003. Пепи Бафтировски - Заветна (1991, РТС)
Пепи беше еден од ретките пејачи на народна музика чиј глас од секогаш ме наежувал само што ќе почне да пее. Многу карактеристичен вокал и типично македонско традиционално пеење со кое се надоврзува на Сариевски, Бадев, Манчевски... Сегашните пејачи мислат дека звучи поубаво ако лупнат некој трилер на крај на фраза, по примерот на Србите и особено Босанците, но македонската музика не е таква, кај овие пејачи не може да се најде никаков трилер, а украсите се минимални. Пепи звучи не како да пее, туку како да ја гали песната. Како таа да е од најскап порцелан кој и најмала осцилација може да го уништи, па тој со гласот ја пази, ја чува, ја негува...
„Заветна“ ја убија последниве години ставајќи ја во контексти кои не и личат. Ама песната е маестрална! Барбаровски фамилија се едни од најненадминатите автори на народна музика во државава, ќе видите и понатаму кога ќе имаме и други народни албуми - најдобрите песни и најголемите хитови се нивните. Текстот е приказна за себе. Не морници, солзи вади од очи суви ко пустина!
Може да те одречат,
други да те предадат,
можат сешто да измислат.
Само ти си бесмртна,
жива вода подземна,
кај што тонеш ти извираш.

Но, реално, на албумов освен Заветна, Ако згрешам нека изгорам и Само една песна, другите песни се просечни. Сите познати, ама не прават да залупа срцето посилно. Yes да не можеш да очекуваш на било кој албум сите песни да се добри, ама сепак впечатокот ми е дека тука има повеќе филери од хитови. Затоа од мене, исто 4/5.
Пепи беше омилен пејач на мајка ми. Сега пловат двајцата високо некаде на небесата. Слава им.
P.S. ОК, ајде, ќе пробам на три дена да ставам нови албуми, па ќе видиме кај ќе не одведе.

...и јас песна по песна слушав додека не го најдов целиот на еден линк.

Баш ми е жал што и ова полека се претвора во мои монолози. А имаше потенцијал да биде масовно. Сепак за Македонија се работи, за нашата песна. Кога јас со две деца, работа и 300 други обврски успевам секој ден да ислушам по 2 албума, плус уште еден од тука, од македонските на секои 2-3 дена, мислам дека секој може да најде време за еден, македонски, на секои 72 часа. Ама тоа е што е. Ќе ја изгурам до крај оваа тема, со надеж дека нешто ќе се промени, иако сум скептичен.