Вчера акаунт направен пред 2 минути постави прашање каква клима да купи. Веднаш доби одговор од едниот продавач на форумов.
Денес акаунт направен пред 2 минути постави прашање каква клима да купи. Веднаш доби одговор од другиот продавач на форумов...
Дечки провидни сте бе.
Дури не си ни упаѓате еден на друг во пазарот. Honor among thieves
Здраво на сите,
Ми треба помош околу избор на клими за спрат од куќа 90м2 без изолација со нова дограма.
Планирам да купам две единици:
1. Каналска 24000BTU, за 50м2 отворен простор (севро-исток страна)
2. Мулти сплит со 3 единици, 2 ѕидни и 1 касетна (југо-запад страна). Ѕидните планирам да бидат 2.5kw за 12м2 соба, 3.5kw за 16 м2 соба и касетната за у купатило 7м2-2.5kw.
Од она што пребарав гледам дека нема голем избор на каналски кај нас или може би грешам?
Колкава јачина на мулту сплит ми треба 24000 BTU или појака. Дали јалината на внатрешните за мулту сплитот е соодветна?
Препорака од каде да се купат и за изведба на каналот ако знаете би помогнало. Благодарам
Ти дечко каша попара напрај со каналски, зидни, подни, касетни... и што ли не. Ќе си ставал пет клими во 90м2, 7ца, две 3.5ки, две 2.5ки... шо напрај бе чоек.
Таа 7ца каналска или таванска или англискиот збор ducted. Овие другите што имаат внатрешна која издувава дирекно во просторијата а не во канали се викаат duct-less.
Значи да се вратиме на ducted која издувава во канали, американски систем на греење. Таа треба да се скрие во спуштен таван заедно со лимените канали. Може да бидат округли или четвртасти и да одат во сите соби. И да има решетки од каде ќе дува во секоја соба и сето тоа да се скрие со гипс картон. Потоа има бежичен контролер на кој има термостат и таму избираш греење, ладење, температура... Го поставуваш пример во ходник, и добиваш централно греење
Таква една ти треба за 90м2.
Тоа кај нас ретко се користи. Можда за комерцијална употреба