Браво Чкембари, одлично издание, само напред. Мој совет е паметно да го искористите моментумот и тоа што Рк Пелистер игра ЛШ, а и победува сега и целата таа бројка на нови луѓе на трибина и симпатизери да ја искористите да се подобрите во сегментите каде што имате многу простор за напредок, како што се константна бројка на фудбал (истите тие луѓе од ракомет да ги пренасочите и на фудбал преку блок карти, едукација итн), подобри кореографии, поиновативни знамиња, пароли, коцки, графити итн. Слично нешто со ракомет и Вардар се случуваше во 2013-14 и некако не сум на став дека квантитетот се искористи да се подобри квалитетот тогаш, па после 5 години Комити беа во најлоши изданија и требаше доста работа да се вратат работите во нормала. Сега е далеку поажурно и покреативно членството иако во помал број, споредбено со тогаш, каде што бројката беше рекордна и често троцифрен број навивачи не можеа да влезат во салата на ЛШ натпревари. Користете максимум од ситуацијата и нека има здраво ривалство, уште многу битки јуначки не чекаат за Македонија.