телевизии во тоа време. На албумот ова не е мое прво преслушување, на времето кога излезе бев голем фан и го преслушував одново и одново, па така (скоро) сите песни ми се многу добро познати (освен последните 2, Galactic Eye и Сонце, за кои имав впечаток дека не сум ги слушал претходно). На времето најголем фаворит ми беше Raven, таа песна ја убивав од вртење! Инаку, @PticaSelica , во право си, познато ти е од некаде, ама не е само мотивот, туку целата песна е уште една преработка на истоимената песна од Stranglers. Сега, по толку години, некако истата не ми го направи толку меракот како некои други: секако нанадминатите Epitaph и Dreaming, но и I Need Your Love, Јуда Искариотски и ненадминливата Вања Лазарова со третата преработка на албумов, Слага се с'лнце да зајде.

Инаку, @placeb , не знам дали знаеш, но Кисмет беше Melbourne-based бенд, што значи и австралиски бенд. Иако core-членовите: Чаповски, Волчевска, Зоран Ориѓански, Стојановски и Петров се македонски иселеници во Австралија, голем дел од соработниците, продуцентите и студијата во кои работеле, па и дел од вокалите кои го позајмуваат гласот во некои од постарите изданија, се австралиски. Иако Dreaming е снимен кај нас, првенствено е објавен во Австралија, со една бонус трака која ја нема на изданието кое подоцна го објавува Авалон. Муабетот ми е: од таму миксот со нешто што не звучи наше.

За мене Dreaming е дефинитивно еден од најзначајните македонски албуми. Алката која недостасува на синџирот Мизар. Токму затоа ова беше еден од моите 3 албуми кои ги додадов на листата после гласањето. И е албум кој бил, е, и веројатно секогаш ќе ми остане блиску до срцето. Прекрасна комбинација на darkwave, етно и електроника. Навистина неверојатен албум и од мене една чиста ко солза 5/5.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom